Италија ќе потроши милијарда евра за субвенции за автомобили - Канал 5

Италија ќе потроши милијарда евра за субвенции за автомобили

Италија оваа година ќе обезбеди 950 милиони евра стимулации за граѓаните да купуваат почисти автомобили со цел да го заживее производството во автомобилскиот сектор преку поддршка на побарувачката.

Италија ќе потроши милијарда евра за субвенции за автомобили

Рим ќе обезбеди до 13.750 евра субвенции за граѓаните со најниски примања за да им помогне да купат ново, целосно електрично возило по цена до 35.000 евра без ДДВ, соопшти денеска Министерството за индустрија.

Истата приходна група ќе има право на стимулација до 10.000 евра за нов plug-in хибрид кој чини до 45.000 евра.

Владата ќе даде стимулации и за набавка на најсовремени возила со мотори со внатрешно согорување, но тие ќе бидат помали.

Досега граѓаните за набавка на електрични возила можеа да сметаат само на најмногу 5.000 евра.

Стимулациите се дел од програмата за помош на автомобилската индустрија што ја објави Владата во 2022 година. Вкупната вредност на мерките е осум милијарди евра.

Објавувањето на новите стимулации се совпадна со судирот на владата со автомобилскиот гигант Stellantis, сопственик на Fiat.

Премиерката Џорџија Мелони минатата недела рече дека Стелантис, производителот на Фиат кој работи и во Франција и во Америка, понекогаш правел деловни потези штетни за националните интереси на Италија.

Извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес, одговори дека стимулациите на Италија за развој на електрични возила се пониски од оние во другите големи европски земји, а таквата политика го кочи производството.

Од минатото лето, Рим и Стелантис преговараат за долгорочен план за промена на трендот. Целта е да се зголеми производството на Stellantis во Италија на еден милион возила. Лани произвеле околу 750.000.

Министерот за индустрија Адолфо Урсо рече дека Stellantis се обврзал да го зголеми производството на еден милион возила. Тоа би значело дека ќе се врати на нивото од 2017 година.

Италија би можела да се натпреварува со француската влада со преземање на удел во Stellantis, изјави денеска министерот.

„Ако извршниот директор Таварес тврди дека Италија треба да го следи примерот на Франција, која го зголеми сопственичкиот удел во Stellantis, можам да го кажам тоа. Можеме да разговараме за тоа“, рече Урсо.

Додека беше во опозиција, Урсо го повика државниот заемодавач Cassa Depositi e Prestiti (CDP) да купи удел во Stellantis.

Во јуни минатата година, претседателот на Stellantis, Џон Елкан, рече дека неговата компанија не треба да ја додава италијанската држава на своите акционери.

Компанијата изрази задоволство од новите стимулации.

„Производството е тесно поврзано со побарувачката на пазарот и ако сакаме да исполниме одредени цели, мора да се грижиме и за потрошувачите и за производителите“, рече шефот за корпоративни работи на Stellantis Италија, Дејвид Меле на состанокот со владини претставници и синдикатите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет

Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

Јанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет

Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата.

Екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите согласно временските услови и потребите.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца

Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.

Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца

Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE.

„Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез.

Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година.

Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места.

Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот.

Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти.

Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови.

За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање.

Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори.

Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер