Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот
1Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот
3ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИ
ЖивотИстражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето Неодамнешните напори да се охрабрат луѓето да јадат инсекти се осудени на пропаст поради преголемото јавно незадоволство од идејата Неодамнешните напори да се охрабрат луѓето да јадат инсекти се осудени на пропаст поради преголемото јавно незадоволство од идејата, што го чини малку веројатно тоа дека инсектите ќе им помогнат на луѓето да се откажат од еколошки деструктивната навика за јадење месо. Тоа го потврдуваат и новите научни испитувања. Написот е објавен во списанието „Нејчр“ за одржливо земјоделство ('Nature npj Sustainable Agriculture'). Одгледувањето и јадењето инсекти последниве години се поттикнува како поодржлива опција наместо навиката на јадење месо, поради огромното влијание на масовното сточарство врз животната средина. Тоа, имено, е водечки двигател и на уништувањето на шумите, повеќе од половина од глобалното загадување на водата и може да предизвика над една третина од сите испуштања на дозволени стакленички гасови. Тоа се гледа, всушност, како мерка за светот да избегне катастрофални климатски промени, се вели во истражувањето. И покрај ова, и онака многу „бледите“ потфати за одгледување и јадење инсекти, како што се штурци, скакулци и мравки, е малку веројатно да дадат резултат, бидејќи луѓето, особено во западните земји, сè уште се спротивставуваат на нивното јадење. Имено, јавните испитувања во САД и Европа покажуваат дека додека 91 насто од испитаниците би биле подготвени да пробаат „алтернативно месо“ на растителна основа, но само околу 20 отсто би размислиле за јадење инсекти. Покрај културниот фактор на „гадење“, трудот вели дека постојат и економски бариери, при што повеќето компании, со исклучок на неколку нови компании за протеински производи, избираат да се насочаат на одгледување инсекти, и тоа пред сѐ - за исхрана на животни, а дури потоа за луѓето. „Со оглед на овие предизвици, тешко е да се види како храната заснована на инсекти би можела значајно да ги замени традиционалните опции за месо“, се вели во трудот. Дополнително, и покрај тоа што многу луѓе изразуваат желба да јадат одржливо одгледувана храна, релативно малкумина во западните земји го прифаќаат вегетаријанството и веганизмот. Во меѓувреме, се очекува глобалната потрошувачка на месо да се зголеми наредните десетлетија, поради растечката побарувачка од новозбогатените земји - како Кина, што ќе предизвика дополнителен притисок врз копното, водните патишта и климата. - Имаме ограничени ресурси и треба да ги насочиме на најперспективните алтернативи. Се покажува дека одгледуваните инсекти постојано имаат најнизок резултат од сите замени за месо, а вистинскиот пазар за нив е неверојатно мал, дури и на места каде што има традиција на јадење инсекти, рече Дастин Крамет, соавтор на трудот. Крамет, кој е и извршен директор на Институтот за инсекти при Универзитетот на Вашингтон - Такома во САД, смета дека иако има напори да се стават инсекти во производи како што се грицки и леб, тие не се преработуваат во производи коишто вистински би ја истиснале потрошувачката на месо. - Сите оние разговори за јадење инсекти не направија голема разлика. Луѓето сè уште имаат силна одбивност кон инсектите, а за тоа нема ниту културна историја. Менувањето на долгогодишните готвачки традиции и длабоко вкоренетите нагони на одвратност е тешко да се направи од горе надолу. Да беше така лесно, повеќе луѓе би јаделе и храна на растителна основа додаде професорот. Покрај тоа, и малку влади ширум светот презедоа посериозни чекори за ограничување на потрошувачката на месо, и покрај нејзиното влијание врз животната средина - плашејќи се од политичка реакција. Меѓу нив, Данска понуди можно решение за тоа. Планот за намалување на потрошувачката на месо и зголемување на понудата на храна од растително потекло беше претставен во 2023 година, наведува порталот „Кликс“. - Храната од растително потекло е иднината. Ако сакаме да го намалиме климатскиот притисок на земјоделскиот сектор, тогаш сите треба да јадеме повеќе храна од растително потекло, рече тогашниот дански министер за храна, земјоделство и рибарство, Јакоб Јенсен. Крамет рече дека данскиот план е добра почетна точка за создавање можен избор наместо „голата надеж“ дека луѓето ќе почнат да јадат инсекти. Тагови: храна инсекти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот животГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна наНа денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. - Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерика депортирала 483.200 луѓеАмериканската служба за имиграција и царина (ICE) депортирала 483.200 луѓе во текот на последната фискална година – што е најголем број во нејзината 23-годишна историја – соопшти денеска Министерството за внатрешна безбедност.Бројот на депортации во фискалната година што заврши на 30 септември е за девет отсто поголем од претходниот рекорд од 442.640, поставен една година претходно, и за 78 отсто поголем отколку во 2024 година – последната година од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – пренесе агенцијата АП. Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди дополнителни средства за персонал, центри за притвор и летови за депортација. Сепак, не беше обелоденето колку од депортираните имале криминално досие, ниту пак беше даден детален преглед на статистичките податоци. Редовното објавување на податоците за апсењата и депортациите беше прекинато на почетокот на вториот мандат на Трамп. Марк Р. Розенблум, соработник во Институтот за политика на миграција и поранешен функционер во Министерството за внатрешна безбедност, потврди дека „ICE“ бележи рекорден број апсења, но истакна дека недостигот на детални податоци оневозможува целосно разбирање на активностите на агенцијата. Според податоците на „Проектот за истражување на депортациите“ (Deportation Research Project), само околу една четвртина од депортираните во јули имале правосилни пресуди за кривични дела, додека повеќе од половината немале ниту покренато обвиненија – и покрај ветувањето на Трамп дека неговата политика ќе биде насочена кон мигрантите кои извршиле кривични дела. Имиграциската политика на Трамп предизвика протести, особено откако претходно оваа година повеќе од 2.000 федерални агенти беа распоредени во Минеаполис. Двајца американски државјани – Рене Гуд и Алекс Прити, двајцата на 37-годишна возраст – починаа за време на судири со агентите, што ја натера администрацијата да се откаже од операциите што привлекуваа големо внимание во јавноста. Бројот на депортации останува под целта на Белата куќа од еден милион годишно. Најголемиот број депортации во историјата на САД е забележан во 1954 година, за време на кампањата на претседателот Двајт Ајзенхауер против илегалните имигранти од Мексико, кога 1,1 милион луѓе беа отстранети од земјата. Извор: Б92Тагови: Америка мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за теренски активности низ општинските комитети, во фокусот и Алта банка, како и средбата со ВРЕДИСе одржа редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за актуелната економско-политичка состојба, енергетските предизвици и активизмот на партиските тела и органи.Беше разговарано за случајот со Алта банка, каде се нотираше деструктивното делување на опозицијата во насока на рушење на банката и губење на пари на илјадници граѓани. Антидржавното делување на Венко Филипче е во насока на подривање на системот, ширење на параноја и саботажа на банкарскиот систем. Беше изразено уверување дека институциите работат и дека ќе се најде решение со кое ќе се заштитат интересите на банката. Претседателот Мицкоски информираше за средбата со раководството на ВРЕДИ. Тој посочи дека на средбата биле дискутирани принципите на коалицијата, идните предизвици во делот на енергетските состојби, а за кадровските решенија дискусијата ќе продолжи во наредниот период. Воедно, Извршниот комитет донесе одлука за теренска агенда на координаторите од Извршниот комитет за посета на општинските и месните комитети на партијата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20