Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци
2Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци
СветЕскалира во Ормутскиот теснец, горат бродови за транспорт на нафтаОрмутскиот теснец стана клучна жаришна точка во војната, со нагло зголемување на нападите врз бродови на виталната бродска рута.Најмалку пет брода беа погодени од ракети, вклучувајќи два танкери за нафта што превезуваат ирачка нафта, што предизвика затворање на ирачките нафтени пристаништа. Иран ефикасно воведе блокада на превозот низ теснецот, низ кој минува околу една петтина од светскиот извоз на нафта. Центарот за поморски трговски операции на Велика Британија, кој работи под британската војска, регистрираше вкупно 16 напади врз бродови од почетокот на војната, не вклучувајќи го овој последен инцидент. Под кои знамиња пловеа досега погодените бродови? Погодените бродови пловеа под следниве знамиња: • Маршалски Острови, четири брода • Малта, два брода • Соединетите Американски Држави, еден брод • Панама, еден брод • Палауа, еден брод • Бахами, еден брод • Тајланд, еден брод • Гибралтар, еден брод • Јапонија, еден брод Денеска се уништени два брода Денес веќе се регистрирани два нови напади. Рано утрово, ракета погоди контејнерски брод покрај брегот на Дубаи. Германската бродска компанија „Хапаг-Лојд“ исто така објави дека еден од нејзините контејнерски бродови бил погоден од фрагменти од ракети во близина на Ормутскиот теснец.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
СветАмерика силно го нападна Иран, следуваше жестока одговорАмерика ноќва изврши силни напади врз Иран по нападот на неколку танкери во Ормутскиот теснец. Иран тврди дека утрово возвратил со напади врз американски воени цели во регионот.Американските воздушни напади врз Иран од синоќа беа „четири или пет пати“ поинтензивни од претходните американски одговори на иранските прекршувања на меморандумот за разбирање, изјави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, цитирајќи американски функционер. Според неговиот извештај, целите на нападите вклучувале локации за воздушна одбрана, ракети земја-воздух, системи за крајбрежен надзор, места за лансирање беспилотни летала, пристанишни објекти и лансери на крстосувачки ракети против бродови. Footage of US airstrikes hitting Iran’s Bandar Abbas tonight: pic.twitter.com/ycUezpWhCH — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 7, 2026 Иран утрово одговори на ноќешниот напд. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГГ) објави дека нападнала 85 американски воени цели во Бахреин и Кувајт. Како што се наведува во соопштението, нападот бил изведен како одговор на она што го нарекоа „кршење на примирјето“, до кое дошло откако Соединетите Држави извршиле серија воздушни напади во јужниот дел на Иран. Претходно беше јавено дека во Бахреин и Кувајт се огласиле сирени за предупредување од ракетни напади, додека иранската војска упатила официјално предупредување дека подготвува „разорен одговор“ на американските напади.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноциМинистерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на АлијансатаМинистерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe). За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествуваше на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус беа иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствуваа високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија беше испратена пораката: „Нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија!“ Учеството на овој форум е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменската, воена индустрија. На првиот работен ден, се одржа и церемонија за прием на три сојузнички земји – Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe) – стратешки значајна иницијатива за воспоставување на интегриран систем за летачка обука во Европа. Преку NTFE се создава ефикасен, координиран и стандардизиран долгорочен систем за обука на пилоти, техничари и воздухопловен персонал согласно НАТО стандардите и потребите. Нашата земја е дел од основачите на оваа иницијатива. Во текот на вчерашниот ден Мисајловски учествуваше на приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер каде имаше и свое обраќање пред присутните. Тој во оваа прилика ја истакна одличната соработка која ја имаат нашите две земји, дека се пример за градење одлични билатерални односи и му упати честитки на министерот Ѓулер за новиот објект на Министерството за национална одбрана на Република Турција. Активностите продолжија во претседателскиот комплекс во Анкара каде Мисајловски учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана на кој учествуваа и министрите за одбрана на земјите партнери од Индо-пацифичкиот регион. За време на овој настан со своите колеги министерот Мисајловски информираше за инвестициите од македонскиот буџет во развојот на одбраната на земјата и процесот на модернизација на Армијата, со што се јакне борбената готовност на македонската Армија, а се зацврстува и колективната безбедност на НАТО. Тој додаде дека издвојувањата кои македонската влада ги прави во поглед на одбраната, а кои ги вклучува и инвестициите поврзани со одбраната и заштитата на националната безбедност, како што е заштитата на критичната инфраструктура и изградбата на двата суштински коридори надминуваат 4% од предвидените 5% кои е потребно да се достигнат во наредните 10 години. Мисајловски нагласи дека со сите досегашни договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и партнерите меѓу кои и преку Европскиот мировен фонд дополнително се влијае на зајакнување на капацитетите при извршување на задачите во мировните мисии и операции. Во тој контекст министерот Мисајловски нагласи дека од особено значење е двете мисии на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина АЛТЕА и НАТО мисијата КФОР да продолжат и да бидат гарант за стабилноста на овој регион.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
МакедонијаМарта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот МицкоскиЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, попладнево ќе престојува во посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне и ќе одржи прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.Во пресрет на посетата, таа порача дека доаѓа во Скопјe за да охрабри прогрес во преговорите за пристапување..Тагови: Марта Кос Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43