Истетовирала 98 проценти од телото, за да ѝ се одмазди на мајка си, па се предомислила (ФОТО) - Канал 5

Истетовирала 98 проценти од телото, за да ѝ се одмазди на мајка си, па се предомислила (ФОТО)

Амбер има 27 години, а негативните емоции ги лечи со тетоважи уште од тинејџерските години.

Истетовирала 98 проценти од телото, за да ѝ се одмазди на мајка си, па се предомислила (ФОТО)

На 16 години ја направила својата прва тетоважа, а денес 98 отсто од нејзиното тело е покриено со слики во различни големини. Таа како гостин во емисијата „Вистинска трансформација“ решила да открие како изгледала пред тетовирањето.

За тетоважи Амбер потрошила 130.000 австралиски долари. Цртежите се направени со различни видови мастило, а тетоважите има и на нејзините очи и јазик. Таа вели дека тетоважите ѝ помогнале да го претстави нејзиното вистинско јас.

- Ќе биде супер возбудливо, со оглед на тоа што од раната младост не сум се видела без тетоважи - изјавила таа пред трансформацијата за прекривање на цртежите. Таа признала дека се плаши од експериментот бидејќи тетоважите на нејзиното тело ѝ помагале да се справи со несигурностите по долгогодишно малтретирање.

-Мојата детска траума од малтретирање и слично, без тетоважи... тоа малку ќе ме потресе – рекла таа.

Шминкерката Сузи, која ги покривала тетоважите, имаше многу работа.

- Го мразам ова, бидејќи се чувствувам како повторно да сум тинејџерка, и навистина ми пречи. Навистина воопшто не ми се допаѓа – изјавила Амбер по трансформацијата, а потоа се појавила пред нејзината мајка Вики:

- Таа поддржува тетовирање, но не е љубител на тетоважи.

Сепак, реакцијата на нејзината мајка ја изненадила.

- Каде е ќерка ми? Повеќе ми се допаѓаш со тетоважи. Толку сум навикната да имаш тетоважи - ѝ рекла мајка ѝ.

Амбер пред неколку месеци објави дека привремено ослепела откако си ги тетовирала очните јаболчници.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Увид во Каменик, Кисела Вода: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица

 Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината.

​Увид во Каменик, Кисела Вода: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица

Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, проект со кој конечно се решава еден од најгорливите, долгогодишни проблеми на граѓаните. Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината. Општина Кисела Вода реализира градба на нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Проектот во целост се заокружува со уште една клучна фаза : изградбата на препумпна станица која се финансирана и спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Денеска извршивме увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, со што конечно ставаме крај на децениските проблеми на нашите сограѓани. Преку овој капитален проект, Општина Кисела Вода гради нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Она што го заокружува целокупниот систем е изградбата на препумпната станица од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Досегашната постоечка мрежа беше правена со самопридонес од жителите пред многу години и беше целосно надвор од технички стандарди, што предизвикуваше секојдневен недостиг на вода и слаб притисок, особено во летниот период. Со овој проект решаваме проблем и за десетиците индустриски капацитети во оваа зона на Кисела Вода.

Голема благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, до Владата, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање за огромната поддршка во реализацијата на капиталните проекти. Нивното денешно присуство е потврда дека централната и локалната власт силно и здружено стојат зад секој чекор што го подобрува квалитетот на животот. Ова значи подобра инфраструктура, силни бизниси, локален економски развој и најважно- услови младите да останат и да ја градат својата иднина овде-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

-Како што вчера најавив, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати, ги започнуваме. Како што кажа и градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка меѓу Владата и Општина Кисела Вода. Оваа инвестиција е од огромно значење за овој дел од Кисела Вода, бидејќи со неа конечно го затвораме деценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење. Работиме плански. Откако ќе заврши изградбата на подземната инфраструктура, следен чекор е комплетно асфалтирање на овој потег. Потребите на граѓаните се јасни, а нашата цел како Влада е да одговориме на нив согласно можностите, што верувам дека го покажуваме и досега. Сакам да изразам благодарност до градоначалничката, до советниците кои што ја поддржуваат работата, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што ја има оваа синергија на терен и се прават вакви проекти, а а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да договараме на она што се потреби на граѓаните -изјави претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Македонија на дното, на 41 место во Европа по проектиран БДП по жител, ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. 

Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Тој посочи дека ова е реалната состојба на македонската економија, а не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа и лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

„Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.Според ММФ Македонија е на 41 место меѓу 48 европски економија по проектиран БДП по жител.Проекциите на ММФ велат БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора, Албанија. Ова е сè она што СДСМ го зборува последната година.Сега потврдено и од ММФ“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека македонската е далеку зад најбогатите економии во Европа, а граѓаните секојднево на свој грб ја чувствуваат разликата.

„Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Граѓаните оваа реалност многу добро ја знаат, ја чувствуваат секој ден.Цените се до плафон а платите стагнираат. Кошничката е 90 илјади денари со стан, ниту три плати не се доволни да се покријат месечните трошоци“, рече Филипче.

Притоа, Филипче порача дека зад пропагандата на власта се крие економска политика која ја задолжува државата, ги осиромашува граѓаните и не нуди никаква перспектива.

„ Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо.Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата.Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки“, рече Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!

Почитувани дами и господа од власта, себеси може да се лажете, но народот не можете!

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!

На 1 април 2025 година ЛДП првпат го поднесе Предлог-законот за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство. Предлогот беше одбиен! А потоа следуваа трагедии. Зад секој датум стои човечки живот, вели Илија Чилиманов, истакнат правник и член на ИО на ЛДП.

- 3 МАЈ 2025 – РАМАЈАНА АСАН. Само 32 дена по првото одбивање на предлогот на ЛДП.

- 15 СЕПТЕМВРИ 2025 – РОСИЦА КОЦЕВА. 167 дена, односно 5 месеци и 14 дена по одбивањето.

- 2 МАРТ 2026 – ИВАНА И КАТЈА. 335 дена по првото одбивање.

- НОЕМВРИ 2026 – БИЛЈАНА КИРИЌ. 581 ден по првото одбивање, сметано до 3 ноември.

Ова не се само имиња и бројки, додава Чилиманов, ова се човечки животи!

„Ова се трагедии што отвораат страшни прашања за пропустите на системот и за тоа колку жени можеле да добијат дополнителна заштита доколку институциите реагирале навреме“, посочува Чилиманов.

На 5 март 2026 година ЛДП повторно го поднесе Предлог-законот, а на 18 март тој повторно беше одбиен во Собранието!

Во меѓувреме, во собраниската документација се појавува предлог поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на 26 август 2026 година. Но, предлог поднесен од пратеници не е исто што и предлог поднесен од МВР!

„Согласно член 72 од Деловникот на Собранието, материјалите доставени во првите пет работни дена се разгледуваат во тековниот месец. Предлогот од 26 август бил доставен по тој рок, што го отвора прашањето зошто не бил ставен на разгледување во септември. Билјана беше убиена во ноември. ШТО ЧЕКАВТЕ?! И сега се обидувате да ја убедите јавноста дека вие први сте го предложиле решението? Собраниската архива има датуми, документи и предлагачи. Со политички изјави не можете да ја избришете хронологијата“, вели Чилиманов во својата изјава.

Решението што го предлага ЛДП е јасно, конкретно и применливо - предлагаме 24-ЧАСОВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ НА НАСИЛНИЦИТЕ, со следење на нивното движење, автоматски аларм при прекршување на забраната за приближување од 100 метри до жртвата и известување на надлежните институции, вклучително и МВР, кои треба веднаш да постапат.

„Во случаи со висок ризик, електронската нараквица треба да биде задолжителна. Жртвата, доколку сака, ќе добие посебен уред за предупредување. Системот ќе алармира и при обид за отстранување на нараквицата или губење на сигналот. Значи, не предлагаме само нараквица! Предлагаме систем за непрекинато следење, предупредување и институционална реакција, со една единствена цел – ДА СЕ ЗАШТИТИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ“, нагласува Чилиманов.

Ниту една мерка не може да гарантира стопроцентна заштита, но тоа не е оправдување државата да не ги воведе механизмите што можат да спречат насилство. Росица, Рамајана, Ивана, Катја и Билјана не смеат да бидат заборавени!

„Совеста не се пере со прес-конференции, ниту институционалните пропусти се бришат со политички оправдувања. Јавноста заслужува вистина. Жртвите заслужуваат правда. Одговорните за докажаните пропусти мора да понесат одговорност! БАРАМЕ ОДГОВОРИ, ОДГОВОРНОСТ и итно усвојување на законот“, заклучува Илија Чилиманов во своето обраќање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер