Иринеј Бачки: Ако Украинската црква добие автокефалност, истото може да се случи и во Македонија - Канал 5

Иринеј Бачки: Ако Украинската црква добие автокефалност, истото може да се случи и во Македонија

 „На православието му се заканува раскол, поголем од оној меѓу Истокот и Западот“, предупреди српскиот владика Иринеј Бачки .

Иринеј Бачки: Ако Украинската црква добие автокефалност, истото може да се случи и во Македонија

По повод најавите на Вселенската патријаршија дека ќе и даде автокефалност на Укринската црква, што според него, може да се случи и во Македонија.

Тој за весникот „Политика“ коментирајќи ги предупредувањата од Руската православна црква (РПЦ) дека целиот православен свет е во опасност по одлуката на Цариградската патријашија да постави двајца „егзарси“ во Киев вели дека прв пат во историјата на православната црква и се заканува вистинска опасност од нов голем раскол, овојпат не помеѓу христијанскиот Исток и Западот, туку во самиот Исток.

- Ако тоа се случи, а јас се надевам дека и покрај сè нема да случи, тоа ќе биде поголем и потежок раскол од сите претходни во историјата на црквата, квантитативно поголем и од расколот во 1054, со оглед на сегашниот број на православни цркви и нивната раширеност во светот, рече владиката Иринеј.

Според него, егзарсите во Киев не се поставени, туку пратени на определено време со конкретна мисија.

- Мисијата е за спроведување на планот за доделување автокефалност на украинските расколници од повеќе бои и видови, а против волјата на законската, канонска црква во Украина, призната од сите цркви, почнувајќи од Цариградската патријаршија, објасни Иринеј, истакнувајќи дека зборот „егзарх“ во овој случај значи само претставник или легат.

Тој истакнува дека СПЦ не го прифаќа постоењето на две различни православија, едното „фанариотско", а другото „Московско", туку дека верува во една, света, соборна и апостолска Христова црква.

- Накусо: ние не сме за Москва, туку за целосно почитување на вековниот канонски поредок и не сме ниту против Цариград, туку против каква било иницијатива која, дури и независно од добрите намери, сигурно дека ќе предизвика уште потешки потреси и поделби од оние кои веќе ги имаме, рече Иринеј.

Запрашан дали постои можност, ако црквата во Украина на овој начин добие автокефалност, сличното да се случи и во Македонија, епископот бачки предупреди дека ако нешто такво „помине во Украина, тоа ќе помине не само во Македонија, туку и во Црна Гора, Абхазија и каде и да посакаат нарачателите и извршителите, па можеби дури и во Грција".

Во контекст на прашањето за автокефалност на Македонската православна црква, бачкиот владика Иринеј ја наведува „српската верзија“ на автокефалност на СПЦ од Охрдската архиепископија.

- Големиот православен раскол најверојатно е спомнат од црковните великодостојници и во 1219 година, кога Св. Сава дипломатски ја „грабна“ идната српска црква од Охридската архиепископија. Таа година Св. Сава (Растко Немањиќ) е ракоположен за „архиепископ на српските и крајбрежните земји“ од страна на патријархот Манојло I Цариградски во Никеја" (со поддршка на византискиот цар Теодор, кој се бореше за доминација со Епир), а српската црква ја доби автокефалноста и достоинството на архиепископија. На основањето на таа Архиепископијата во Пеќ, како неканоска и незаконска, огорчено и се спротивстави Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан под чија јурисдикција беа и Србите. Пред дипломатскиот удар на Свети Сава, на Охридската архиепископија не и помогна дури ни фактот што на денешната територија на Македонија христијанството е познато уште од времето на апостол Павле и што архиепископијата е автокефална уште од крајот на 9-от век, вели српскиот владика Иринеј Бачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорчевска ја дозна противничката во првото коло на Вимблдон

Детскиот сон стана „јаве“ – Лина Ѓорческа е првата македонка во историјата која ќе истрча на „Светиот тревник“ и тоа, ниту помалку, ниту повеќе – на теренот број 1. на најстариот и најпрестижен светски тениски турнир, Гренд Слемот – Вимблдон.

Ѓорчевска ја дозна противничката во првото коло на Вимблдон

„Ниту е лесно, ниту има поддршка, но горда сум што, иако доаѓам од мала земја, сум единствената во историјата“ – порача македонската тенисерка по квалификациската победа над италијанката Луција Бронзети со 6-1, односно 6-2 во сетови...

-За мене, лично, навистина сум горда што сум, иако доаѓам од мала земја, горда сум што сум единствената во историјата, мислам и на жените и мажите, ова навистина е остварување на сонот за мене. Но, како што кажавте, доаѓајќи од мала земја, мора да се справите со многу работи, не е лесно. Првенствено за тренинг, за терени, и за пари исто така, нели? Мораш се да направиш сам, како што јас правам се сама. Значи, не е лесно, но кога ќе стигнете тука, навистина е 100% повеќе. - Лина Ѓорческа – Тенисерка

„Овој успех е најголемиот во тениската историја на Македонија, а знам колку време Лина го чекаше овој момент“ – порача поранешниот АТП – тенисер Предраг Русески. До Гренд Слем е вели е тешко да се стигне, особено поради несоодветната инфраструктура и финансиска поддршка во Македонија, па се надева дека овој успех ќе ги разбуди институциите. Но, вели овој подвиг сега носи нов моментум, па на оние деца, кои сонуваат со рекетот во рака, Ѓорческа им покажа дека соништата можат да си ги остварат.

-Таа логистика, таа неинфраструктура во Македонија, финансиите се секогаш главен проблем и многу е поголемо чувството на успех и поголемо задоволство кога ќе се направи ваков резултат од една мала земја.Треба да се дочека можноста, вредно да се работи, да се верува на тренерот, да се верува на својата игра, поддршката од родителите и најблиските е секако таа која те следи и те носи низ целата кариера, и верувам дека ако си констатен и веруваш во својот успех, кога – тогаш, Господ ќе ти ја даде таа среќа. Многу сум среќен за Лина, и за Лабуд, нејзиниот тренер, знам дека вредно и долго работат заедно. - Предраг Русески – Поранешен АТП тенисер

Министерот за Спорт – Борко Ристовски за Канал 5 вели дека подвигот на Ѓорческа е важен за македонскиот спорт и особено ќе влијае врз младите. Што се однесува до финансиската поддршка, вели најголемиот дел од средствата во тениската федерација се слеваат од државата. Тенисот е скап, индивидуален спорт за кој има поддршка, но не и финансирање.

Ѓорчевска на Вимблдон, единствениот турнир со митски статус и природна трева ќе истрча во понеделник, а противничка ќе и биде минатогодишната финалистика на Вимболдон, американката Аманда Анисимова која е шеста на АТП листата и важи за голме фаворит и годинава. времето на почетокот мечот, допрва ќе прецизира, во зависност и од останатите натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 120 македонски уметници ќе настапат во 15 градови за 35 години независност

Повеќе од 120 домашни уметници ќе бидат дел од голем музичко-сценски спектакл со кој ќе се одбележат 35 години од независноста на Македонија.

Над 120 македонски уметници ќе настапат во 15 градови за 35 години независност

Перформансот ќе се изведува на отворено во 14 до 15 градови низ земјата во август и септември. Проектот е замислен како уметничко патување низ најзначајните моменти од изминатите три и пол децении, а не како класично хронолошко претставување на политичките и општествените настани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир Хисар

Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.

 Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир Хисар

Проблемот со обезбдувањето на лицата со психичи заболувања кои се сметстни во судските одделенија во психијатриските болници се најдоа и во извештајот на народниот правобранител во делот на местата за лишуање од слобода, полициските станици, казнено поправните домови и психијтриските установи. Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.

Канал 5 во серија прилози ја работи оваа тема каде што вработени од болниците велат дека и покрај малиот број на вработени за лекување не можат да бидат и полицијаци и да ги контролираат. Александар Пандов првиот човек на упрвата за извршување на санкции потври дека со новите измени на законот ќе биде ставено да има во овие установи затворска полиција. Исто од канцеларијата на народниот правобранител објанија дека има пренатрупаност во затвоите и многу често притворите и оние кои се во затвор се заедно.

Во полициските станици е потврдено дека нема доволно униформирани полицајци и во поголем дел од станиците нема посебни простории за сослушување на деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер