3ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции
МакедонијаИран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во ИзраелИДФ утрово објави дека е лансиран нов бараж од ракети и беспилотни летала против Израел, а сирени се огласија во тие области.Земјите од Персискиот Залив објавија дека ноќеска и утринава Иран извел нови напади, еден ден откако Техеран ги повикаа Обединетите Арапски Емирати да ги евакуираат трите главни пристаништа, упатувајќи за првпат од почетокот на конфликтот закана кон имот што не е американски и за ширење на конфликтот во регионот на Блискиот Исток. ИДФ утрово објави дека е лансиран нов бараж од ракети и беспилотни летала против Израел, а сирени се огласија во тие области. Техеран ги обвини САД дека користат „ пристаништа и скривалишта“ во ОАЕ за да започнат напади врз островот Карг, каде што се наоѓа главниот нафтен терминал на Иран преку кој се наоѓа извозот на нафта, без да даде докази за тоа, објавуваат американските медиуми. Обединетите Арапски Емирати објавија околу 4:30 часот утрово дека нивните противвоздушни системи реагираат на ракетни и напади со беспилотни летала од Иран. Нападите следеа по пожарот што го зафати пристаништето Фудаира, каде што се наоѓа главниот терминал за извоз на нафта на источниот брег на земјата, по вчерашниот напад со беспилотни летала. Министерството за одбрана на Саудиска Арабија утрово објави дека неговите противвоздушни системи пресретнале и уништиле 10 беспилотни летала над главниот град Ријад и источниот регион на кралството. Истовремено, Бахреин објави дека ги вклучил сирените и ги повика жителите да се упатат кон најблиското засолниште. Во текот на ноќта, САД им наредија на неоперативните владини претставници и членови на нивните семејства да го напуштат Оман од безбедносни причини. Кувајт утрово објави дека Националната гарда соборила пет ирански беспилотни летала во претходните 24 часа. Доцна синоќа, Катар објави ажуриран извештај за нападите со ракети и беспилотни летала што ги одби вчера, но не пријави никакви нови напади во текот на измината ноќ. Израелската армија рано утрово објави дека Иран лансирал уште една салва од ракети кон Израел. Сирени се огласиле во Тел Авив и други области и се слушнале експлозии. Израелската војска објави дека сирените ги предупредиле жителите во областите под напад и дека е активирана противвоздушна одбрана. Во денешното соопштение, иранската Заедничка воена команда го обвини таканаречениот „непријател“ дека користи копии од иранските беспилотни летала за напад врз соседните земји со цел да го обвини Техеран, објавија иранските државни медиуми.Во соопштението се вели дека копии од иранските беспилотни летала Шахед-136, познати како LUCAS, биле користени за да се погодат „неважни цели во земјите во регионот“, вклучувајќи ги нападите врз Турција, Ирак и Кувајт. Тие не дадоа докази за ова. Американските медиуми прецизираат дека Иран вообичаено го користи зборот „непријател“ кога се осврнува на САД и Израел. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкцииСДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста. Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки. Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката. Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци. За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните. Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44