Италијанка подготвува специјалитет од маслинки , додека и оперираат тумор на мозокот (ВИДЕО)

Хирурзите обично ги замолуваат пациентите да свират виолина или гитара за време на операцијата на мозокот, но 60-годишната Италијанка чисти маслинки за време на сложената процедура, од кои што подоцна се подготвува италијански специјалитет.

Операцијата, изведена од неврохирурзи во болницата во Анкона, траела два и пол часа. Пациентката цело време била будна, по што успешно и го отстраниле туморот на левата страна на мозокот, пишува италијанската агенција Анса.

„Овој метод ни овозможува да ја следиме состојбата на пациентот и функцијата на мозокот и помага постепено да ја зголемуваме активноста за време на операцијата“, објасни Др. Роберто Трињани кој водеше тим од 11 специјалисти - неврохирурзи, невроанестезиолози, психолози, неврофизиолози и медицински сестри кои учествуваа во операцијата.

Тој рече дека тоа е „буден“ метод за време на кој пациентот се одржува буден и го прави она што тој го бира.

Активноста што пациентот што ја прави во текот на постапката е избрана во зависност од делот на мозокот што се оперира, како и врз основа на индивидуалните навики на пациентот.

Тимот на д-р Трињани во последните пет години извршил околу шеесет слични операции.

Продолжува потрагата по исчезнати по разорните поплави во Авганистан

Продолжуваат напорите за пребарување и спасување на исчезнатите лица по големите поплави што го погодија северен Авганистан во петокот, изјавија денеска претставници на локалните власти за ДПА.

Некои области првично беа тешко достапни поради уништените патишта.

Агенциите на ОН и авганистанското Министерство за бегалци соопштија дека загинале најмалку 315 луѓе. Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека речиси 9.000 домови биле уништени или оштетени.

Екстремните временски настани како поплави и суши се во пораст во Авганистан. Експертите за ова ја обвинуваат климатската криза.

По децении војни и конфликти, земјата е лошо подготвена да се справи со последиците од климатските промени.

Земјата сè уште закрепнува од повеќекратните земјотреси претходно оваа година и големите поплави во март. /МИА

Шпанецот Ираола останува тренер на Борнмут

Премиерлигашот Борнмут објави денеска дека го продолжи договорот со тренерот Андони Ираола до лето 2026 година.

Ираола седна на клупата на Борнмут тимот минатото лето. За тоа време, клубот под негово водство одигра 43 натпревари, запишувајќи 17 победи, девет нерешени и 17 порази.

На едно коло до крајот на премиерлигашката сезона, Борнмут е на 11. место.

Ираола е еден од стратези во Премиер лигата кои се во конкуренција за наградата најдобар тренер на сезоната./МИА

Димовски: Личната самоидентификација не може да биде загрозена ниту кај политичарите

„Нема сомнеж дека на новата претседателка и на новата влада приоритети ќе им биде членството во ЕУ“

Малку сум разочаран што истите критичари на Сиљановска ги немаше никаде да критикуваат кога истиот Преспански договор се прекршуваше од Грција, со знаци, протоколи, општеството непотребно се оптеретува. Нема сомнеж дека на новата претседателка и на новата влада приоритети ќе им биде членството во ЕУ и тоа беше еден од трите начелни столбови кои што беа договорени минатиот викенд помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди како столб за новата влада. Личната самоидентификација не може да биде загрозена ниту кај политичарите, имаме право да се изразуваме кои сме и што сме, без разлика какви штетни договори сме наследиле од минатото, рече Илија ДИмовски во Само Вистина.

притисни ентер