Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
СветИталија: Не се подготвуваат тајни договори со Иран за Ормутскиот ТеснецИталијанската влада денеска го демантираше медиумскиот извештај во кој се тврди дека Рим и Париз преговараат со Иран за безбеден премин на нивните бродови низ Ормутскиот Теснец.Извори блиски до кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони изјавија дека немало „билатерални преговори или директни разговори со Иран за да се осигура премин на италијанските бродови низ Ормутскиот Теснец“. Извори во италијанското Министерство за надворешни работи исто така соопштија дека нема никаков таен договор во подготовка. „Во своите дипломатски контакти, италијанските лидери имаат за цел да промовираат услови за општа воена деескалација“, изјавија тие. „Сепак, нема тајни преговори насочени единствено кон заштита на одредени трговски бродови на сметка на други“. Елисејската палата првично не одговори на барањето за коментар на извештајот, пренесе ДПА. „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на „извори запознаени со напорите“, претходно јави дека двете земји иницирале преговори со Техеран за да обезбедат безбеден премин на нивните бродови низ теснецот, во обид да го обноват извозот на нафта и гас без да го продлабочат конфликтот. Ормускиот Теснец, кој е широк околу 55 километри, се наоѓа помеѓу Иран и Оман и се смета за една од најважните поморски рути за глобалниот извоз на нафта. Речиси ниту еден брод во моментов не може да го помине теснецот поради заканата од ирански ракети и беспилотни летала. Трговската пловидба таму е речиси целосно запрена од почетокот на последните судири на 28 февруари. Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаОпштина Карпош: Нови клупи и корпи за отпадоци на кејот на ВардарНа барање на Општина Карпош, Град Скопје деновиве постави клупи и корпи за отпадоци долж пешачката патека на кејот на реката Вардар, во делот на локалната самоуправа, на потегот од хотелот „Александар Палас“ до „Железниот мост“, во населбата Влае.Со оваа акција, се подигнува степенот на квалитетот и квантитетот на урбаната опрема и урбаната инфраструктура на територијата на локалната самоуправа, во една од најзначајните и најфрекфентните рекреативни зони во градот. Оваа иницијатива претставува пример за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Општина Карпош и Град Скопје, кои до сега соработувале во повеќе ситуации. Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, на совесно и одговорно однесување и чување на урбаната опрема и урбаните реквизити, како наше заедничко урбано и јавно добро. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Македонија губи првачиња – младите се иселуваат а Владата увезува „економски работници“Оваа 2026 година е најлошата година за македонското образование од независноста до денеска. Поразителни се бројките: 3.000 помалку првачиња, 148 празни училишта, 433 паралелки помалку, се затвораат 26 подрачни училишта. Никогаш сликата на почетокот на учебната година не била потажна. Дебалк на криминалните политики на Мицкоски. Македонија губи првачиња, училиштата се празнат, паралелките исчезнуваат, ја губиме иднината. Поради лошата економска состојба, иселувањето, блолкирањето на европскиот пат, Македонија губи млади, губи работна сила. Изолацијата којашто Владата на Мицкоски ја спроведува ги брка младите. А што прваат Мицкоски и Јаневска? Им зборуваат за спалните соби, ги обвинуваат граѓаните и увезуваат „економски работници“. Или како што вели Мицкоски во едно негово интервју, „Празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји“ Значи тоа е политиката на Мицкоски, македонските работници да ги заменат економски работници од трети земји. Тоа денеска на сите им е јасно. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛажно видео се шири на социјалните мрежи: Се злоупотребува ликот на спикерот на Канал 5На социјалните мрежи се појави манипулирано видео генерирано со вештачка интелигенција во кое се злоупотребува ликот и гласот на познатиот спикер на Канал 5 Телевизија, Борислав Тноковски.Во лажното видео, дигитално изменетата верзија на новинарот наведува дека претставува „револуционерен производ“ и методологија за брзо и лесно слабеење. Во видеото е злоупотребен и идентитет на малолетно девојче. Станува збор за класична интернет-измама чија цел е да ги доведе граѓаните во заблуда, искористувајќи го медиумскиот авторитет и препознатливоста на познатото ТВ-лице за финансиска корист и продажба на непроверени производи. Апелираме до граѓаните да бидат исклучително внимателни и да не наседнуваат на вакви дезинформации.Тагови: измама Канал 5 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter