Историски договор, голфер станува најплатен светски спортист - Канал 5

Историски договор, голфер станува најплатен светски спортист

Се случи шокантен трансфер во светот на спортот.

Историски договор, голфер станува најплатен светски спортист

За нас малку познатиот голфер Џон Рам Родригез стана најплатен спортист во светот.

Тој потпиша неверојатен договор вреден 476 милиони фунти со LIV Golf (професионална лига за голф).

Овој фантастичен договор, најпрофитабилен во историјата на спортот, ќе го направи шпанскиот голфер по платен и од најголемите спортски ѕвезди на светот како Меси, Леброн Џејмс, Мбапе, Кристијано Роналдо ......

29 годишниот Рам во минатото инсистираше дека нема да продолжи од ПГА турнејата, но се случи шокантен трансфер во светот на голфот.

Тој одлучи да се приклучи на нова голф лига финансирана од Саудиска Арабија. Ова го претставува најголемиот успех на LIV Golf откако турнејата беше лансирана пред две години. Рам беше еден од водечките играчи на PGA турнејата во последниве години.

Покрај сумата што ќе ја добие како фиксна сума, Шпанецот Рам , како и другите 48 играчи кои сега ја сочинуваат Лигата - која ќе биде проширена кога ќе се формира тринаесеттиот тим - ќе се натпреварува на секој од 13-те турнири, не сметајќи го финалето во 2024 година за четири милиони долари за победникот во секој настан.

Во моментов Рам е трет играч во светот и актуелен Мастерс шампион. Фудбалските ѕвезди како Роналдо и Меси наводно минатата година заработиле 136 милиони фунти, односно 130 милиони фунти, според Форбс. Килијан Мбапе има 120 милиони, а Леброн Џејмс со 119,5 милиони.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Во понеделник (28.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Анета Љумаковска.

„Гответе со Дракче“ - Њоки

Состојки за денешниот рецепт:

400 гр. њоки

100 мл. павлака за готвење

5 - 6 сушени домати

1 чешне лук

малку пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жезус, изјави дека Кристијано Роналдо може да се врати во националниот тим доколку одлучи да го стори тоа.

Селекторот на Португалија: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

41 годишниот Роналдо кој со децении беше капитен на Португалија, го напушти репрезентативниот камп за време на Лигата на нациите, откако натпреварот против Норвешка го мина на клупата за резерви и потоа дозна дека нема да биде во почетниот состав ниту против Данска.

Напаѓачот на Ал-Наср има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 гола за Португалија – што претставуваат светски рекорди во двете категории.

По напуштањето на кампот, тој на социјалните мрежи напиша: „Кога ќе дојде време, ќе им ја кажам на Португалците целата вистина за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која отсекогаш сум ѝ бил целосно посветен“.

Селекторот Жезус зборуваше за ситуацијата со Кристијано на пресот по синоќешниот натпревар против Норвешка, во кој Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на нации.

„Ако сака да се врати во репрезентацијата, ќе се врати“, рече Жезус, кој исто така му беше тренер на Роналдо во Ал-Наср.

„Можеме да разговараме пред следниот повик, но Крис е тој што ја носи одлуката. Кристијано треба да ја заврши својата репрезентативна кариера под свои услови; тој е тој што ќе одлучи како ќе замине“, изјави селекторот.

Жезус се потсети и на нивниот претходен договор. „Кога го објавив првиот состав, му реков: 'Ми требаш; те сакам покрај себе, без разлика дали играш или не'. И истото му го кажувам и сега.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер