Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
1Внатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегство
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотИсповед на Берлускони: Не сум плејбој, секогаш жените ме заведуваа менеСилвио Берлускони, најголемиот “плејбој“ меѓу политичарите во Европа и во 80-тата година води поинтересен живот од многу луѓе и по неколку децении помлади од него.После три мандати како премиер на Италија и водење на мултимилионски компании, неговиот трон е размрдан со таканаречената Бунга-Бунга афера во 2010 година. Обвинет е дека учествувал во оргии и имал секс со малолетна проститутка позната по името Руби. Италијанскиот печат до детали ги опиша таквите средби во неговата раскошна вила во која се организирале дури и садо-мазо сеанси со проститутки облечени во костими на калуѓерки и медицински сестри. Се зборуваше и за прескапите подароци кои им ги купувал на старлетите и манекенките, кои редовно присуствувале на неговите забави, но и за “харемот“ во кој имал 33 млади девојки. Кога приказната за расипничкиот живот на Берлускони се рашири низ целиот свет, почнаа да се отвораат “Бунга-Бунга“ барови, од Москва до Манчестер и од Берлин до Бали. Сите се смееја па и самиот Силвио. „Иако сум дефинитивно немирен, идејата за 33 девојки за два месеци делува преувеличено“ – изјави уште тогаш Берлускони. Претходно, за брачниот завет низ смеа изјави: „Не сум светец. Често бев верен“. И денеска во биографијата која ја пишуваше американскиот новинар Алан Фримен, Берлускони потврдува: „Не чувствувам вина за ништо“. Дали е можно „Бунга-Бунга“ аферата да е само преувеличена приказна? Дали неговиот љубовен живот навистина бил толку богат како што се тврди? Берлускони тврди дека никогаш не “трчал“ по жени – секогаш бил “пленот“. „Кога бев тинејџер, мајка ми секогаш ми зборуваше дека сум најзгодното момче на плажа. Пеев, свирев на гитара и бев одличен во спортови, па затоа им бев и привлечен на девојките“ – стои во биографијата. „Всушност, главно бев заведуван, ретко кога заведував јас“. Тој додава дека неговиот живот е многу подосаден отколку што мислат луѓето. „Отсекогаш сум бил посветен на работата....не го посветив животот на заведување на жени. Имам деца и пристојна жена. Секогаш бев семеен човек кој се обидува слободното време да го помине со децата. Овие останативе приказни се само фантазии чија цел е да ја нарушат мојата репутација“ – дециден е Берлускони. Неговата прва сопруга била Карла, девојка од неговиот роден крај, која ја здогледал на улица во време кога само што го започнувал бизнисот. Имал 24 години, а таа 20. Биле заедно се додека, Силвио не се фрлил во прегратките на актерката Вероника Ларио. Ја запознал во еден театар, кој бил во негова сопственост. Се венчале 1990 година, а Вероника се обидувала да стои настрана од новинарите и јавноста за да може во нормални услови да ги одгледа нивните деца. Бракот траеше до 2007 година, кога Берлускони е прикажан на телевизија како флертува на забава преполна со манекенки, старлети, актерки и танчарки. На една убава девојка од Колумбија дури и изјавил дека би ја обиколил и целата планета само за да биде со неа. Вероника јавно изјави дека е повредена и упати низа навредливи зборови кон својот сопруг. Зборуваше за тоа како нејзиниот сопруг познава 18 годишна манекенка за долна облека, која го викала “татенце“. „Не можам да бидам со човек кој се забавува со малолетнички. Ставам крај на мојот брачен живот“ – изјави Вероника. Тоа и го направи. Берлускони моментално е со 29-годишната Франческа Паскале, а шармот кој го употребил за да ја освои оваа убавица, го применил и во политиката и бизнисот, а тука како што самиот изјавува е “роден заводник“. „Секогаш успевав да пробудам чувства, хемија. Така ги постигнувам целите“ – изјави тој. Сепак, “Бунга-Бунга“ аферата е само едно од 61 судење на кое бил во последните 20 години. Обвинет е за секс со малолетна личност, тврдеше дека е невин и никако не можел да знае колку години имала Руби. Освен тоа, обвинителството не успеа да докаже дека имало сексуален однос меѓу нив двајца. На краток рок се “извлече“ и сега обвинителството се обидува да докаже дека подмитил десеттина девојки за лажно да сведочат во негова корист. Неговиот одговор беше дека доколку им давал пари, тоа било поради дарежливост, а не за да ги плати за било какви услуги. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВнатрешна контрола на МВР испитува како од СВР Битола избега приведен насилник, кој веќе пет дена е во бегствоОдделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи ги испитува околностите под кои битолчанецот приведен за физичко и психичко насилство врз 21-годишната партнерка, избегал низ прозорец од СВР Битола и веќе пет дена е во бегство.Девојката на 10 ноември пријавила дека била физички нападната од партнерот, кој ја давел и ја удирал, по што побарала лекарска помош. По пријавата, насилникот дошол во СВР Битола во придружба на родител, но, кога му било соопштено дека ќе биде задржан, скокнал низ прозорецот и избегал од полициската станица. Бидејќи пријавениот сè уште не е пронајден, девојката е сместена во шелтер-центар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаСВР Битола го лиши од слобода лицето пријавено за семејно насилствоДенеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
СветКина и САД разговараа за царините и трговијатаКина и Соединетите Држави (САД) одржаа прв состанок на трговски совет во рамките на нивниот билатерален механизам за економски и трговски консултации, соопшти кинеското Министерство за трговија. Двете страни преку видео-врска разговараа за аранжман за взаемно намалување на царините – кој опфаќа стоки во вредност од 30 милијарди долари од секоја страна – како и за трговијата со земјоделски производи и други прашања, објави весникот *Global Times*. Во своето соопштение, кинеското Министерство наведе дека разговорите биле искрени и конструктивни. „Двете страни ќе продолжат да го користат овој совет за решавање на трговските прашања, проширување на соработката и намалување на преостанатите проблеми“, се додава во соопштението. Хе Јадонг, портпарол на кинеското Министерство за трговија, претходно изјави дека взаемното намалување на царините би можело да помогне во стабилизирање и проширување на вкупната трговија меѓу Кина и Соединетите Држави. Тој нагласи дека двете страни остануваат во близок контакт во врска со спроведувањето на договорот и го повика Вашингтон да соработува со Пекинг за да се осигура дека оваа трговска рамка наскоро ќе стапи на сила, со што ќе се олесни трговијата со земјоделски производи, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook