Иснер се пензионираше со рекордни 14.470 асови - Канал 5

Иснер се пензионираше со рекордни 14.470 асови

Играчот со најмногу асови во светскиот тенис, 38-годишниот Американец Џон Иснер ја заврши својата кариера со пораз денеска од сонародник Мајкл Мо со 3-6, 4-6, 7-6, 6-4, 7-6 во 2. коло на УС Опен.

Иснер се пензионираше со рекордни 14.470 асови

Во својот последен натпревар во кариерата Иснер додаде уште 48 асови со што дојде до бројката од 14.470 неодбранети сервиси, што е за 712 повеќе од вториот на вечната листа Иво Карловиќ од Хрватска.

Рекордот на Иснер уште долго време нема да биде соборен, бидејќи меѓу активните играчи со најмногу асови, вкупно 8.879 има Сем Квери, кој е на 35-годишна возраст и блиску до крај на кариерата.

Покрај рекордниот број асови, Иснер останува во аналите и како еден од учесниците во најдолгиот натпревар во историјата на тенисот, кога неговиот дуел против Французинот Николас Махут во Вимблдон во 2010 година траеше неверојатни 11 часа и пет минути.

Најдобриот пласман на Иснер во 17 – годишната професионална кариера, во која освои 16 турнири, е осмото место на АТП листата, а најголемите успеси ги оствари во 2018 година, кога ја освои својата единствена „Мастерс 1000“ титула во Мајами и дојде до полуфиналето во Вимблдон, што е негов најголем успех на грен – слем турнирите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.

Катерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК

Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК.

Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, најави минситерот за внатрешни Панче Тошковски.

Тошковски: Најголем број сообраќајни несреќи со тротинети се случуваат кај младата популација

Потенцираше дека ќе се заострува казнената политика и на регулативата во делот на управување со електрични тротинети, преку измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергија

Ќе има ли промени на сметките за струја откако ЕСМ од следната година повеќе нема целосно да ги покрива потребите на универзалниот снабдувач? 

Министерката за енергетика уверува дека нема да има раст на цената на електричната енергија

Од следната година АД ЕСМ нема целосно да ги покрива потребите со електрична енегрија на универзалниот снабдувач..Согласно новиот Закон за енергетика, уделот на струја што ќе го испорачува ЕСМ ќе биде ограничен на 70%, наместо досегашните 100. Министерката за енергетика Сања Божиновска објасни дека ова е последен чекор од исполнување на реформската агенда во енергетскиот сектор, но и дека тоа не значи поскапување на струјата. Според неа, поради пониските берзански цени на електричната енергија и зголеменото производство од обновливи извори не очекува раст на цената на струјата. Министерството за енергетика ќе се заложи и за евентуално укинување на блок-тарифите, но сепак како што изјави Божиновска, конечната одлука е во надлежност на Регулаторната комисија за енергетика.

„Ако ги гледаме цените како се нула во овој период и колку многу има повеќе електрична енергија и дека веќе Грција извезува, јас мислам дека може да се очекува намалување на овие цени, меѓутоа тоа е сепак берза што значи на берза може да има и скокови и падови, но некој тренд е дека сега имаме многу ниски цени и нули. Регулаторната комисија за енергетика е одговорна за блоковите, тие ги дефинираат, прават истражувања. Ако не повикаат ние секако ќе дадеме наше мислење, меѓутоа целта е една и единствена граѓаните да имаат пониски сметки. “

Божиновска истакна минатата година македонија била над европскиот просек односно околу 58% од инсталираните капацитети се од од обновливи извори. Таа очекува овој тренд да продолжи и во следниот период. На јавниот повик за изградба на енергетски објекти за 2027 година, до почетокот на месецов пристигнале над 800 иницијативи од приватни компании и институции

Божиновска на брифингот со медиумите соопшти и дека до министерството пристигнало решението од Државниот завод за индустриска сопственост, со кое официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, уникатен полускапоцен камен, со што добива статус на заштитено национално минерално наследство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер