ИРИ: Заев ужива најголема доверба меѓу граѓаните во земјава

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев", а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто.

Според истражувањето спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), претседателот на СДСМ Зоран Заев ужива поголема доверба од граѓаните, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев", а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто.

Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти.

Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице". /МИА

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер