СветИсчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САДОколу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.Тагови: Гранд Кањон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска нови цени на гориватаРегулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги утврди новите малопродажни цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од полноќ.Одлуката ќе покаже дали граѓаните во наредните денови ќе плаќаат помалку или повеќе за гориво. Според последната одлука на Регулаторна која е во сила од претходниот понеделник, бензинот супер БС 95 се продава по цена од 93 денари за литар, 98ка за 95 денари по литар и дизелот се точи по цена од 101, 5 денари по литар. Оваа пресметка на Регулаторна беше направена со намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во ЕвропаЕвропската тркачка приказна на Игор Стефановски - Иџе со новиот прототип започна одлично. Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки. Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 - категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки. Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка. Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот. „Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски. Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик. „Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“ По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки. „Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе. Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаАктивни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски БродСедум пожари се уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 изгаснати информираа од центарот за управување со кризи.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и подмочани во општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активни пожари има и над селото Палиград во општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста сватови во општина Чашка, кај селото урвич во општина Боговиње, кај селото Градец во општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во општина Македонски Брод.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44