Италија ги повика САД да им дадат плати на вработените во нивните воени бази - Канал 5

Италија ги повика САД да им дадат плати на вработените во нивните воени бази

Локалниот персонал во некои американски воени бази во Италија не е платен поради блокирањето на американската влада.

Италија ги повика САД да им дадат плати на вработените во нивните воени бази

Локалниот персонал во некои американски воени бази во Италија не е платен поради блокирањето на американската влада додека Рим преговара со американските власти за решавање на проблемот, соопшти денеска италијанското Министерство за надворешни работи.

Околу 2.000 невоени италијански вработени, претежно во воздухопловната база Авијано и воената база Виченца на североистокот од земјата, не ги добиле своите плати за октомври, иако се вработени според италијански договори за работа, се вели во соопштението.

Италијанските работници во базите на американската морнарица во земјата ги добија своите плати на време бидејќи Морнарицата применува различни правила.

Затворањето во САД влијае и на работниците во Италија

Поради рекордно долгото затворање на американската влада, милиони вработени во федералните институции во САД останаа без плата. Клучните програми за помош во храна беа исто така суспендирани, а воздушниот сообраќај беше нарушен.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ги повика Вашингтон и американската амбасада во Рим да дејствуваат брзо, без оглед на тоа кога ќе заврши застојот.

Рим бара итно решение со Пентагон

„Италијанското Министерство за надворешни работи поднесе барање до амбасадата на САД во Рим, во кое се потврдува дека американската армија и воздухопловните сили на САД ја проверуваат со Пентагон можноста за користење на сопствени средства за исплата на плати на италијанските вработени“, се вели во соопштението на министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%

Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%.

Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%

Македонската економија расте забрзано.

Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти.

Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал.

Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој македонската економија предолго се движеше со недоволно темпо.

Во првиот квартал од 2024 година растот изнесуваше само 1,6 проценти. Денес, две години подоцна, зборуваме за раст од 4,3 проценти.

Тоа е сериозна промена во економската динамика, и тука би сакала да објаснам нешто многу едноставно.

Не е важно само колкав е растот. Важно е од каде доаѓа растот.

А бројките покажуваат дека денешниот раст има широка основа.

Инвестициите во вториот квартал реално растат за 16,5 проценти.

Извозот на стоки и услуги е зголемен за 10,4 проценти.

Градежништвото бележи раст од дури 21,9 проценти.

Раст има и во преработувачката индустрија, во трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.

Тоа значи повеќе економска активност, повеќе работа за компаниите и поголем простор за нови инвестиции и нови работни места.

И има уште еден многу важен податок.

Додека економскиот раст забрзува, инфлацијата се намалува и таа денес е 2,3%.

Почитувани граѓани,

Ние работиме за тоа економскиот раст да се почувствува во семејниот буџет, во платите, во новите работни места, во компаниите и во животниот стандард на граѓаните.

Но за да стигнеме таму, економијата прво мора да расте, а денес таа расте и забрзува.

Затоа ќе продолжиме со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување.

Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти.

Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи.

И наша обврска е тој раст да го претвориме во подобар животен стандард за македонските граѓани, рече Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

Деловен авион, во кој веројатно се наоѓаа претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигна во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на воздухопловните власти.

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија.

Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испратил специјални претставници за да преговараат за решение во Украина.

Тој рече дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.

ТАСС, исто така, објави дека двајцата претставници треба да го посетат и Киев.

Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари, кога разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер