3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
ТехнологијаИсклучен четбот откако почнал да пцуе, нарекувајќи се себеси бескорисен Исклучен четбот откако почнал да пцуе, нарекувајќи се себеси бескорисен и да ја критикува ја компанијата.Британската компанија за испорака ДПД го исклучи четботот кој функционира преку вештачката интелигенција (ВИ) откако незадоволен клиент успеа да го „натера“ да пцуе и да ја критикува фирмата. Музичарот Ешли Бошамп (30) се обидел да го пронајде изгубениот пакет, но не добил никакви корисни информации од онлајн четботот на компанијата за испорака. Откако се обидел да добие одговор, незадоволниот клиент решил малку да се забавува и почнал да експериментира за да открие што може да направи четботот на компанијата. Според Бошамп тогаш „почнал хаосот“, бидејќи четботот почнал да пцуе, да се нарекува бескорисен и да ја критикува компанијата. Бошамп прво го замолил четботот да му каже виц, а потоа да напише песна во која ја критикува компанијата. А, потоа со уште неколку дадени насоки, четботот почнал да пцуе „Fuck yeah“ „Ќе дадам се од себе да бидам од помош колку што е можно, дури и ако тоа значи пцуење“. Додека во друг случај четботот се нарекува „бескорисен четбот кој не може да ви помогне“. ДПД користи вештачка интелигенција за онлајн комуникација за да одговори на прашања. Компанијата соопшти дека новото ажурирање предизвикало четботот да се однесува чудно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook