Истрагата за полициските функционери се уште не е завршена, може да трае до септември - Канал 5

Истрагата за полициските функционери се уште не е завршена, може да трае до септември

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до кочанското обвинителство доставија и официјално барање за средба со обвинителите. 

Истрагата за полициските функционери се уште не е завршена, може да трае до септември

Тие бараат детално објаснување за обвинението, кој се е опфатен со него, за кој е запрена постапката и зошто. Од Јавното обвинителство пак одговорија дека:

-Јавното обвинителство веќе ги разгледува можностите за соодветна локација во Кочани за да се организира таква средба на која ќе ги информира за сите аспекти од поднесеното обвинение. Воедно, веќе нагласивме дека блиските на жртвите кои беа на претходната средба во обвинителството добија и директен контакт и им беше посочено дека сите семејства на жртвите можат во секој момент во обвинителството во Кочани директно да се информираат за текот на постапката--велат од Обвинителството.

Со обвинението кое го покрена кочанското обвинителство опфатени се 34 физички и три правни лица. Втората истрага ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и во неа досега се опфатени речиси 30 поранешни и сегашни полициски функционери и службеници, но таа се уште трае, а рокот за поднесување на обвинение е двојно подолг отколку за истрагата што ја водеше Коцевски..

Минстерот за внатрешни Панче Тошковски семта дека истрагата досега се води темелно и неселктивно, и правдата за трагедијата ќе биде задоволена..

-Македонија не заслужува да биде држава ако за тој случај правда на крајот на денот нема. На крајот со затворање на двете истраги и со поднесување на обвинение, македонските граѓани ќе можат да видат зошто како и што е преземено од страна на јавното обвинителство- изјави – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи .

Од опозициската СДСМ пак тврдат дека одговорноста за трагедијата е во врвот на МВР и бараат оставки.

Јасно е дека одговорноста лежи токму во врвот на МВР. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка. И двајцата мора да се повлечат за да не ја попречуваат истрагата и да не влијаат. Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства.

...велат од партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен Балкан

Од 2027 година повикот од Мадрид и користењето на интернет во Париз ќе ве чини исто како во Скопје – доколку иницијативата на Брисел заврши успешно, ситемот „Роаминг како дома“ ќе ги надмине границите на Западен Балкан. 

ЕУ ги одобри преговорите за укинување на роамингот со Западен Балкан

Одлуката најмногу зависи од ЕУ, која во следните два дена ќе започне преговори со секоја од земјите, а чија намера е земјите-кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефиции, меѓу кои е и бесплатниот роаминг во ЕУ

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, односно, како што изјави за Канал 5, изготвен е новиот закон за електронски комуникации, па очекува да влеземе во преговорите, да потпишеме и ратификуваме договор и догодина да го примениме системот.

-Одлуката најмногу зависи од ЕУ, на наша обврска беше апроксимација на законодавството кое што се однесува на законот за електронски комуникации и прилагодување со европскиот код, директивата код, или законот за електронски комуникации на ЕУ. Ние тие чекори како Влада веќе ги направивме и ги испративме до ЕК на мислење и по добивањето на позитивното мислење ќе го однесеме во Собрание и ќе бараме тој да се донесе. Иако сите рокови зависат од ЕУ, можам да кажам дека ние сме оптимисти дека целиот овој процес ќе се заврши оваа година и дека веќе во 2027 ќе имаме можност бесплатно да разговараме и да користиме интернет кога патуваме во државите членки во ЕУ,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Според Андоновски, проектот претставува вид на визна либерализација во дигиталниот свет од кој бенефит ќе имаат сите граѓани, но најмногу оние кои се во бизнисот и имаат почести патувања.

Овој проект претставува еден вид визна либерализација во делот на дигитализицијата, што значи дека сите Македонци кои патуваат во странство, во ЕУ, но и сите нашинци од дијаспората кога доаѓаат во Македонија ќе можат по иста цена како што плаќаат во нивните држави, по иста цена да ги користат сите услуги на телефонија, смс пораки и интернет кога доаѓаат во Македонија или нашите кога патуваат во ЕУ, и тоа многу ја олеснува комуникацијата и патувањата, а најмногу му ползува на бизнисот кој не познава граници во традиционална смисла,- - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.

Во слична насока е и СЕПА, каде пристапивме лани и веќе функционира, а со тоа на граѓаните добија помали провизии, парите од меѓународни трансфери побргу стигаат, а онлајн купувањата од ЕУ компании се полесни. Бенефитот кај фирмите е – помали банкарски трошоци при плаќања кон европски партнери, поедноставна трговија со компании од ЕУ и подобра конкурентност за извозниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенција

Научниците од Универзитетот во Кембриџ развија „фундаментално нов“ вид вакцина чија клучна состојка е целосно дизајнирана од вештачка интелигенција и тестирана на луѓе за прв пат.

Научници од Кембриџ ја развија првата вакцина во светот користејќи вештачка интелигенција

Вакцината е дизајнирана да делува против сите коронавируси, вклучувајќи ги варијантите на covid и вирусите што се пренесуваат од животни на луѓе. Истражувачите ги анализирале генетските кодови на различни коронавируси и, со помош на вештачка интелигенција, создале супер-антиген кој го тренира имунолошкиот систем да го препознава целото семејство на вируси, дури и ако мутираат.

Првите клинички испитувања на 39 лица покажаа дека вакцината е безбедна, додека следната студија на околу 200 испитаници ќе даде појасна слика за нејзината ефикасност, пишува BBC.

Професорот Џонатан Хини рече дека ова е фундаментална промена во подготвеноста за пандемија, додека професорот Саул Фoст оцени дека технологијата дефинитивно има потенцијал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничка

Учениците заедно со родителите и приредија изненадување на наставничката Даниела, од кое се расплакаа дури  и не толку емотивните.

Емотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничка



⭐ Благодарност до Даниела Јовановска – 5 В ⭐

По пет незаборавни години исполнети со учење, смеа, дружба и безброј спомени, дојде моментот на разделба.

Од срце ѝ благодариме на нашата драга наставничка Даниела Јовановска за целата љубов, трпение, поддршка и посветеност во овие 5 години. ❤️

Таа не беше само наставничка, туку и наш водич, мотиватор и дел од нашето мало училишно семејство.

Сите спомени што ги создадовме заедно ќе останат засекогаш во нашите срца 🤍

5 В – засекогаш ќе ве памети ❤️

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер