Италијанската полиција со хеликоптер ги ,,лови” избеганите од карантин (ВИДЕО)

И покрај карантинот и постојаните препораки да останат дома, некои Италијанци од Салерно утрово се прошетаа на плажа, но беа изненадени од карабиниерите во хеликоптер.

Хеликоптер се спушти над плажата и ги растера тројцата млади мажи што седеа на карпите. Видеото објавено од Кориере дела Сера предизвика бројни реакции.

„Сигурно морало д се користи хеликоптер за да избрка тројца дебили дома. Нема надеж за оваа земја“, е само еден од коментарите.

притисни ентер