Истрефи ги повика стружани да го поддржат во вториот изборен круг

Идри Истрефи ги повика стружани од сите политички партии и етнички заедници да го поддржат во вториот изборен круг.

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од Алијанса за албанците и Алтернатива, Идри Истрефи вечерва преку видео обраќање ги повика сите стружани да го поддржат во вториот круг од локалните избори на 31 октомври, со заокружување на бројот 6 на гласачкото ливче.

– Дојде време да го повикам секој граѓанин на Струга за глас и посветеност, со или без партиска припадност од Алијанса на албанците и Алтернатива, од Беса и ДПА, од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Либералите и Левица, припадници од сите етнички и верски заедници, од сите идеолошки определби и од било која група, рече Истрефи.

Ова, нагласи, не е негова лична битка, туку, како што подвлече, голема битка на стружани против една корумпирана власт.

– Струга им припаѓа на стружани и на секој граѓанин од целиот свет што ќе ја посети. Струга нема сопственик. Ова е нашата голема коалиција, коалицијата за Струга, истакнува Истрефи. /МИА

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

притисни ентер