Иранскиот ајатолах објави фатва- ги повикува сите муслимани да ги убијат Трамп и Нетанјаху - Канал 5

Иранскиот ајатолах објави фатва- ги повикува сите муслимани да ги убијат Трамп и Нетанјаху

Иранскиот велик ајатолах Насер Макарем Ширази издаде фатва со која ги повикува муслиманите ширум светот да ги убијат Трамп и Нетанјаху, нарекувајќи ги „непријатели на Бога“.

Иранскиот ајатолах објави фатва- ги повикува сите муслимани да ги убијат Трамп и Нетанјаху

Ајатолахот Насер Макарем Ширази, еден од водечките шиитски религиозни авторитети во исламскиот свет, како одговор на прашање рече: „Секое лице или режим што се заканува или напаѓа на раководството и владата со цел да му наштети на исламскиот умма и неговиот суверенитет се смета за „мохареб криминалец““. Во својата фатва против Трамп и „лидерот на ционистичкиот режим“, ајатолахот Макарем додаде: „Неопходно е сите муслимани ширум светот да ги натераат овие непријатели да се покаат за своите зборови и грешки“.

Според фатвата на ајатолахот Ширази, секаква соработка и поддршка за такви поединци или режими од страна на муслиманите или исламските држави е забранета. Ширази нагласи дека е потребно сите муслимани ширум светот да ги натераат овие непријатели „да се покаат за своите зборови и грешки“ и дека оваа акција е неопходна дури и ако бара страдање или загуби, објави агенцијата Афганистан прес.

Фатвата на ајатолахот Макарем Ширази гласи:

„Секое лице или режим што се заканува или напаѓа на раководството и владата со цел да му наштети на исламскиот уммет и неговиот суверенитет се смета за воен непријател.“

„Секоја соработка и поддршка од муслиманите или исламските држави е забранета.“

„Неопходно е сите муслимани низ целиот свет да ги натераат овие непријатели да се покаат за своите зборови и грешки, а ако претрпат страдање или загуби, ќе добијат награда на борец на патот на Аллах, ако даде Бог.“

„Нека Бог ја заштити исламската заедница од злото на непријателот и нека го забрза појавувањето на Господарот на вековите и времето.“

Иранската новинска агенција Мехр, исто така, ја објави фатвата, повторувајќи ги зборовите на великиот ајатолах, пренесе Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ .

На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.

Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.

Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво.

Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи.

Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни.

СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.

И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.

Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема.

Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?

СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.

Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Кошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната.

Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане.

Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната.

YouTube video

Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер