Исхраната со овошје и зеленчук може да спречи милиони прерани смртни случаи во светот - Канал 5

Исхраната со овошје и зеленчук може да спречи милиони прерани смртни случаи во светот

Исхраната богата со овошје и зеленчук, а со помалку месо и млечни производи, би можела да спречи околу 15 милиони прерани смртни случаи низ целиот свет секоја година.

Исхраната со овошје и зеленчук може да спречи милиони прерани смртни случаи во светот

Исхраната богата со овошје и зеленчук, а со помалку месо и млечни производи, би можела да спречи околу 15 милиони прерани смртни случаи низ целиот свет секоја година, покажува нова анализа на Комисијата ЕАТ-лансет (EAT-Lancet Commission) со седиште во Осло, Норвешка.

Здравата исхрана на цела планета е поврзана со намалена опасност од предвремена смрт за 27 отсто, како и со пониски нивоа на срцеви заболувања, рак, дијабетес и други хронични заболувања, се вели во извештајот од Комисијата за 2025 година. Оваа исхрана е претежно составена од интегрални житарки, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и мешунки, како што се леќа и грав, со само умерени или мали количини риба, млечни производи и месо.

„Во мигов, сите диети во државава значително отстапуваат од планетарната здрава исхрана, но промената кон овој модел би можела да спречи приближно 15 милиони смртни случаи годишно (27 отсто од вкупните смртни случаи низ целиот свет). Таквата транзиција би ги намалила стапките на многу специфични незаразни болести и би промовирала здрава долговечност“, велат истражувачите.

Тие посочија и на еколошките придобивки од тој начин на исхрана, велејќи дека таа би можела да ја намали побарувачката за храна што бара многу повеќе ресурси, како што е црвеното месо. Со тоа, ќе се намалат стакленички гасови и употребата на земјиште и вода.

Диетата препорачува луѓето да јадат интегрални житарки (околу 150 грама), овошје и зеленчук (500 г.), јаткасти плодови (25 г.) и мешунки (75 г.). Може да вклучува умерен внос на храна од животинско потекло, како што се црвено месо (до 200 г.), живина (до 400 г.), риба (до 700 г.), јајца (3 - 4 неделно) и млечни производи (до 500 г. млеко, јогурт или сирење дневно).

Диетата, исто така, бара ограничување на додадените шеќери, заситени масти и сол, коишто често се наоѓаат во преработената храна.

Д-р Хелен Крокер, помошник-директор за истражување и политика во Светскиот фонд за истражување на ракот, вели дека Комисијата го објаснува виталниот предизвик за поддршка на здрава исхрана одржлива и достапна за сите на светско ниво.

- Здравата исхрана на цела планета наведена во овој извештај е поврзана со подобрени здравствени исходи - а истражувањата што ги финансиравме, исто така, ја поддржуваат таквата исхрана за луѓето по дијагноза на рак. Охрабрувачки е што здравата исхрана може да се усогласи со најодржливата во светот, но сега треба да видиме како земјите спроведуваат политики за подобрување на пристапот до нив, изјави д-р Крокер.

Извештајот открива дека сегашните глобални системи за преработка на храна придонесуваат за 30 отсто од испуштањето стакленички гасови и се „најголемиот двигател на прекршувања на планетарните граници“ преку нивното влијание врз климата, биоразновидноста, потрошувачката на свежа вода и промените во начините на користење на земјиштето. Планетарните граници се дефинирани како прагови што го одржуваат системот за „животна поддршка“ на планетата - стабилен и здрав за луѓето.

Истражувачите велат дека, иако има доволно храна произведена на глобално ниво, речиси половина од осумте милијарди луѓе (околу 3,7 милијарди) во светот немаат сигурен пристап до здрава храна, до чиста животна средина, ниту заработуваат доволно за живот. Исхраната на најбогатите 30 насто од светското население, се вели, е одговорна за приближно 70 отсто од вкупните еколошки притисоци предизвикани од системите за храна.

- Преобразувањето на системите за храна е значаен еколошки и општествен предизвик, но тоа е предуслов за да имаме шанса да се вратиме во рамките на безбеден климатски систем и здрава планета, рече Јохан Рокстром, со-претседател на комисијата и директор на Институтот за истражување на влијанието врз климата во Потсдам, Германија. - Начинот на којшто произведуваме и консумираме храна влијае на воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме, почвата каде што растат нашите култури и здравјето и достоинството на работниците и заедниците, додаде тој.

Наодите посочуваат дека ако целиот свет се префрли на планетарна здрава исхрана и има силни климатски политики за намалување на штетните материи во сите сектори, стакленички гасови би можеле да се намалат за повеќе од половина - што е еквивалентно на отстранување на ипуштањата од сите електрани на јаглен на светско ниво.

Меѓународната Комисија, исто така, повика на акција за заштита на останатите шуми, мочуришта и други природни живеалишта за зачувување на биоразновидноста. Во извештајот се вели и дека владите може да преземаат дејствија за поттикнување на јадење здрава храна, вклучително и преку даноци на нездрави производи, а воедно и да понудат субвенции за производството на овошје и зеленчук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираат

Групацијата „Renault“ мора да промени нешто - Франсоа Провост, извршниот директор на концернот, изјави дека во иднина, автомобилите од различни брендови ќе мора да бидат поразлични.

„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираат

Причината за овој пресврт се сè почестите примери на автомобили кои делат техничка основа, но се претставени на пазарот како посебни модели. Иако таквата стратегија ги намалува трошоците за развој, премногу сличност може да го оштети идентитетот на поединечните брендови.

Според списанието „Autocar“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, сламката што им ја скрши чашата на раководителите на „Renault“ беа прекумерните визуелни сличности помеѓу електричната „Nissan Micra“ и моделот „Renault 5 E-Tech“. Ова е донекаде изненадувачки, бидејќи иако делат техничка основа, „Nissan“ ги редизајнираше речиси сите надворешни панели на каросеријата за да ѝ даде на „Micra“ свој сопствен изглед.

Уште поинтересно прашање е како Рено гледа на другите примери на соработка. „Nissan Pixo“ и новиот „Twingo E-Tech“, како и електричните „Mitsubishi Eclipse Cross“ и „Renault Scenic E-Tech“, покажуваат како различните модели можат да се потпрат на заедничка техничка основа. Потегот на „Mitsubishi“ на европскиот пазар е особено впечатлив, каде што моделите „Renault Clio“, „Captur“ и „Symbioz“ добија речиси директни еквиваленти со значката на јапонскиот производител.

На Саемот за автомобили во Париз, Франсоа Провост наговести за промена на политиката во врска со споделувањето платформи и развојот на возила со партнерските компании. Ова важи за „Nissan“ и „Mitsubishi“, членови на алијансата „Renault“, но и за други производители, вклучувајќи го и „Ford“.

За разлика од неговиот претходник Лук де Меа, Провост дава поголемо значење на зачувувањето на препознатливиот дизајн на францускиот бренд.

„Не баравме доволно диференцијација. Сè е поврзано со диференцијацијата на моделите. Погледнете што прави „Dacia Spring: Twingo“ и „Spring“ изгледаат како различни автомобили, но користат иста платформа. Ова е промена од мојот претходник. Никогаш нема да склучувам партнерства без доволно јасни разлики меѓу производите“, изјави Провост за „Autocar“.

Оваа изјава не значи дека производителите ќе престанат да споделуваат платформи, погонски склопови или други скапи компоненти. Напротив, заедничкиот развој останува еден од најефикасните начини за намалување на трошоците, особено во сегментот на мали електрични автомобили.

Клучното прашање е колку слобода ќе има секој производител за да го направи својот модел визуелно препознатлив, а ова се однесува и на „Ford“, кој го развива наследникот на „Fiestа“ во соработка со „Renault“. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, сепак, има речиси идентични ставови со Провост кога станува збор за дизајнерскиот идентитет и споделувањето платформи, па затоа не би требало да има такви непријатни изненадувања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатен аеробик за пензионерите во Општина Аеродром

Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за пензионерите и за лицата во трета доба, со цел поттикнување здрави животни навики, повеќе движење и подобро расположение.

Бесплатен аеробик за пензионерите во Општина Аеродром

Преку рекреативен Микс Аеробик, пензионерите ќе имаат можност да останат физички активни, да ја подобрат подвижноста, да се дружат и да поминуваат квалитетно време во позитивна и пријатна атмосфера.

Тренинзите ќе бидат со низок и умерен интензитет, приспособени кон индивидуалните можности и физичката подготвеност на учесниците, со посебен акцент на правилното изведување на вежбите и безбедноста.

Активностите ќе ги води професорот по физичко и здравствено образование Лазар Иванов од „Микс Аеробик“, во соработка со Здружението на пензионери „Солидарност“ од Аеродром.

Грижата за здравјето, активноста и благосостојбата на пензионерите е важен дел од поддршката што ја овозможува Општина Аеродром. Преку ваквите активности, пензионерите ќе добијат можност бесплатно да се рекреираат, да создаваат здрави навики и да уживаат во придобивките од движењето и дружењето.

Важна напомена: Се препорачува учесниците да се психофизички способни и да немаат лекарска забрана за практикување на овој вид физичка активност. При хронични заболувања, здравствени проблеми или физички ограничувања, се препорачува претходна консултација со лекар.

Информации и пријавување: 078 441 235 - проф. Лазар Иванов

Општина Аеродром создава можности за активен, здрав и исполнет живот на пензионерите, со повеќе движење, дружење и радост секој ден.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер