ЖивотИранката што се изобличила за да личи на Анџелина Џоли , заврши во затворИранската полиција ја уапси ѕвездата на Инстаграм во таа земја , зашто со пластични операции драстично си го сменила изгледт со цел да личи на Анџелина Џоли. Сахар Табар (21), беше приведена под судски налог во Техеран, поради тоа што се занимава со „културни злосторства“ и социјална и морална корупција, јави агенцијата Тасним. Таа е обвинета за богохулење, поттикнување насилство, незаконско стекнување имот, поттикнување на младите кон корупција и непочитување на кодексот на облекување. Сахар Табар се здоби со популарност на Инстаграм и има повеќе од 26 000 следбеници откако минатата година објави фотографии со лицето по пластична операција. Повеќето нејзини фотографии и видеа што ги сподели на Инстаграм се обработувани во фотошоп за да личи на големата холивудска sвезда Анџелина Џоли. Нејзиниот профил е исполнет со морничави фотографии од нејзиното испиено лице, напумпани усни и зашилен нос. На некои фотографии, Сахар Табар има бела лепенка на носот, вообичаена по пластична операција. Ваквите фластери може да се видат на лицата на многу Иранци на улиците на Техеран. Естетските операции се исклучително популарни во Исламската Република и десетици илјади вакви операции се вршат годишно. По приведувањето , нејзиниот профил е избришан, додека Инстаграм е единствената социјална мрежа дозволена во Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во БрвеницаПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36