Истражување: Четботовите сѐ уште не се доволно прецизни во поставувањето точна медицинска дијагноза - Канал 5

Истражување: Четботовите сѐ уште не се доволно прецизни во поставувањето точна медицинска дијагноза

 Алатките на вештачка интелигенција, како што е популарниот „Чет-ГПТ“, не се добри за поставување дијагнози, покажа истражување објавено денеска во списанието „Нејчр медисин“ (Nature Medicine). 

Истражување: Четботовите сѐ уште не се доволно прецизни во поставувањето точна медицинска дијагноза

Според наводите, медицинските придобивки од ВИ се преиспитуваат ширум целиот свет.

Научниот труд спроведен со помош на 1.300 лица во Велика Британија, откри дека неколку ВИ-модели - „Чет-ГПТ“, „Лама“ (на „Мета“) или „Команд Р+“ - не се подобри од едноставно пребарување на интернет кога беа прашани за симптоми. Учесниците во истражувањето, всушност, не биле болни. Тие учествуваа во своевидна игра со улоги: истражувачите им дадоа 10 различни групи симптоми за кои постои консензус во медицинската заедница за соодветната дијагноза. Само третина од испитаниците добија точна дијагноза. Ова не е подобро отколку во групата со задачаа за обично пребарување на интернет.

- Постои голема возбуда околу ВИ-моделите, но тие едноставно не се подготвени да ги заменат лекарите, изјави Ребека Пејн, истражувачка на Универзитетот во Оксфорд и една од авторите на истражувањето.

Новото истражување има некои ограничувања, како што е методологијата заснована на лажни случаи. Но, користените ВИ-модели, во голема мера, биле заменети со поефикасни верзии.

- Сепак, ова е многу важна студија која истакнува дека четботовите претставуваат реална медицинска опасност за пошироката јавност, изјави Давид Шо, биоетичар на Универзитетот на Мастрихт во Холандија.

Студијата е дел од поголема дебата за потенцијалниот придонес на вештачката интелигенција во однос на медицинските информации, со оглед на тоа што во многу земји, вклучително и развиените, луѓето честопати мора да чекаат долго за преглед на лекар. Некои испитувања досега покажаа дека „Чет-ГПТ“ и другите ВИ-модели може успешно да положат медицински испити - кога се во улога на студент по медицина и се соочуваат, на пр., со прашања со повеќекратен избор, ВИ-системите добро се справуваат.

Сепак, оваа нова студија покажува дека ситуацијата се менува кога станува збор за односот со вистински луѓе и случаи. Тие засега не се доволно прецизни во опишувањето симптоми и не ги обезбедуваат сите клучни елементи, според истражувачите.

Во Франција, Високиот орган за здравство (ХАС) наскоро треба да издаде изјава за придобивките од директно користење на ВИ за пациентите. До крајот на 2025 година, проценката говори дека овие алатки би можеле да им помогнат на здравствените работници ако се користат разумно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша во „Театро клуб“ (Teatro Club) во Есен, Германија – првично закажан за 31 октомври 2026 година – е откажан. 

На Карлеуша ѝ се откажани настапи поради навредите кон студентите

Според раководството на клубот, одлуката е донесена по разгледување на нејзините јавни изјави во врска со актуелната политичка ситуација во Србија, особено оние што се однесуваат на студентите.

Објавено соопштение „Почитувани гости, сакаме да ве информираме дека настапот на Јелена Карлеуша, планиран за 31 октомври 2026 година во ’Театро клуб‘ во Есен, нема да се одржи. До оваа одлука дојдовме по внимателно разгледување на нејзините јавни изјави и ставови во врска со актуелната политичка ситуација во Србија“, се наведува во соопштението.

Од клубот изјавија дека се оградуваат од изјавите кои – како што наведоа – ги навредуваат и омаловажуваат студентите и граѓаните што се борат за своите права, како и од реториката што поттикнува поделби и нетолеранција.

„Сметаме дека примарната улога на еден пејач е да забавува, да ги обединува луѓето и да шири позитивна енергија преку својата музика – а не да ги користи својата популарност и јавна платформа за политички пресметки, навреди или за продлабочување на поделбите меѓу луѓето. Секој, вклучително и јавните личности, има право на сопствени политички ставови. Сепак, сметаме дека постои јасна граница помеѓу изнесувањето мислење и користењето на влијанието за омаловажување на другите“, наведоа од клубот. Додадоа дека нивната сцена треба да биде простор посветен на музика и забава, а не на политичка пропаганда.

„Teatro Club Esen е место на заедништво, почит и позитивна атмосфера. Не сакаме да им понудиме простор на нашите гости каде што ќе се промовираат ставови спротивни на вредностите за кои се залагаме. Нашите принципи не се на продажба и ниту еден настап не е поважен од почитта што им ја должиме на нашите гости и вредностите што ги застапуваме. Ви благодариме за разбирањето и поддршката“, се вели во соопштението.

Од крајот на 2024 година, Јелена Карлеуша е еден од најгласните јавни критичари на студентските протести и блокади во Србија, притоа отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.

Пејачката ги опиша студентите што учествуваат во блокадите како „толпа“ која нема желба да учи, па дури и тврдеше дека тие ѝ нанеле поголема штета на Србија отколку која било војна. Таа исто така предложи дека деканите на факултетите би требало, наместо тоа, да одат да берат малини.

Понатаму, таа повика на апсење на ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ђокиќ, кого го обвини за предавство на сопствената земја. Нејзините ставови предизвикаа остри реакции кај дел од јавноста, што доведе до повици за бојкот на нејзините настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Америка ги предупредила своите сојузници на Блискиот Исток да бидат подготвени за нови можни удари по Иран.

Можни нови удари по Иран по среднорочните избори во САД

Според американскиот медиум Волстрит џурнал – нападите би можеле да продолжат откако ќе се оддржат среднорочните избори во САД следната недела.

Како што се наведува во американскиот медиум, претседателот Доналд Трамп се уште не донел конечна одлука дали ќе ги започне нападите, а шефот на иранската дипломатија – Абас Арагчи нагласил дека Иран се уште нуди шанса за дипломатски обиди за деескалација.

Мировниот план кој го нуди Техеран, според Арагчи, би го отворил ормускиот теснец доколку САД ги исполни условите наведени во предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со Филип Маршето, заменик-амбасадор на Република Франција и францускиот експерт Жером Кел.

Заменик-министерката за европски прашања на средба со претставници на француската амбасада: Реформите мора да донесат конкретни резултати

Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда и приоритетите за наредниот период.

„Нашата цел е реформите да не останат само обврски на хартија, туку да донесат мерливи резултати, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Посветени сме на спроведување на Реформската агенда 2024–2027 и исполнување на европските стандарди преку конкретни активности, јасна одговорност и континуирано следење на постигнатото“, истакна Трајков.

На средбата беше нагласена важноста на соработката со Франција, размената на експертски искуства и континуираниот дијалог во поддршка на реформскиот процес и европската интеграција на нашата земја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер