Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
2Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“
1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
ЖивотИстражување: Океаните никогаш не биле потопли во историјата на мерењето – тоа не е добро Светските океани зовреа, а нивните температури продолжуваат да растат. Минатата година беа регистрирани највисоките температури на океаните во историјата на мерењата, што е шеста година по ред како се соборува овој рекорд.Научниците велат дека главната причина за тоа е глобалното затоплување, односно климатските промени. – Температурите на океаните немилосрдно растат на глобално ниво, што е примарен показател за климатските промени предизвикани од човековата активност, изјави климатологот Кевин Тренберт од Националниот центар за атмосферски истражувања во Колорадо. Потоплите води на океаните влијаат на создавање посилни бури, урагани и екстремни врнежи, а тоа го зголемува ризикот од тешки поплави. Загреаната океанска вода се шири кон север и на југ, уништувајќи ги ледените плочи на Гренланд и Антарктикот, што пак влијае на порастот на нивото на морињата. Океаните апсорбираат околу една третина од јаглерод диоксидот создаден од човековите активности, што доведува до нивно закиселување. Овој процес ги уништува коралните гребени – кои се дом на четвртина од светскиот морски свет и извор на храна за повеќе од 500 милиони луѓе, пишува Гардијан. Како што светот се загрева поради согорувањето на фосилните горива, уништувањето на шумите и другите активности, океаните го преземаат најголемиот дел од дополнителната топлина. Океаните апсорбирале повеќе од 90 проценти од топлината произведена во последните 50 години, привремено заштитувајќи ја копнената флора и фауна од екстремно високи температури. Количината на топлина што ја апсорбираат океаните е огромна. Минатата година, горните 2.000 метри од океанот, каде што се случува најголем дел од затоплувањето, апсорбирале 14 зетаџули топлина повеќе од 2020 година. За споредба, годишната потрошувачка на енергија во светот е приближно 0,5 зетаџули. Односно, количината на дополнителна енергија во океаните оваа година била 145 пати поголема од вкупното светско производство на електрична енергија. Долготрајното затоплување на океаните е најизразено во Атлантскиот и Јужниот Океан, иако треба да се напомене дека минатата година рекордно високи температури биле регистрирани и во Средоземното Море. – Сè додека не достигнеме нето нулта емисии на стакленички гасови, океаните ќе продолжат да се загреваат. Ќе продолжиме да уриваме температурни рекорди, истакна климатологот Мајкл Ман од Универзитетот Пен Стејт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДесет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12