Италијанците почнаа да објавуваат преговори меѓу судиите и ВАР

 Италијанската фудбалска федерација, Здружението на италијански судии и компанијата ДАЗН се договорија за проект за развој на тамошниот  фудбал. Конкретно договорена е програма „Отворен ВАР“ посветена на судењето.

Првата емисија се случи на 24 септември. Во неа, менаџерот на судиите во Серија А и Б, познатиот судија Џанлука Роки, ги анализираше натпреварите од 4. коло на италијанското првенство, кои се одиграа од 16 до 18 септември. На ТВ гледачите детално им беше прикажана работата на судиите и нивните видео асистенти, им беше дадена можност да ги слушаат нивните преговори, а Роки сето тоа го коментираше и објаснуваше.

Италијанските судиски ваквиот начин на комуницирање со јавноста го нарекуваат „историски момент“ и се надеваат дека проблемите со судењето ќе им станат појасни на навивачите, а процесот на одлучување за време на натпреварот може да биде потранспарентен.

Планирано е емисијата „Отворен ВАР“ да се емитува редовно по секое коло.

Стоилковиќ: Во Министерството за односи меѓу заедниците недостасувале 40.000 евра

Заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ вечерва изјави дека никогаш не бил направен попис во министерството со кое сега тој раководи. 

Како што рече, во касата на Министерството (претходно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците) од каде се земале пари за да се патува во странство, не бил направен попис и недостасувале 40.000 евра.

- Сите проблеми што се детектирани се документирани и предадени на Финансиска полиција, Министерството за внатрешни работи и на Јавното обвинителство. Понатаму не е моја работа, одговори тој на прашање во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“.

Тој рече дека за 100 дена го „скоцкал Министерството“ и сега сите вработени „доаѓаат на работа, за разлика од претходно, каде што никој не доаѓаше на работа“.

Стоилковиќ рече дека задача на Обвинителството е да го гони криминалот, а негова, сѐ што нашол да приложи со докази.

Со поранешното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците раководеше Артан Груби од ДУИ, кој истовремено беше и прв вицепремиер во Владата.

Нова истрага во случајот со Лиам Пејн: Се трага по неговиот „Ролекс“, кој исчезнал по смртта

Пејачот Лијам Пејн почина во Буенос Аирес на 16 октомври откако падна од балконот на третиот кат од хотелот во кој престојуваше, а полицијата сѐ уште ги истражува деталите околу мистериозната смрт на пејачот.

Таткото на пејачот, Џеф, добил зелено светло да ги пренесе посмртните останки на неговиот наследник во Лондон на 7 ноември, откако биле извршени токсиколошките тестови, и додека семејството го организира неговиот погреб - аргентинската полиција сè уште трага по неговиот исчезнат „Ролекс“ од 30.000 фунти за кој поединци се сомневаат и дека е украден.

Според снимките од безбедносните камери, пејачот го носел непосредно пред смртта.

Надлежниот истражител, пак, не успеал да ги „прочешла“ домовите на тројцата осомничени во случајот со починатиот пејач минатата недела во чие друштво Лиам ги поминал последните часови, забележува локалниот „Ла Насион“.

Хотелот во кој престојувал Пејн затоа повторно ќе биде прегледан, поточно апартманот на пејачот, во случај часовникот „ да бил само пропуштен“ и да не бил украден.

Бебе починало во автомобил -таткото го заборавил и отишол да работи, потоа го барал во градинка

Едногодишно бебе починало на Флорида откако било оставено во автомобил со температури до 37 Целзиусови степени.

Полицијата го пронашла детето неподвижно во задниот дел од автомобилот, а веруваат дека таму го поминало цел ден.

Таткото на детето имал поинаква рутина тоа утро. Морал да го носи детето во градинка, но наутро, пред тоа, закажал во канцеларија.

По средбата, наместо да го однесе синот во градинка, си заминал дома и од станот ја започнал својата нормална работа.

Околу 17:00 часот таткото отишол во градинка да си го земе детето, но таму му било кажано дека никогаш не го донел. Тогаш сфатил што направил, пишува Daily Mail.

Болничарите неуспешно се обиделе да го оживеат детето, но кај едногодишното дете била констатирана смрт на местото на настанот.

„За само десет минути во возило со затворени врати, може да се загрее за 20 степени“, рече главниот службеник за спасување, Линдзи Џуда.

Во тек е обдукција, а додека полицијата соопшти дека истрагата е во тек, не е покренато обвинение.

Според извештајот на Kids and Car Safety, Флорида е втора по Тексас по бројот на смртни случаи на деца во автомобили.

притисни ентер