Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ЗдравјеИстражувања: Вишокот килограми може „да се отпешачат“, до одреден степенОдењето е веројатно најпристапниот облик на вежбање што го имаме, а сè поголем број истражувања покажуваат дека тоа е добро за здравјето на срцето, крвниот притисок, менталното здравје и друго. Одењето трипати неделно речиси го преполовува ризикот од болки во грбот, според новите истражувања. А пак, правењето 10.000 чекори дневно ја намалува опасноста од срцеви заболувања, објавува „Сајенс фокус“ (Science Focus). Тоа значи, може „да ги отпешачите“ вишокот килограми - до одреден степен... Кога станува збор за согорување калории и губење тежина, воопшто, истражувањата постојано покажуваат дека одењето е помалку ефикасно од поинтензивните начини на вежбање, како што се трчањето или кревањето тегови. Количината на калории што можете да ги согорите зависи од голем број фактори, но во просек, лице согорува околу 250 калории за време на еден час одење со умерено, ненапорно темпо, пишува „Журналот за нутритивност“ (Journal of Nutrition). Сепак, ако одењето е вашата единствена физичка активност, веројатно нема да направи голема разлика на вагата. Но, истражувањата покажуваат дека може да ги подобри ефектите од диетата со намалени калории. Наводите говорат дека луѓето со прекумерна тежина кои пешачеле 2,5 часа неделно додека биле на диета, изгубиле повеќе тежина и телесни масти од оние кои само држеле диета. Најбитно, во таа смисла е изоденото растојание - одете повеќе и така ќе согорите повеќе калории. Според списанието „Обесити“ (Obesity), меѓу луѓето на долгорочни програми за слабеење, оние кои изгубиле повеќе од 10 отсто од нивната почетна телесна тежина правеле околу 10.000 чекори дневно по 6, 12 и 18 месеци. Со други зборови, треба да бидете доследни. Потоа следи темпото. Има голема разлика меѓу лежерна прошетка и намерно брзо одење. Стручњаците за вежбање го класифицираат бавното одење како лесна активност, но како што го зголемувате интензитетот, тоа станува умерена активност, што е подобро за срцето, белите дробови и мускулите. Обично, се препорачува темпо од околу пет километри на час како умерено одење. Сè што можете да направите за да го направите одењето попредизвикувачко, исто така, ќе го зголеми бројот согорени калории. На пример, со замавнување или активно движење на рацете. Истото важи и за одење по нерамен терен или спроти ветерот. Одењето по стрмнини може значително да го зголеми согорувањето на калориите со зголемување на срцевиот ритам и активирање на мускулите на нозете. Напи во „Журналот за биомеханика“ (Journal of Biomechanics) посочува дека наклон од 5 отсто и ги зголемува метаболичките трошења за одење за 17 насто, додека наклон од 10 отсто го зголемува тој трошок за 32 отсто. На крајот, ставете го ранецот на грб. Неодамнешниот фитнес тренд познат како „трчање“ вклучува одење или трчање со тежина (елек или ранец) за да го направи секој чекор попредизвикувачки. Малку истражувања се спроведени за прецизно квантифицирање на овие ефекти, но поддржувачите тврдат дека може да се согорат и 200 или повеќе дополнителни калории на час. Дополнително, пешачењето е клучен дел од основната воена обука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Други спортовиМаркез заврши во болница, ја пропушта последната трка во сезонатаАлекс Маркез нема да учествува на последната трка од овогодинешното Мото ГП првенство во Валенсија откако беше хоспитализиран преку ноќ поради бронхоспазам, објави неговиот тим Гресини Дукати.Помладиот од браќата Маркез исто така ќе ја пропушти трката што ќе биде последна за неговиот брат Марко во Мото ГП првенството. Алекс требаше да се збогува со Гресини на патеката „Рикардо Тормо“, пред да се пресели во фабричкиот тим на КТМ за сезоната 2027. Неговиот настап на официјалниот тест, закажан за вторник во Валенсија, е исто така под знак прашалник. Шпанецот требаше да стартува од четвртата позиција, но по неговото повлекување, сите возачи зад него ќе се искачат за едно место. Со ова, вкупниот број на возачи што учествуваат во трката ќе достигне 21.Тагови: Алекс Маркез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
МакедонијаФилипче: Ова е сликата на македонското здравство со Мицкоски и Клековски„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски.“„Клиничката болница во Штип. Поплавена соба, распаднат таван. Вака денеска се лекуваат пациентите. Во вакви услови работат лекарите. Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“, објави на ФБ претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter