СветИранската револуционерна гарда му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи Иранската револуционерна гарда, идеолошката армија на Исламската Република Иран, му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, кој е именуван за нов ирански врховен лидер.Исламската револуционерна гарда „го поддржува изборот на Советот на експерти (и) е подготвена целосно да се покори и да се жртвува за да ги исполни божествените заповеди“ на Моџтаба Хамнеи, се наведува во соопштението. Моџтаба Хамнеи, син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, е именуван за наследник на својот татко како врховен лидер на Иран, објавија синоќа иранските државни медиуми. Како што објавија агенциите, 56-годишниот Моџтаб Хамнеи беше назначен за врховен лидер од страна на Советот на експерти, откако со години создаваше блиски врски со елитната Револуционерна гарда и градеше влијание во свештеничкиот естаблишмент. Тој преживеа воздушен напад на САД и Израел против Иран и е назначен од иранскиот естаблишмент како потенцијален наследник на својот татко, кој беше убиен во воздушен напад минатата сабота. Како моќен свештеник од среден ранг, Моџтаба Хамнеи се спротивставува на реформаторите кои сакаат да соработуваат со Западот во обидот да ја ограничи нуклеарната програма на Иран и кои сакаат поголема слобода. Неговите блиски врски со Револуционерната гарда (ИРГЦ) му дадоа дополнителна предност во иранскиот политички и безбедносен апарат, а тој изгради влијание зад кулисите како „влез“ до својот татко, велат извори запознаени со ова прашање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаГори во Могила и Долнени, три пожари се изгаснатиДо 13:00 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.Активни се пожарите во селото Могила, Општина Могила, каде што гори ниска вегетација, како и кај селото Ропотово во Општина Долнени, каде што е зафатено стрниште. Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на територија на општините Василево, Гостивар и Петровец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Талир 2“ е пред Апелација, случајот за Груевски застарува за три неделиЖалбата на Обвинителството на ослободителната пресуда за Груевски за „Талир“2, стигнала во Апелација.Од Кривичниот суд велат дека списите за предметот вчера се доставени до апелацискиот суд.. Пресудата на 31 јули била доставена до сите странки, а на 5 август Обвинителството ја обжалило. По приемот на жалбата од страна на сите странки, предметот е доставен до Апелациониот суд скопје за понатамошно постапување, велат од кривичниот суд. Сепак, случајот против Груевски за обвинителството е веќе изгубен затоа што за три недели застарува. Евентуално можно е да предизвика евентуална промена околу конфискацијата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, вредна 14 милиони евра и останатиот имот од 2 милиони, ко беше замрзнат со предметот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од СтоилковиќНародот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски.Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ. Мицкоски дури и на Илинден, наместо национално обединување, го отвори говорот со зборот „талог“. Подолго време тече оркестрирана кампања на омраза и навреди по директива на началникот на Мицкоски - Драган Павловиќ Латас. Навредите на Мицкоски: талог на општеството, мочуриште, медиокритети, мекотели, глодари… и сѐ друго што го говори за македонскиот народ - сега оди во уште полоша форма. Ниво на сеење омраза и бес. Криминалната организација ВМРО и екипата на Вучиќ, откако им го откривме планот со медиумите и Стоилковиќ, удрија со нејнечист речник. Зборовите што ги користат не можеме сите да ги изговориме поради нашата култура. Само неколку ќе споменам: • кловновска дружина • комуњарско коњиште • духовен изрод • евтин хохштаплер • смешен кловн со две леви нозе Ова е дел од јазикот што го користат иако има многу пониски зборови, полни со најпримитивни навреди и омраза. И вакви текстови Иван Стоилковиќ го промовира на својот Фејсбук-профил. Тој е министер во Владата на Христијан Мицкоски! Ваквите зборови доведоа до напад на деца во Ново Село - само затоа што носеа транспарент на вистината, а тоа е дека водата е загадена во Гостивар. Сите овие методи се видени во Германија во триесеттите години од минатиот век. Фашистички методи во 21 век во Македонија. Српскиот свет на Вучиќ влегува на мала и на голема врата. Ова е лицето на криминалната власт која ја држи земјата во изолација. Која нема резултати и повеќе нејзините лаги не поминуваат. Прочитани се! Македонија нема ова да го дозволи. Наскоро доаѓа времето на вистината и правдата! Македонија ќе победи! Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook