3 За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државата
БалканИстражување: Косово сакаат да го напуштат 76 проценти од младите Илјадници луѓе сакаат да го напуштат Косово, а доколку продолжи сегашниот тренд на поднесување барања за визи до западните амбасади, особено во Германија, до крајот на годината третина од населението би можело да одлучи да го напушти.Ова го тврдат приштинските и белградските медиуми. Според последното достапно истражување, 76 отсто од младите на возраст од 16 до 25 години и 53 отсто од оние на возраст меѓу 26 и 60 години сакаат да го напуштат Косово. „Судејќи според овие бројки, само владата би можела да остане во Косово во догледна иднина“, иронично изјавил косовски новинар. Речиси 200.000 барања за визи се поднесени до германската амбасада во Приштина во последните четири месеци, иако дипломатската мисија издава нешто повеќе од 5.000 визи годишно. Од декември 2021 година, „11 отсто од населението на Косово“ бара германска виза, објавија албанските медиуми со седиште во Приштина, додавајќи дека до крајот на март германската амбасада примила 199.783 барања за виза. Во март биле поднесени 48.044 барања, додека во февруари биле за околу 2.000 помалку, но германската амбасада нуди само од 500 до 800 термини месечно, за вкупно околу 5.500 визи годишно, пишуваат медиумите. Германските власти воведоа привилегии за работниците од Балканот пред неколку години, со што за косовските Албанци станаа целна дестинација, според српскиот јавен сервис (РТС). Амбасадите на другите западни земји во Приштина добиваат значително помалку барања, како што илустрираат приштинските медиуми, при што 8.737 косовски граѓани аплицирале за швајцарска виза од ноември 2021 до јануари 2022 година. Во Приштина посочуваат дека интензитетот на аплицирање за визи во германската амбасада е постојано голем и доколку трендот продолжи, за само една година третина од жителите би можеле да „стојат во ред“ пред амбасадите за да го напуштат Косово. Социолозите предупредуваат дека овие податоци се „вознемирувачки“, а како главни фактори ги гледаат економските причини и желбата за образование. Косово има население од околу 1,8 милиони жители и е една од најнеразвиените економии на Балканот. Од прогласувањето независност од Србија во 2008 година, властите во Приштина се определија за евроатлантска интеграција, со САД како нивен најголем сојузник, но Европската унија сè уште не ја одобри визната либерализација на Косово како еден од постепените чекори на европскиот пат. Поранешниот косовски амбасадор во Франција, Цендрим Гаши, вели дека процесот на визна либерализација за косовските граѓани „заостанал поради политизацијата на процесот“. Претходно Гаши за приштинскиот портал Телеграфи изјавил дека „Франција е една од земјите што се уште се двоуми околу визната либерализација“ за Косово. „Во Франција преовладува идејата дека ако вратите на Шенген се отворат за граѓаните на Косово, ќе има масовна миграција и големи барања за азил“, рече Гаши.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаВетувале сигурна добивка, измамиле стотици - битолчанка и Естонец „заработија“ кривичниУплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. „Уплатете 500 евра на оваа страница и ќе добиете 1.000“. Со вакви или слични пораки, споделени во група на социјална мрежа со неколку стотици членови, како што е „Вибер“, 56-годишна битолчанка и 38-годишник од Естонија ги убедувале граѓаните да инвестираат во криптовалути, ветувајќи им високи и сигурни добивки. Ама наместо заработка, во рок од пет месеци, од декември лани до април годинава, стотици граѓани останале без вложените пари. Откако ги добивале уплатите, измамниците ги префрлале во криптовалути. Следејќи го трагoт на овие трансакции, полицијата успеала да дојде до сопственикот на т.н криптопаричник за сега да има докази и да поднесе кривични пријави за „измама“ од член 247 од Кривичниот законик против битолчанката и Естонецот. -Со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број на граѓани од целата држава да вложуваат финансиски сретства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета. До секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР доставени се пет пријави од оштетени граѓани кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената во измамата оштетени се стотина граѓани од државата, но повеќето не го пријавиле случајот. - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Во текот на истрагата која траела со месеци биле вклучени странски институции, а делото е докажано со форензичка анализа на уредите, како што се комјутери и мобилни тетефони на 56 годишната Македонка, појасуваат од МВР. Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира до граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамници нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаПродолжи судењето за „Државна лотарија“За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија.За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав кога постапката беше во одмината фаза и при носењето на истата не гласавме - вака денеска пред судот сведочеше Андреј Крстевски, вработен во Државна Лотарија, кој се појави како сведок на обвинителството во случајот со злоупотреби во државна лотарија од речиси 10 милиони евра. Крстевски кој сега работи во кабинетот на актуелниот директор на Лотарија, а порано бил член и во управниот и надзорниот одбор, рече дека вработените не добиле детално објаснување зошто е неопходна набавката на ВЛТ апарати. -За одлуката за набавка на ВЛТ апарати дознав непосредно пред крај на постапката од лица кои беа членови во комисиите кои треба да ги спроведат постапките. Сметам дека требаше да добиеме подетално објаснување за оваа набавка. Тие никогаш не неа ставени во функција и сега се наоѓаат во некој наш магацин,- - сведок Андреј Крстевски. Според одбраната пак, иако сведокот рече дека не гласал за планот за набавка на ВЛТ апаратите, дал исказ со кој потврдил дека ВЛТ апаратите биле дел од финансискиот план на претпријатието и со тоа потврдил дека бил свесен за нивната неопходност уште од почетокот на постапката. Токму набавката на ВЛТ апарати е предмет на обвинение во случајот во кој првообвинет е ексдиректорот Перпарим Бајрами, а обвинителен предлог има и против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште 6 лица. Следното рочиште е закажано за 6 ноември кога ќе се испитуваат последните сведоци на обвинителството, а кога се очекува да се појави и актуелниот директор на Лотарија Александар Климовски. По ова се очекува пред судот да бидат испрашувани сведоци на одбраната, а Груби веќе најави дека меѓу повиканите сведоци на одбраната ќе бидат сите поранешни членови на претходната влада на СДСМ и ДУИ, меѓу кои и поранешниот премиер Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија За „Санте Плус “судот им ги одзеде пасошите на деветмината осомничени, а Ден Дончев не е во државатаДеветмината осомничени во аферата со ФЗО и очната клиника „Санте Плус“, добија мерки на претпазливост. Кривичниот суд го прифати предлогот на ОЈО ГОКК, па на осомничените им се одземени пасошите и ќе мора редовно да се јавуваат во судот. доцна синоќа бил уапсен и сопственикот на „Санте Плус“, турскиот бизнисмен Билал Кара, кој се товари за кривичното дело – перење пари. -Полициски службеници, по наредба на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, го лишија од слобода Б.К. за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Кара им е добро познат на органите за прогон и во регионот, а Албанија од лани го бара и со потерница поради сомнежи за неколку кривични дела. Меѓу нив се непријавување на приходи од еден милион евра преку клиниката„International Medicare“, поранешна „Санте Плус“, како и за користење на лекови со истечен рок и нелегално внесени медицински препарати. И во „Санте Плус“ во Приштина според тамошните медиуми, биле утврдени сериозни законски прекршувања, болницата работела две години без лиценца, а имало случаи каде на пациенти наместо ботокс им се вбризгувала вода. Очната болница во Скопје, која според пријавата оштетила помеѓу 3000 и четири пациенти со тоа што наплаќала за операции и од фондот и од пациентите денеска работи под полна пареа. Екипата на Канал 5 побара одговори од менаџментот но досега не добивме. Приватната болница вчера била затворена, но денеска функционира вообичаено, внатре холот е полн со пациенти кои вршат прегледи и закажуваат операции на очите Со спорниот договор помегуи фондот и Санте Плус буџетот бил оштетен 1,7 милиони евра, а приватната болница се стекнала со противправна корист од речиси 4,5 милиони евра. Договорот е потпишан кога со фондот раководел Ден Дончев кој според извори на Канал 5, не е во земјава .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06