Италијанка , наместо да оди во затвор , две години се криела како калуѓерка во манастири - Канал 5

Италијанка , наместо да оди во затвор , две години се криела како калуѓерка во манастири

Италијанка две години се криела од издржување затворска казна  , преправејќи се дека е калуѓерка. Таа се криела во манастир во северна Италија.

Италијанка , наместо да оди во затвор , две години се криела како калуѓерка во манастири

47-годишната жена била осудена на две години затвор во отсуство од судот во Сицилија. За неа била распишана потерница, но таа избегала од островот, успешно криејќи се во северна Италија. Таму нашла засолниште во манастирот во Пиемонт, каде се преправала дека е монахиња која бара засолниште.

Инспекторите кои ги испрашувале измамените калуѓерки, изјавиле дека таа се преправала дека е „калуѓерка која бара помош затоа што е сериозно болна“.

Италијанската полиција соопшти дека се преместувала од манастир во манастир и дека постојано го менувала својот идентитет. Во еден манастир, каде што престојувала неколку дена, се претставила како внука на монахиња од нивните редови. Некои други калуѓерки рекле дека таа само дошла во нивниот манастир и не откривала детали за себе. Во друг манастир рекле дека се преправала дека е главната калуѓерка од друг манастир.

Но, минатата недела, нејзиното бегство дојде до крај, откако една калуѓерка во манастирот во Галарат се посомневала во неа и повикала полиција. Калуѓерката изјавила дека и било сомнително што измамничката неколку пати менувал верзии за својата приказна.

Кога полицијата пристигнала во манастирот и ја зела жената на сослушување, сфатиле дека станува збор за избеганата од Сицилија.

Инаку, во Италија, каде што околу 80 проценти од населението се изјаснува како католичко, не е невообичаено криминалците да ги користат верските институции за да избегаат од властите.

Така, во 2013 година, 61-годишен дилер од Калабрија носел свештеничка мантија додека испорачувал кокаин со автомобил од Франција. Еден од лидерите на сицилијанската мафија, Тоти Рина, со години се облекувал како свештеник кога одел на тајни состаноци со другите членови на оваа криминална организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.

Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки

Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката.

Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер