ИТАЛИЈАНСКИ СЛАДОЛЕД - Канал 5

ИТАЛИЈАНСКИ СЛАДОЛЕД

Рецепт на  Елица Манојловска

ИТАЛИЈАНСКИ СЛАДОЛЕД

Потребни состојки: 1,5 л. вода, 850 гр. шеќер, 900 гр. јагоди, 900 гр. боровинки, 120 гр. креманте и 40-50 мл. сок од лимон.

Постапка:

Во подлабок сад се става: шеќер, вода, јагоди, креманте и сок од лимон,

Сите состојки треба добро да се измешаат со блендер.

Потоа состојките се матат со машина за матење околу 10-тина минути.

Истата постапка со истите количини се повторува и со боровинките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го прослави 80. роденден со ултимејт фајт борби пред Белата куќа

Американскиот претседател Трамп ги прослави својот 80-ти роденден со екстравагантен ултимејт фајт настан на јужниот тревник на Белата куќа, за што беше кренат кафез висок 28 метри.

Трамп го прослави 80. роденден со ултимејт фајт борби пред Белата куќа

Трамп и илјадници други посетители гледаа како американскиот борач Џастин Гетје го победува шпанско-грузискиот предизвикувач Илја Топурија, освојувајќи ја титулата во лесна категорија.

Околу 4.300 луѓе имаше на самиот настан, а се очекуваше уште 85.000 да го следат од фан-зона во соседниот парк.

На настанот настапија вкупно 14 борачи, но само Гетје и Топурија се бореа за титула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие зад Украина и Молдавија за да го сокрие сопствениот неуспех

Христијан Мицкоски денес се обиде да се скрие зад Украина и Молдавија и да ја обвини македонската опозиција дека работи против сопствената држава.

СДСМ: Мицкоски ја напаѓа СДСМ и се крие зад Украина и Молдавија за да го сокрие сопствениот неуспех

Тоа не е само безобразно, туку и крајно лицемерно.

Прво, Мицкоски не сака Македонија да влезе во Европската унија. Тој свесно ја држи земјата во изолација затоа што знае дека вистинскиот европски пат значи крај за неговата криминална структура која ја презеде контролата врз државата.

Додека Украина и Молдавија напредуваат кон Европа, тој Македонија ја држи назад за да се заштити себеси и своите луѓе.

Второ, наместо да ги спроведе реформите што самиот ги вети и кои требаше да бидат завршени до 1 јуни, Мицкоски нема никакви резултати. Затоа сега ја напаѓа опозицијата - за да го прикрие сопствениот неуспех и отсуството на каков било план за европскиот пат.

Трето, споредбата со Украина и Молдавија е срамна. Владите во тие земји не работат за Александар Вучиќ, не го блокираат сопствениот европски пат заради интересите на криминални структури и руски влијанија.

Тие не соработуваат со Виктор Орбан, не земаат кинески кредити преку трети држави и не испраќаат членови на владата да преговараат за интереси на Кина, додека нивните земји се членки на НАТО.

Македонската опозиција не работи против државата. Опозицијата работи против политика која Македонија ја држи надвор од Европа, која ја штити корупцијата и која личните и партиските интереси ги става над националните.

Мицкоски нема што да покаже од резултати на европскиот пат. Затоа користи секоја прилика да ја напаѓа проевропската опозиција и да го дели општеството.

Тоа е неговиот стил - стил на човек кој наместо да гради, се обидува да уништи се што не може да го контролира.

Неговите споредби со Украина и Молдавија се само евтин и неуспешен обид да го прикрие сопствениот страв од Европската унија и сопствениот политички неуспех.

Соопштение за јавност - реакција на изјавата на Мицкоски

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 загинати при уривање на авион со падобранци во Мисури

Авион со патници кои планирале да изведат скокови со падобран, се урна во американската држава мисури, при што загинаа сите 12 лица во леталото, соопштија властите во сојузната држава.

12 загинати при уривање на авион со падобранци во Мисури

Во трагедијата загинале пилотот и 11 падобранци. Според соопштението на сообраќајната патрола на Мисури, авионот се урнал во близина на аеродромот „Батлер Меморијал“, непосредно по полетувањето. Полициски службеници на терен вршат истрага за несреќата..

Батлер е мал град со околу 4.300 жители, сместен на приближно 105 километри јужно од канзас сити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер