Историски чин- богослужба на македонски јазик во Соборниот храм на Вселенската патријаршија

Голем историски ден за македонската православна црква која е на чекор до добивање на томосот за афтокефалноста. 

Денеска во 5 часовна патријршиска и синодална литургија заедно рамо до рамо како брат со брат, како татко со син богослужеа всeленскиот патријарха Вартоломеј и архиепископот господин господин Стефан. По врачувањето на синодалниот акт на вечерната богослужба во четвртокот во својата завршна беседа вселенскиот патријарх рече дека на овој голем ден на педесетницата – духовден кој се смета за денот на раѓањето на христовата црква кога и молитвите се кажуваат на колена се упатува јасна порака за прегрнувањето на мајката црква во своите редови на охридската архиепископија и сите верници. Нарекувајќи го нашиот поглавар со зборовите брате стефане вселенскиот патријарх Вартоломеј дека овој голем дар на кој го дава мајката црква пред целиот православен свет упатува порака за заедништво и залечување на раните од минатото

На овој историски ден за Македонија во Фанар во Истанбул во црквата свети Ѓоргија Победоносец престолнината на всленската патријаршија за прв пат се слушна македонското црковно пеење и се богослужеше на македонски јазик. Како што цело време заедно рамноправно чиноначалствуваа така на крајот одржаа заедно беседа во која господин господин Стефан порача дека во овие завршни денови на овој голем празник веќе не се чувствуваме како сираци туку сме прегрнати од нашата мајка црква. Тај рече дека ова е завет дека напорно ќе работиме и ќе чекаме со верба дека неговата сесветост ќе одерди кога ќе биде и времето кога ќе и официјално ќе се добие признанието за автокефалноста.

Во Фанар на оваа пет дневна богослужба се пристигнати околу 600 до 700 верници од цела Македонија кој го исполнија храмот и дадоа посебен печат на празнувањето на овој голем празник и историски ден за охридската архиепископија

На свечената литургија на премиерот Ковачевски кој беше дојден заедно со владина делегација му беше дадена голема чест да чита од симболот на верата и оче наш

За македонската православна црква последниве денови работите се одвиваат многу бргу и за кратко време доби признание од СПЦ и акт со кој се чека само уште издавањето на томосот за афтокефалноста од Вартоломеј а во меѓувреме оваа одлука на ја прифати и грчката православна црква

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

Во куќата на нацистички лидер се пронајдени човечки остатоци- сите немаат шаки и стопала

Група аматерски истражувачи пронашле коски од пет луѓе во куќа која некогаш му припаѓала на еден од најблиските соработници на Хитлер - Херман Геринг.

Остатоците се пронајдени во трошна зграда во близина на поранешното седиште на Адолф Хитлер, Волчјо дувло, во денешна Полска, пренесува Der Spiegel.

Во густо пошумена област покриена со бункери, националсоцијалистите изградиле добро обезбеден квази-мал град за нивното раководство - вклучувајќи кино, чајџилница и противвоздушни станици.

Речиси 80 години подоцна, Волчицата била обрасната со плевел и природата ги „голтнала“ куќите, а се верувало дека урнатините на куќата што некогаш ја користел Геринг биле добро истражени. Меѓутоа, кога археолози аматери од Полска и Германија почнале да бараат под дрвениот под, ископале човечки череп на длабочина од десет сантиметри.

Веднаш повикале полиција, но немало докази дека таму е извршено неодамнешно злосторство. Тогаш тимот истражувачи, предводен од Октавијан Бартошевски, почнал да копа понатаму. Како што пишува Der Spiegel, пронајдени се останките на уште три лица, тинејџер и бебе.

„Можеби се работи за семејството кое било погребано во куќата на Геринг, пишува Der Spiegel.

Засега не е јасно чии се посмртните останки. Можно е дека остатоците веќе биле таму за време на изградбата на куќата, како што знаел фелдмаршалот Рајх. Меѓутоа, можно е и овие луѓе да дошле во Волчицата по завршувањето на Втората светска војна.

Полското јавно обвинителство сега сака да утврди дали масовното убиство има врска со нацистите.

Она што ги загрижува сите е тоа што на сите скелети им недостасуваат шаки и стопала. Постои можност коските да изгниле во текот на децениите, но и некој да им ги отсекол екстремитетите.

притисни ентер