Истражителите за Нотр Дам: Мислиме дека знаеме како дошло до пожарот

Француските истражители сметаат дека причина з аголемиот пожар во катедралата Нотр Дам би бил краток спој на електричните инсталации.

Француската полиција соопшти дека дефект на електричната инсталација би можел да биде најверојатната причина за пожарот. За да се објави конечниот извештај на истрагата треба полицијата и пожарникарите , кои се дел од тимот за истрага да влезат во внатрешноста на куполата , но тоа сега е неможно поради опасност од уривање на некои делови.

Некои делови од катедралата се пред уривање , па за тоа се поставуваат потпорни столбови, велат од тимовите за реставрација. Истражителите велат дека пожарот не е намерно подметнат , а во тек е распитот на вработените во катедралата , како и работниците кои работеле на реновирањето. До сега , според париското обвинителство , се испрашани 40 лица.

За пожарникарите , кои ги ризикуваа своите живот за да ја спасат катедралата Норт Дам , претседателот Емануел Макрон најави дека ќе им бидат доделени Медали на честа.

На големата свеченост во Елисејската палата лично претседателот Макрон им се заблагодари на пожарникарите. Свеченост се одржа и во Градската сала со концерт на дела на Бах и читање на делови од книгата на Виктор Иго ,,Ѕвонарот на Богородичната црква”.

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер