Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
2Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
ЖивотИсторија на три најстари континуирани училишта во БитолаНајстарите битолски училишта се изградени во периодот од 1847 до 1882 година и тие и ден денес се значајни образовни институции, објекти со непроценливо вредна архитектура.Според одредени хроничари, образовната дејност во Битола датира од средниот век, а почетоците се врзуваат со словенската просвета и кирилското писмо во повеќе училишта. Првото училиште во Битола било отворено во 1830 година, а на почетокот од 20. век во Битола имало едно полно и 5 неполни основни училишта, машка и женска гимназија, богословија и учителска школа. Во периодот од 1868 до 1870 година во ново изградено училиште за главен учител бил поставен познатиот македонски преродбеник, културен деец и учебникар, Димитар Василев-Македонски. ОУ „Гоце Делчев“-Битола, училиште изградено во 1847 година Темелите на најстарото училиште во Битола, денешното основно училиште „Гоце Делчев“ се поставени во 1847 година. Училиштето се наоѓа во строгиот центар на градот, комплекс со три училишни објекти во кои се изведува настава. Објектот „преживеал“ различни историски периоди, но секогаш имал иста намена – да биде училиште, освен во 1915 година, за време на Првата светска војна кога објектот се користел како Воена болница. Во училиштето, од секогаш се негувала и негува мултијазичноста и во таа смисла освен на македонски јазик, тука се изведува настава и на албански, турски, влашки, англиски, француски и германски јазик. ОУ „Св.Кирил и Методиј“-Битола, училиште изградено во 1865 година Денешното ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола е изградено во 1865 година, на иницијатива на битолските еснафи кои имале потреба од кадри за своите занаетчиски работи. Станува збор за 36 занаетчии кои со свои средства овозможиле да се изгради импозантниот објект што се наоѓа во непосредна близина на Старата чаршија. Во прво време наставата во училиштето се изведувала на словенски јазик. Во периодот од 1900-1901 година, во училиштето како учители работеле познатите македонски дејци и револуционери Даме Груев и Ѓорги Сугарев. Токму во ова училиште, веднаш по ослободувањето на Битола, на 4 декември 1944 година почна да се изведува настава на мајчин македонски јазик, за што сведочи поставена плоча на главниот влез од училиштето. Гимназија „Јосип Броз Тито“, училиште изградено во 1882 година Битолската Гимназија „Јосип Броз Тито“, образовната дејност ја реализира во објект со голема архитектонска вредност, изграден во 1882 година. Темелите биле поставени за тогашното средно училиште, Турско Идадие, а и денес е објект за средношколци. Горната Гимназија, како што ја викаат битолчани, неодамна беше реконструирана, а во холот на гимназијата со гордост се поставени ликовите и впишани имињата на народните херои Стив Наумов, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Кузман Јосифовски-Питу и Елпида Караманди кои учеле во гимназијата, како и на 18 академици, членови на МАНУ кои во Битола го оформиле своето средно образование. Гимназијалците од Горната Гимназија се гордеат со уште еден историски податок, односно 6 февруари 1945 година кога токму во ова училиште се одржа првиот наставен час на современ Македонски јазик во средното образование. Редовната настава ја следеле 572 ученици во 13 мешани паралелки, а првата учебна година завршила на 20 јуни 1945 година. Најстарите училишта во соседните држави и во Европа Во државите од регионот, како што се Србија и Хрватска, но и други држави од континентот, никогаш не се забораваат најстарите училишта, а за нивните градби и традиција се говори со посебен восхит. Во соседна Србија, најстарото основно училиште Варош датира од 1718 година и во него учителствувале Вук Караџиќ, Доситеј Обрадовиќ, Стеван Мокрањац, Моша Пијаде и други. Објектот на училиштето е прогласен за меѓународно културно наследство и е дел од мрежата на УНЕСКО. Во Хрватска, Гимназијата во Карловац која е изградена пред повеќе од 250 години со задоволство го афирмира својот некогашен ученик Никола Тесла, а во јубилејната година учениците приредија незаборавен флеш моб. Најстарото континуирано училиште во Велика Британија, познато и како Кралско Училиште се наоѓа во Кентербери во Кент (The King’s School Canterbury, Kent). Основано е во 597 година и се смета за најстаро училиште во светот. Ова училиште денес е гимназија во која учениците се препознаваат според своите униформи, девојчињата носат бела блуза, брош, здолниште, црна јакна, црни хулахопки и црни чевли, а момчињата носат бела кошула, црн елек, црни чорапи, црни чевли, црни панталони, црна јакна и црна вратоврска. За најстарите училишта треба да се знае. Отвореноста на училиштата за јавноста, за туристи и други добронамерници е значајна и таа треба да се негува. Битолските училишта во своите простории може да отворат училишен Музеј, постојана изложба, да постават информативна табла или друга сигнализација. Битолчани велат, еве, минатото во функција на иднината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПрекин во работата на „Revolut“„Revolut“, една од најпознатите дигитални банки, денес се соочува со сериозни технички проблеми, поради што корисниците во бројни земји имаат потешкотии при пристапот до своите сметки или при вршењето трансакции.Пријавени се проблеми со отворањето на апликацијата, најавувањето на корисничките сметки и плаќањето со картички. Од „Revolut“ потврдија дека постои прекин кој влијае на неколку нивни услуги и наведоа дека нивните инженери работат на решавање на проблемите. Причината за проблемот сè уште не е официјално потврдена, а нема ниту проценка за тоа кога сите услуги ќе се вратат во нормално функционирање. „Revolut“: Средствата и податоците на корисниците се безбедни „Моментално се соочуваме со прекин кој влијае на неколку услуги. Можеме да потврдиме дека средствата и податоците на сите наши корисници се безбедни. Работиме на решавање на проблемот уште од моментот кога беше откриен утрово и им се извинуваме на сите погодени корисници за предизвиканите непријатности“, објавија од „Revolut“ на социјалната мрежа „X“. We are currently experiencing a service disruption affecting multiple services. We can confirm that all our customers’ money and data are safe. We’ve been working to fix the issue since it was identified this morning and apologise to anyone affected and for any inconvenience caused. — Revolut (@Revolut) October 20, 2026 Корисниците пријавуваат дека при обид за најавување во апликацијата добиваат порака за грешка со насока да се обидат повторно подоцна. Некои корисници наведоа дека нивните картички биле одбиени при плаќање во продавници, иако на сметките имале доволно средства.Тагови: Revolut Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од ТрампАмериканскиот потпретседател Џ. Д. Венс во понеделникот одби да каже дали го поддржува реизборот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, иако претседателот Доналд Трамп неодамна јавно му даде поддршка на израелскиот лидер.„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека се наоѓаше во авионот „Ер форс ту“ . Сепак, претходно оваа година, Венс отпатува во Будимпешта за да му даде поддршка на Виктор Орбан – кого исто така го поддржа Трамп – пред изборите во Унгарија. Долгогодишниот унгарски премиер ги загуби тие избори. Венс изјави дека не е ниту „за“ ниту „против“ давањето поддршка за Нетанјаху. „Не сум против тоа да го поддржам. Но, не сум ниту ’за‘. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс. И Трамп претходно избегнуваше да му даде поддршка на Нетанјаху. „Веќе не се мешам во израелската политика“, изјави Трамп за списанието „Тајм“ претходно овој месец. Сепак, во саботата, Трамп отворено го поддржа Нетанјаху, нарекувајќи го „премиер-голем воин“ во објава на социјалните мрежи. Очигледното дистанцирање на Венс од Трамп – кое се манифестира преку неговото одбивање да го поддржи израелскиот премиер – доаѓа само неколку дена пред изборите во Израел. Во меѓувреме, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пристигна во земјата во ненајавена посета, според два извори запознаени со ситуацијата и еден американски функционер. Во понеделникот вечерта, Хегсет се сретна со Нетанјаху и со израелскиот министер за одбрана Израел Кац, што го потврдија еден израелски извор запознаен со деталите од средбата, како и уште еден извор запознаен со разговорите. Извор: Б92Тагови: Доналд Трамп Џеј Ди Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГерманија има милијарди, но нема кој да работиГерманија планира големи инвестиции во инфраструктурата, одбраната и дигитализацијата. Сепак, студија на Германскиот институт за економија предупредува дека веќе постои недостиг од околу 148.000 квалификувани работници потребни за реализација на овие проекти, пренесува „Дојче веле“. Германија располага со огромна сума од половина трилион евра во посебен фонд за модернизација на инфраструктурата, но недостигот на квалификувана работна сила го попречува трошењето на овие средства. Парите сами по себе не се доволни, се наведува во студијата на Германскиот институт за економија (IW) со седиште во Келн, објавена во понеделникот, 19 октомври. Недостигот е најизразен во техничките професии „Успехот на овие проекти во голема мера зависи од тоа дали ќе има доволно квалификувани стручњаци за нивно планирање, изградба и управување“, се вели во извештајот. Токму тука се појавуваат неизвесности, особено во однос на занимањата во областите на инфраструктурата, енергетската транзиција и дигитализацијата. „Ако занимањата што се преклопуваат се бројат само еднаш, во периодот од јули 2025 до јуни 2026 година постои просечен недостиг од 148.047 квалификувани работници, кои се потребни за спроведување на инвестициската програма. Овие три групи на занимања сочинуваат 44 отсто од вкупниот недостиг на квалификувана работна сила.“ Особено голема е побарувачката за електричари, машински техничари и монтери Според истражувачите од Келн, најголем недостиг има во техничките професии. „Тука спаѓаат електричните инсталации во градежништвото, санитарните системи, греењето и климатизацијата, електротехниката за индустриски објекти, како и машинството и одржувањето на постројки.“ Авторите на студијата истакнуваат дека постои особено акутен недостиг на работници со стручни квалификации. Тие предвидуваат дека огромните инвестиции дополнително ќе го влошат недостигот на работна сила, бидејќи потребните кадри нема едноставно да се појават сами од себе, освен ако државата не преземе соодветни мерки. Германија очекува економски раст поттикнат од државни инвестиции Владата – заедно со водечките економисти и Меѓународниот монетарен фонд – неодамна значително ги зголеми своите прогнози за растот на германската економија. Ова се должи на зајакнувањето на извозот, но првенствено на обемните државни инвестиции во инфраструктурата и одбраната, кои во текот на наредните години ќе достигнат вкупна вредност од еден трилион евра. Се предвидува дека БДП ќе порасне за 1,3 отсто оваа година и за 1,1 отсто во 2027 година. До 2028 година, се очекува растот да забави на 0,6 отсто. Стареењето на населението дополнително го усложнува проблемот Недостигот на работна сила е последица на стареењето на населението и недостигот од помлади генерации – јаз што може само делумно да се надомести преку имиграција. Германскиот институт за економија (IW) го смета ова за еден од најзначајните структурни предизвици за Германија. „На краток рок, непополнетите работни места значат изгубено создавање вредност, на долг рок, тие доведуваат до послаб иновациски потенцијал и побавен економски раст“, се наведува во анализата. Минатата година, 54.000 места за стручна обука во различни професии останаа непополнети, додека речиси 40.000 кандидати не успеаја да обезбедат место за обука во областа што ја посакуваа. Приватниот сектор заостанува со инвестициите „Сосема е соодветно државата да го надомести недостигот од инвестиции“, вели Михаел Гремлинг, раководител на одделот за истражување на економските трендови при Германскиот институт за економија (IW). „Сепак, јавната потрошувачка не може да ги замени приватните инвестиции кои се неопходни за одржлив раст.“ Според него, владиниот самит за инвестиции – кој започна во понеделникот – претставува чекор во вистинската насока, бидејќи има за цел да привлече приватен капитал во Германија. Според друго истражување на „IW“, подготвеноста на приватниот сектор за инвестирање е слаба во последните години. Истражувањето покажува дека, од почетокот на 2020 година, германската економија се соочува со недостиг од инвестиции во вредност од стотици милијарди евра, предизвикан од пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток. Германија се соочува со инвестициски јаз од 420 милијарди евра Компаниите инвестирале приближно 470 милијарди евра помалку отколку што би можело да се очекува врз основа на долгорочните трендови. За разлика од нив, државата инвестирала околу 50 милијарди евра повеќе. Сè на сè, ова резултира со проценет недостиг на инвестиции од околу 420 милијарди евра. Во вториот квартал од оваа година, приватните инвестиции останаа за повеќе од десет отсто под годишниот просек забележан во 2019 година. Јавните инвестиции, пак, беа за околу 20 отсто поголеми отколку тогаш. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter