Испораките на мобилни телефони во Кина драстично се намалија во февруари - Канал 5

Испораките на мобилни телефони во Кина драстично се намалија во февруари

Испораките на паметни телефони во Кина се намалија за речиси една третина во февруари, соопшти денеска Кинеската академија за информации и комуникации (CAICT).

Испораките на мобилни телефони во Кина драстично се намалија во февруари

Минатиот месец биле испорачани 14,5 милиони мобилни телефони, што е за 31,8 отсто помалку од истиот месец лани.

Во споредба со јануари, нивниот број според CAICT е над двојно помал.

Производителите на мобилни апарати моментално се соочуваат со големи проблеми во производството поради недостигот на компјутерски чипови во светот.

Недостигот особено тешко ги погоди автомобилските компании, поради погрешните проценки на побарувачката, неочекуваното затворање на фабриките и тензиите во односите меѓу САД и Кина.

Проблемите, во меѓувреме, ескалираа и зафатија широка палета на чипови и разни видови електронски уреди, вклучително и мобилни телефони./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани повеќе од милион луѓе

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното.

Видео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани  повеќе од милион луѓе

Бурата го парализираше сообраќајот, а само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови.

„Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба.

Кинеските власти претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво за тајфунот. До понеделник наутро, „Долфин“ ослабе во тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата. Закана од обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето.

Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и ризик од лизгање на земјиштето сè до среда. Обилни дождови се очекуваат во провинциите Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај.

Во делови од провинцијата Жеџијанг би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на неколку дена. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, а затворени се и бројни туристички атракции.

Затворени се делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж шеталиштето „Бунд“ во Шангај.

Снимки од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории во приземјето во поранешната Француска концесија во Шангај – област популарна меѓу туристите. На снимките се гледаат и луѓе кои газат низ вода длабока до глуждовите.

Во Венџоу, властите преместија околу 900.000 жители и отворија повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи. Во Таиџоу, околу 390.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати

Со положување венци и свежо цвеќе, денеска ќе се одбележат 25 години од загинувањето на 8 припадници на резервниот состав на армијата кај месноста Љуботенски Бачила.

25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила.

На 10 август 2001 година воено товарно возило нагази на две против тенковски мини на патот кон месноста љуботенски бачила на Скопска Црна Гора, поставени од припадници на она, при што загинаа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски...

Делегација од армијата и министерството за одбрана, предводена од началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на паднатите бранители во село Волково, пред споменикот на загинати бранители во село Љубанци и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло време

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло време

УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, ова утро во осум часот. Од рано наутро, температурата во Кавдарци е 26 степени, со што е најтопол град.

На Попова Шапка се измерени 18 степени, а тоа е најниската температура утрово во осум часот во Македонија.

Во Скопје во осум часот УХМР измери 24 степени.

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 14 до 24 степени, додека максималните ќе достигнат од 32 до 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер