ЖивотИранска шахистка настапи на меѓународно натпреварување без хиџабИранската шахистка, Сара Кадем, на Светското првенство во брз шах што се одржува во казахстанскиот град Алмати настапи без хиџаб, објавија ирански медиуми.Новинските куќи „Хабарварзеши“ и „Етемад“ пишуваат дека Кадем настапила на Светското првенство на ФИДЕ во брз и блиц шах во Алмати без хиџаб – шамија, која е задолжителна според строгиот кодекс на облекување на Иран. Фотографиите што ги објавија двете вести ја покажуваат без марама за време на турнирот. Кадем е уште еден ирански спортист кој настапува на натпревари без хиџаб од почетокот на антивладините протести. Сара Кадем (25), чие полно име е Сарасадат Кадемалшарие е рангирана на 804 место на светската ранг листа на Меѓународната шаховска федерација. Во Иран од средината на септември се одржуваа демонстрации против раководството на земјата, кога 22-годишната иранска Курдка, Махса Амини, почина во притвор откако беше приведена поради „несоодветна облека“. Во октомври иранската алпинистка, Елназ Рекаби, се натпреваруваше во Јужна Кореја без марама, а подоцна изјави дека тоа го направила ненамерно. Во ноември, иранска натпреварувачка во стрелаштво изјави рече дека не забележала оти ѝ паднал хиџабот на церемонијата на доделување награди во Техеран, откако се појави видео на кое се гледа како ја фрла шамијата во знак на поддршка на демонстрантите. Фудбалерите на Иран одбија да ја пеат националната химна пред натпреварот против Англија на Светското првенство во Катар, но ја отпеаа пред натпреварите од втората и третата група. Во коментарите објавени од државните медиуми во ноември заменик-министерката за спорт на Иран, Мерјам Каземипур, рече дека некои ирански спортисти дејствувале против исламските норми и потоа се извиниле за нивните постапки. Се проценува дека повеќе од 300 луѓе ги загубиле животите во Иран во протестите што избувнаа на 16 септември по смртта на 22-годишната Амини. An Iranian chess player Sara Khadem has taken part in an international tournament without a hijab, according to media reports. #MahsaAmini #Iranhttps://t.co/walmg4VYLG pic.twitter.com/orOoUqDXCY — Jason Brodsky (@JasonMBrodsky) December 27, 2022 My favorite chess player in the World right now: Sara Khadem, representing Iran in the World Rapid & Blitz in Kazakhstan ❤️❤️❤️ photo @LennartOotes https://t.co/prsQMuCJrw #RapidBlitz #MahsaAmini pic.twitter.com/qbeTo3lyr5 — Jennifer Shahade (@JenShahade) December 27, 2022 Segundo día del Mundial de Ajedrez en #Almaty y la iraní que representa a la república islámica Sara Khadem compite sin hiyab #IranProrests2022 pic.twitter.com/ve4iEBAaND — mikel ayestaran (@mikelayestaran) December 27, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОгромна мечка среде Врање- трча пред автомобил со голема брзина (ВИДЕО)Во Врање беа снимени вознемирувачки сцени во кои возач на автомобил брка мечка на патот среде населба.На видеото се гледа како животното бегачки трча во темница, сè додека конечно не успева да сврти лево во тревата, објави Телеграф. View this post on Instagram A post shared by Veselinović Cirkus DOO (@vranjecirkus__) Постапките на возачот предизвикаа остри реакции на социјалните мрежи. - Не го вознемирувајте и не го плашете животното... дали сте нормални, а тоа ве брка вас?; - Бркајте мечка кон населба за да една од мечките биде убиена по патот - беа само дел од коментарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаИталијанска астронаутка ги откри тајните на нејзиниот престој во вселената (ВИДЕО)Саманта Кристофорети, Италијанка и астронаутка за Европската вселенска агенција, помина вкупно 370 дена, 5 часа и 45 минути во вселената. Сега, иако на Земјата, таа ги открива тајните на престојот во орбитата со своите следбеници на нејзината Фејсбук страница AstroSamantha. - Пиењето убаво кафе во вселената изгледа малку поинаку... Погледнете - напиша таа во видео што штотуку го објави. Во видеото, таа прво демонстрира како изгледа кога кафето се префрла од садот за складирање во еден вид чаша. „Може ли да користам чаша?“ се вели во видеото, исто така објавено на TikTok. „Ајде да пробаме.“ Откако ќе проба, се вели: „Мммм... Не можам да го извадам кафето.“ Но, потоа таа го покажува решението. „Ајде да ја пробаме вселенската чаша“, се вели и продолжува: „Има посебен облик. Овој агол му овозможува на кафето да тече кон работ поради капиларниот ефект.“ А потоа таа демонстрира како изгледа. Патем, посебна вселенска чаша е дизајнирана од друг астронаут - Дон Петит. Оваа чаша со нулта гравитација е првиот патент дизајниран во вселената. Саманта претходно во интервјуа изјави дека ја следи серијата „Ѕвездени патеки“ уште од детството и дека токму поради неа се заинтересирала за истражување на вселената. „Сигурна сум дека немаше да бидам на ова патување ако не беа „Ѕвездени патеки“, рече таа во тоа време. Тагови: астронаутка вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеверојатни сцени од Либија: Силните дождови го поплавија Триполи, има загинати (ВИДЕО)Најмалку едно лице загина откако обилните дождови ги поплавија улиците и предградијата на либискиот главен град Триполи, уништувајќи десетици возила.Владата им нареди на јавните служби итно да интервенираат, а Дирекцијата за безбедност на Триполи прогласи затворање на обиколница, објави France24, наведувајќи поплавени електрични раскрсници, зголемувајќи го ризикот од електричен удар. Видеата што кружат на социјалните мрежи и во медиумите, исто така, покажуваат возачи кои успеваат да излезат од своите автомобили заробени во водата во последен момент. Зградите во центарот на градот беа поплавени, вклучувајќи ја и Централната болница, каде што водата влезе во ходниците. Heavy rainfall triggered severe flooding in Libya’s capital, Tripoli, submerging cars, trapping people inside buildings and inundating hospitals. Videos show residents pleading for help and a security officer reportedly carrying a man with disabilities to safety. https://t.co/d9MbbNT3CT — Al Jazeera English (@AJEnglish) October 13, 2026 Националниот метеоролошки центар на Либија прогнозира обилни дождови низ северниот дел од земјата во понеделник вечерта, предупредувајќи ги луѓето што живеат во близина на суви речни корита и во долини. France24 објави дека секоја година во текот на летото, локалните власти во Триполи се обидуваат да ги подготват градските улици пред дождовите, чистејќи ги дренажните мрежи и шахтите кои често се затнати со песок што го носи пустинскиот ветер, но и покрај ова, за време на дождовната сезона улиците редовно се поплавуваат.Тагови: Либија Триполи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter