Италија побарува милиони воена отштета од Германија за извршен масакр од нацистите

Апелациониот суд во градот Аквила, во италијанската област Абруцо, денеска пресуди дека Германија мора да плати отштета од четири милиони евра на 30 роднини на жртвите од масакрот во градот Пјетранзиери во Втората светска војна.

Во 2017 година, судот донесе одлука со која на Германија ѝ наложи да плати отштета од милион и 600 илјади евра на општината Рокарасо, на која ѝ припаѓа градот Пјентрансиери, пишува Анса.

Во ноември 1943 година, нацистички војници масакрирале 128 невооружени италијански цивили во блиската шума Лимарија под сомнение дека ги поддржуваат партизаните.

Меѓу убиените цивили имало 60 жени, 34 деца помлади од 10 години, како и неколку постари лица.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче уште го штитат Груби

СДС се соучесници на Груби и ДУИ и креатори на деструктивните политики, криминалот и корупцијата во Македонија.

Тоа што СДС и Филипче молчат и не се извинуваат за криминалот на Груби значи дека знаеле, го одобрувале и се соучесници во осиромашувањето на македонските граѓани.

На СДС наместо државните интереси на прво место им беше интересот да останат на власт затоа дозволија Груби да краде.

СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата.

Филипче не се оттргна од менторот Заев и е продолжение на погубните политики за државата како во минатото така и денес.

СДС е партија заробена во минатото, со иста политичка матрица во континуитет Заев, Ковачевски, а сега и Филипче.

Во СДС ништо не е сменето тоа истата партија која ја поткопува македонската државност со деструктивните политики, која го уништи системот, а народот го осиромаши.

Се додека СДС и Филипче не се извинат на граѓаните за криминалот на Груби не можат да бидат сериозна и конструктивна опозиција која има политичка одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Новата криптовалута на Трамп расте во цената, неколку часа пред почетокот на неговиот мандат

Новата криптовалута на Трамп расте во цената, неколку часа пред почетокот на неговиот нов мандат.

Криптовалутата, објавена од Доналд Трамп на крајот на минатата недела, денеска ја зголеми својата цена за 73 отсто на 46,06 долари и пазарна капитализација од над 9 милијарди долари.

Позната како $TRUMP, таа достигна пазарна капитализација од 9,2 милијарди долари.

Трамп го најави лансирањето на новата криптовалута, чиј токен го носи неговиот лик од времето на неуспешниот обид за атентат врз него во јули минатата година.

Дури и играчите на пазарот на криптовалути беа изненадени од лансирањето на токенот, јавија американските медиуми.

Трамп вети дека ќе биде „криптопретседател“ и се очекува да издаде извршни наредби насочени кон намалување на регулаторните пречки и промовирање на широко усвојување на дигитални средства. Изгледите за олеснување на регулативата во секторот беше дочекана со ентузијазам од индустријата и го поттикна брзиот пораст на цените на биткоинот по изборната победа на Трамп во ноември.

По новоизбраниот американски претседател, неговата сопруга Меланија исто така објави свое меме за криптовалута. Токенот на идната прва дама се вика $MELANIA.

Перез реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година

Флорентино Перез е реизбран за претседател на Реал Мадрид до 2029 година, официјално соопштија од клубот. 77-годишниот бизнисмен беше единствениот кандидат за функцијата.

Во соопштението на актуелниот шпански и европски шампион се вели: „Со само една кандидатура објавена од страна на избирачкиот одбор и во согласност со член 40, дел Ф, точка 2 од сегашниот статут на клубот, Флорентино Перез е прогласен за претседател на Реал Мадрид“.

Перез ќе го започне својот петти последователен мандат на чело на гигантот од Ла Лига и вкупно седми. Тој беше претседател во периодот 2000-2006 година, а во 2009 година го започна вториот мандат.

Кралскиот клуб објави и нов одбор на директори.

притисни ентер