Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом - Канал 5

Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

Нов научен труд од Универзитетот на Токио посочува дека седата коса може да послужи како вграден одбранбен механизам на телото против меланом - најсмртоносниот облик на рак на кожата, објавува „Далас експрес“ (Dallas Express).

Истражување: Седата коса е природна заштита против меланом

Истражувачите, имено, откриле дека матичните клетки одговорни за пигментацијата на косата имаат критична улога по оштетувањето на ДНК - можат или да созреат во клетки што произведуваат пигмент, коешто на крајот го намалува нивниот број и доведува до сиви влакна, или да останат на место и потенцијално да станат канцерогени. Трудот, предводен од јапонската професорка Еми Нишимура и вонредниот професор Јасуаки Мори, покажува дека исходот зависи од видот на оштетување и хемиските сигнали од околното ткиво.

Кога меланоцитните матични клетки кај глувците биле подложени на сериозно геномско оштетување, како што се двојни прекини на ДНК, тие предизвикале заштитен одговор наречен диференцијација поврзана со стареење, преку патеката п53-п21. Оштетените матични клетки престанале да се обновуваат, се диференцирале во пигментни клетки и на крајот исчезнале. Така се јавила седоста, но и се елиминирала опасноста од рак.

- Истата појава и движење на матични клетки може да следи спротивни патеки - намалување или зголемување, во зависност од видот на стрес и сигналите од микросредината, вели Нишимура.

Наодите, објавени во неодамнешното издание на научното списание „Нејчр“ (Nature), ја претставуваат седата коса како активен механизам против ракот, а не само како деградација. Научниците предупредуваат дека врската не е директно причинска. Самата боја на косата не го одредува ризикот од рак, туку „одлуката на телото да ги жртвува“ пигментните матични клетки го намалува бројот на клетки што би можеле да станат малигни.

Тимот од Токио вели дека резултатите на крајот би можеле да доведат до терапии што безбедно го забавуваат видливото стареење на кожата и косата или ја подобруваат превенцијата од меланом со прецизно регулирање на одговорите на матичните клетки на оштетувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите

На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци.

Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност.

Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци.

Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер