ЕвропаИрската полиција ја прекина блокадата во центарот на Даблин- Хаос поради цените на гориватаПолицијата на Република Ирска денес ја прекина блокадата со трактори и камиони што траеше пет дена и го наруши сообраќајот во центарот на Даблин, објавија локалните медиуми.Протестот е предизвикан од наглото зголемување на цените на горивата, а ирската влада се обидува да ги ограничи економските последици од бранот блокади низ целата земја, објавува Ројтерс. Демонстрантите, огорчени од зголемувањето на цените на дизелот за повеќе од 20 проценти од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран, оваа недела користеа трактори и камиони за да блокираат рафинерија за нафта, две пристаништа, терминал за гориво и неколку патишта низ Република Ирска. Протестите предизвикаа големи прекини во сообраќајот во Даблин и оставија околу една третина од бензинските пумпи во земјата без гориво. Ирската влада одби да преговара со демонстрантите, меѓу кои има земјоделци, возачи и претприемачи, но е во преговори со групи од земјоделскиот и транспортниот сектор за мерки за ублажување на зголемените трошоци за гориво. 🚨 BREAKING - Dublin 🇮🇪 Huge numbers of gardai have now completely cleared O’Connell St where the peaceful fuel protest is. They appear to be setting up barricades so as to have space to remove the vehicles. Farmers, truckers, bus drivers - all now removed from their vehicles.… pic.twitter.com/Z5oZfSFYHb — TheLiberal.ie (@TheLiberal_ie) April 12, 2026 Резултатите од анкетата спроведена од дневниот весник „Сандеј Индепендент“ покажаа дека 56 проценти од испитаниците ги поддржуваат протестите, но дека мнозинството поддржувачи на двете владејачки партии не ги одобруваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаКривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објектПолицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш. Од министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, опфатени се и поранешната раководителка на секторот за урбанизам во општина Струмица и управител на правно лице од Битола, кое во меѓувреме е ликвидирано. Според МВР, во 2022 година Костадинов и поранешната раководителка, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања, му овозможиле на физичко лице од Куклиш да легализира објект изграден без соодветна документација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМилановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволивоХрватскиот претседател Зоран Милановиќ го осуди однесувањето на дел од навивачите на Торцида, кои вчера во Сплит, пред фудбалскиот натпревар Хајдук и Ајакс во Конференциската лига, извикуваа пароли со кои ги величеа нацистичкиот и усташкиот режим.„Недозволиво, срамно и за секоја осуда е однесувањето на дел од навивачите на Торцида во Сплит. Извиците и постапките со кои отворено се слават нацистичкиот и усташкиот режим бараат итна и систематска реакција од хрватската полиција, државното обвинителство и, на крајот, судовите. Ги повикувам сите надлежни институции крајно сериозно да пристапат кон истрагата за овој срамен настан, за такво нешто повеќе да не се повтори“, порача Милановиќ. Тој нагласи дека осудите од владата повеќе не се доволни и побара конкретни мерки и санкции. „Зборовите на осуда што ги слушаме од владата повеќе не се доволни. Потребни се мерки и санкции што ќе покажат дека во хрватска нема место за величење на нацизмот и усташтвото“, истакна хрватскиот претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26