Исчезнатиот новинар на Вашингтон Пост бил убиен и искасапен во Истанбул (ВИДЕО)

Неименувани лица поврзани со истрагата на турските власти објавија дека новинарот Џамал Кашоги , кој работеше како колумнист во Вашингтон Пост бил убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турските власти , кои спроведоа голема истрага по исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги ги известиле американските истражни органи дека новинарот е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во истанбул , а потоа неговото тело е искасапено и скриено. Ова го тврди Вашингтон пост.

Претходно турските власти објавија и снимки од безбедносни камери на кои се гледа како новинарот е приведен веднаш по влегувањето во конзулатот , каде требало да извади документи , потребни за венчавка со турска државјанка.

Новинарот Kашоги е познат како критичар на властите во Саудиска Арабија. За сега нема официјална потврда за ваквите наводи на неименувани лица поврзани со истрагата на турските власти. Претседателот на Турција , Реџеп Таип Ердоган веднаш по исчезнувањето на новинарот рече дека лично ќе се заложи да се открие како и каде исчезнал Кашоги.

Од Саудиска Арабија демантираат вмешаност во исчезнувањето на новинарот и тврдат дека тој го напуштил конзулатот. Денеска делегација од Саудиска Арабија пристигна во Турција за да се придружи кон истрагата.

Турските власти пред два дена објавија снимки од аердромот во Истанбул , каде се гледа дека неколку лица од Саудиска Арабија пристигнуваат во Истанбул , и по неколку часа ја напуштаат земјата.

Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.

Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %.

Кина: Се надеваме дека МКС ќе биде објективен во однос на Израел

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кина денеска соопшти дека се надева дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг ќе задржи „објективен“ став откако објави дека се бараат потерници за лидерите на Израел, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и на Хамас за воени злосторства извршени за време на седуммесечната војна во Газа.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кан во изјавата соопшти дека бара потерници против израелските лидери Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно убиство“, „истребување и/или убиство“ и „изгладнување“.

- Кина секогаш стоела на страната на правдата и меѓународното право за палестинското прашање, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, додавајќи дека Пекинг ги поддржува „напорите за промовирање на сеопфатно, праведно и трајно решение за палестинското прашање“.

- Колективното казнување на палестинскиот народ треба да престане, додаде тој.

Според Ванг, постои „голем консензус во меѓународната заедница веднаш да се запре војната во Газа и да се стави крај на хуманитарната криза на палестинскиот народ“.

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Од УХМР препорачуваат за поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

притисни ентер