Истражување: Научници од Велика Британија ја открија тајната за мирисот на египетските мумии - Канал 5

Истражување: Научници од Велика Британија ја открија тајната за мирисот на египетските мумии

 Тим научници од Универзитетот во Бристол, развил нова, неинвазивна метода за анализа на мирисот на древни египетски мумии. Со тоа, тие успеале да откријат хемиски траги од процесот на балзамирање без да ги оштетат вредните примероци.

Истражување: Научници од Велика Британија ја открија тајната за мирисот на египетските мумии

„За разлика од старите методи, кои вклучувале сечење делови од завоите за хемиска анализа, истражувачите сега ги испитувале испарувањата на органските соединенија (VOC) во воздухот, околу мумиите“, пренесе научниот портал Сајенс Аларт (Science Alert).

Научниците анализирале 35 примероци од 19 мумии, од периодот 2000 п.н.е. до 295 н.е., од музеи во Европа и Велика Британија. По направените испитувања, увиделе дека биле користени зачини и ароматични смоли - не само за прикривање непријатни мириси, туку и за заштита на телата од штетници и микроорганизми. Тие користеле методи на гасна хроматографија и спектрометрија беа идентификувани масти, восоци, растителни смоли и битумен. Резултатите покажале дека рецептурите се менувале низ вековите: едноставни мешавини во раните периоди, а подоцна поскапи состојки како масла од бор, смрека и кедар. Тие нагласуваат дека оваа минимално инвазивна метода овозможува брзо и безбедно утврдување на староста на мумиите, без да се наруши интегритетот на археолошките примероци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

Илјадници наши сограѓани треба да добијат можност да решат едно од најважните животни прашања: сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства. 

ВЛЕН: Се залагаме за сигурно работно место и стабилна иднина за своите семејства

За тоа се залагаме со предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, во чие поднесување учествуваат и пратениците на ВЛЕН.

Премногу долго, луѓето работеа со привремени договори и постојана неизвесност. Секојдневно ги извршуваа своите задачи, придонесуваа за работата на институциите, а нивниот статус остануваше нерешен. Зад секој таков договор стои семејство кое сака да знае дали може сигурно да го планира следниот месец, следната година и иднината на своите деца.

Тоа е историски наследен проблем. Наша обврска е да работиме на неговото решавање, наместо да го оставаме на следната генерација политичари.

Затоа го поднесовме предложеното решение за премин во работен однос на неопределено време на лицата што ги исполнуваат законските услови во опфатените јавни институции. Предлогот опфаќа различни форми на ангажман: договори на определено време, договори на дело, авторски договори, ангажмани преку агенции и други договори за извршување работа.

По влегувањето на законот во сила, институциите ќе имаат рок од 90 дена да ги склучат договорите или да ги донесат решенијата за вработување.

Предвидена е и заштита од раскинување на договорите во текот на постапката, освен при повреда на договорните обврски. Целта е луѓето да не останат без сигурност додека се спроведува трансформацијата.

Работното место не е партиска услуга. Платата не е награда за послушност. Никој не смее преку егзистенцијата на едно семејство да ја контролира слободата на човекот. Во минатото партиите си поигруваа со оваа категорија на луѓе, ние од ВЛЕН нема да ја продолжиме таа нечовечка пракса.

Никој не смее да зависи од волјата на партиите. Треба да важат законот, условите за работа и еднаквиот третман.

Како што работевме на решавањето на статусот на вработените во здравствените институции, продолжуваме да работиме и на другите наследени проблеми. Нашата заложба не завршува со поднесување документ. Ќе работиме за усвојување на предлогот и за негово доследно спроведување.

Ги повикуваме пратениците да го разгледаат одговорно и конструктивно. За прашање што ја засега сигурноста на илјадници семејства, потребни се јасни решенија и одговорност кон луѓето.

Политиката на ВЛЕН решава проблеми. Нејзиниот успех треба да се почувствува во сигурноста на семејствата, достоинството на работниците и слободата на секој граѓанин, рече Зекирја Таири од ВЛЕН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот

Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра.

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашање за предизвиците со енергетската криза истакна дека имаме најниски горива во регионот токму затоа што Владата воведе мерки и интервенираше, а во однос на цената на електричната енергија посочи дека забрзо ќе се демантираат манипулациите на опозицијата, затоа што за време на оваа Влада цената не е покачена, додека во минатата цената на електричната енергија беше покачена за 35 проценти.

„Поврзано со предизвиците во енергетиката, цените на енергенсите и споредбата со земјите во регионот, ако денеска направиме пресек и анализа, тогаш ќе дојдеме до следниве бројки. Кај нас дизел еден литар гориво е 99 денари, следниот позади нас во регионот е Хрватска со 116 денари или отприлика 17% повисока цена, потоа е БиХ со 119 денари, отприлика за 20% повисока цена, исто толку е Словенија, потоа е Црна Гора со 122 денари односно тоа е отприлика 23% повисока цена, потоа е Србија со 124 денари, околу 25%, па потоа доаѓа Грција со 129 денари или 30% и конечно најскапа во регионот е Албанија со 145 денари по литар, тоа е отприлика 46% повеќе отколку тоа што чини литар дизел кај нас. Кај безоловниот 95 октани кај нас е 91 денар, следна е Хрватска со 104 или 14%, потоа е Словенија со 106 или 16%, па потоа е БиХ исто така со 106 денари, потоа е Србија со 109 или 20%, потоа доаѓа Црна Гора со 113 денари или 24%, па Албанија со 117 денари или 29% и конечно најскапа е Грција со 131 денар или 44% поскапо литар гориво безоловен 95 октани од тоа што е кај нас“, појасни премиерот Мицкоски.

Во однос на темата која некои ја наметнуваат во врска со тоа колку гориво може да се купи со платата во Германија, а колку во Македонија, премиерот Мицкоски вели дека суштинското прашање е дали пред почетокот на кризата со просечна плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија, и како што појасни разликата е два пати.

„Велат добро, ајде да видиме колку литри ќе купиме со нашата просечна плата ако ја споредиме платата во Германија и цената на литар. Тоа не е вистинското прашање, тоа е политичко манипулативно прашање. А кое е вистинското прашање? Дали пред почетокот на кризата со просечната плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија? Еве анализата покажува дека денес со просечната плата во Македонија купуваме повеќе литри дизел, отколку пред да почне енергетската криза споредено со Германија. Тоа е суштината. Дали тогаш со просечната плата во Германија купувале 100 литри, а сме купувале со просечната плата во Македонија во тој период 20 литри, сега во Германија се купува 80 литри, а во Македонија купуваме 30 литри. Тоа е суштината и начинот на кој треба да го поставуваме вистинското прашање. Разликата е два пати. Зошто? Затоа што оваа влада интервенираше пред сè во акцизите и во делот на ДДВ, односно за дизел горивата сега е намален од 18% на 10%, а во оној прв бран од крајот на февруари, таму некаде до крајот на мај, почеток на јуни и за безоловниот 95 октански“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека токму затоа и се прави вториот ребаланс на Буџетот, затоа што откако дојде вториот бран на кризата, и откако се имплементираа новите мерки треба да се направи подесување визави реалната состојба во државата.

„Тоа не го направија другите земји во регионот, затоа не прават ребаланс. И ние можевме да оставиме ДДВ од 18%, да не ги намалиме акцизите, сè да си остане исто, тогаш немаше да бидат 99 денари за дизел и 91 денар за 95 октански безоловен, туку дизелот ќе беше над 110 денари како што е во најголемиот дел од земјите во регионот, а безоловниот ќе беше исто така околу 110 денари. Тогаш ќе немаше потреба од ребаланс, ќе имавме суфицит во буџетот, бидејќи ќе ги соберевме парите од граѓаните. Ќе ве вратам во 2022 година, тогаш не се направија мерките навремено и тогаш имавме литар гориво кој беше повеќе од 2 евра и дизел и безоловен 95 октански. Тоа е разликата и затоа ние денеска мораме да направиме ребаланс, токму поради овие мерки кои оваа влада ги донесе. Тоа имплицира во буџетот отприлика недостаток во вредност од горе-доле околу 5 до 6 милијарди денари, тоа е околу стотина милиони евра. Тоа е разликата помеѓу таа влада тогаш и оваа влада денес“, изјави премиерот Мицкоски.

Во врска со цената на електричната енергија премиерот Мицкоски потенцира дека опозицијата ги плаши граѓаните, но забрзо ќе дојде 1 јануари и ќе се стави крај на шпекулациите.

„За електричната енергија бидејќи ги слушам ќе поскапувала, не знам колку, дупло ќе се зголемела, ги плашат граѓаните, еве ќе дојде 1 јануари, и ќе видиме дали цената на електричната енергија ќе поскапи. Така велеа кога беше 2024, па 2025 еве истото го зборат 2026 година и еве досега цената на електричната енергија не се зголеми. Ајде да видиме во минатото да зборуваме периодот 2018-2023 година, 35% е зголемена, кога ќе земете во целост со воведување на блоковите 35%, а сега 2024-2026 година, нула, во услови кога ја имаме најголемата енергетска криза која човештвото ја памети. Тоа е разликата. Ќе дојде декември, ќе излезе Регулаторна комисија со свое толкување и ќе дадат одговор на оваа невистинита шпекулативна комуникација која ја има опозицијата. Тоа што наследивме од минатото е товар за кој треба време да се реши, но дали е подобро, е многу подобро, дали ќе биде подобро, да, ќе биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една година

Една година не работи апартот за мамагорафија во поликлиниката Букурешт. Пациентките реагираат дека ги слушаат сите совети за редовни прегледи, но истите им останува да ги направат во приватни ординации.

Мамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една година

Од здружението „Хема Онко“ објаснуваат дека бројот на радиолози кои читаат снимки е мал и треба страгетија на самиот медицнски факултет за специјализации за радиолози, бројот на функционални апарати е низок, но систем каде ќе бидат ставени сите снимки на пациентка се уште не функционира.

Канал 5 го бараше првиот човек на здравствен дом Самир Исени, под чија надлежност е поликлиниката Букурешт, но не доби одговор зошто една година не работи апаратот.

Министерот за здравство Клековски ќе провери зошто мамографот не работи.

На Клиниката за онкологија засега ја има потребната терапија, она што нема како лек е астрезол во аптеките. Проблем е производството на лекот и истиот треба да е достапен по 7 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер