Истанбул и соседните држави најатрактивни за Нова година - Канал 5

Истанбул и соседните држави најатрактивни за Нова година

Истанбул е градот каде што поголем дел македонски граѓани годинава сакаат да ја поминат новогодишната ноќ, но во нивниот избор не заостануваат ниту главните градови од соседните држави. 

Истанбул и соседните држави најатрактивни за Нова година

Од европските метрополи има интерес за Виена и за Милано, а од подалечните дестинации атрактивен е Дубаи. Се нудат аранжмани и за Лапонија, во кои е вклучена екскурзија до селото на Дедо Мраз, посета на поштата каде што може да се испрати писмо со желби за следната година, посета на Санта парк, на шумата на троловите, фармата за елени и арктичката зоолошка градина Рануа.

Во туристичките агенции може да се најдат аранжмани за три и четири ноќевања за Истанбул со авионски и автобуски превоз. Цените почнуваат од 120 евра по лице за хотелско сместување со автобуски превоз и од 220 евра со авионски превоз. Дочекот на Новата година е на плоштад, а за прослава во рестораните и хотелите се доплаќа. Некои агенции нудат можност и за дочек на брод.

– За Нова година најмногу се бара Истанбул. Македонските граѓани сакаат да одат во Истанбул. За таму има голем интерес, велат од туристичката агенција „Магелан", додавајќи дека најголем интерес има за поевтините аранжмани, кои се продават бргу, додека за поскапите аранжмани интересот е помал.

Од соседните држави има интерес за прослава на Новата година во Софија и во Атина. Аранжманите за Софија се движат од 80 евра нагоре, а за Атина околу 100 евра со вклучен автобуски превоз и хотелско сместување.

Од јадранската ривиера и годинава, како и лани, атрактивна е Будва, за каде што граѓаните ќе треба да платат по околу 90 евра доколку сакаат да се сместат во хотел и околу 60 евра за приватно сместување.

Од европските градови интересни се Виена и Милано. За Виена аранжманите со автобус почнуваат од 150 евра за две ноќевања, а за Милано околу 200 евра за три ноќевања.

Во сите овие градови дочекот на новогодишната ноќ е на плоштадите, а дополнително се доплаќа доколку некој сака новогодишната ноќ да ја помине во ресторан или хотел.

Туристичките агенции со кои контактираше МИА велат дека годинава има интерес и за Кипар, за каде што од семејниот буџет треба да се одвојат минимум 400 евра за авионски превоз, полупансион и сместување во хотел со три ѕвездички. Дополнително се доплаќа новогодишната вечера, а цените за неа почнуваат од 50 евра.

– Интерес има за Будва, Солун и за Истанбул како поевтини аранжмани. Од авионските понуди интересни се Кипар и Дубаи, велат од туристичката агенција „Пет".

Од подалечните дестинации агенциите ги нудат и Москва и Санкт Петербург, каде што за седум ноќевања со авионски превоз преку Белград и хотелско сместување треба да се плати околу 800 евра по лице, а оние кои сакаат да го видат Дедо Мраз и да отпатуваат во Лапонија ќе треба да платат околу 1.500 евра за пет ноќевања и хотелско сместување. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

Делегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово

По повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот.

Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата.

Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма.

Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Нема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието.

Димитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банка

Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот.

Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик .

„Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива.

Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка.

Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Поранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски  е новиот претседател на Лекраската комора. 

Проф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комора

Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер