Иран го ослободи запленетиот танкер за нафта „Талара“ и 21- члениот екипаж - Канал 5

Иран го ослободи запленетиот танкер за нафта „Талара“ и 21- члениот екипаж

 Иран го ослободи танкерот за нафта запленет покрај брегот на Обединетите Арапски Емирати, соопшти денеска компанијата која управува со бродот, а чие седиште е во Кипар, јави ДПА.

Иран го ослободи запленетиот танкер за нафта „Талара“ и 21- члениот екипаж

На бродот „Талара“, кој пловеше под знамето на Маршалските Острови, му беше дозволено да продолжи со нормалните операции денеска рано утринава, наведе во соопштение компанијата „Columbia Shipmanagement“.

Во соопштението се наведува дека 21-члениот екипаж е „безбеден и во добро расположение“, додава германската агенција.

Не се покренати обвиненија против бродот, неговиот екипаж, сопствениците или менаџментот, се додава во соопштението.

Иранската страна, исто така, го потврди ослободувањето. Танкерот беше ослободен по судска наредба и се очекува да ги напушти иранските води уште денеска, објави иранскиот новински портал Khabarfoori, повикувајќи се на претставници од иранското Министерство за надворешни работи.

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC) во саботата соопшти дека го запленил танкерот за нафта со 30.000 метрички тони петрохемиски производи на бродот, потсетува ДПА.

Бродот „Талара“, што беше на пат кон Сингапур, потоа беше упатен од иранските власти кон пристаништето Макран, во Заливот, за истрага на можни прекршувања, соопшти ИРГК.

Мерката беше преземена како дел од законските обврски и за заштита на националните интереси, додаде ИРГК.

ИРГК претходно задржуваше странски танкери во Ормутскиот теснец,а најчесто политичките мотиви играа улога во тие постапки, потсетува ДПА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.

За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:

• Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар;

• Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето;

• Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром;

• Фотокопија од трансакциска сметка.

Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на следниот линк:

http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да инвестира во образованието и да им помага на семејствата во пресрет на почетокот на новата учебна година.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Изградбата на училиштата се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните

Изјава за медиуми на премиерот Христијан Мицкоски од населба Хром, Општина Ѓорче Петров.

Мицкоски: Изградбата на училиштата се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните

„Добар ден и од мене. Јас повторно со големо задоволство, со најголемо задоволство, сум овде во Општина Ѓорче Петров. Повторно на почеток на проект којшто е од суштинско значење и е со цел да, практично, помогне на нашите најмлади, на децата во делот на стекнување на нивното образование, во основното образование.

Би сакал што е можно повеќе вакви објекти да можеме да почнеме, како резултат на што е можно повеќе дечиња коишто би си родиле најпрвин, а потоа би дошле до оваа фаза на своето образование.

Му честитам на градоначалникот, на Советот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од Општина Ѓорче Петров, благодарност до Министерството за образование, до колегите од Владата што целиот овој период работиме за да отпочнеме нешто ново, да исправиме нешто од порано коешто било погрешно, да не создадеме нови дубиози и нови проблеми.

И ценам ваквите проекти само се додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните, пред сè на децата, бидејќи сето ова ние го работиме за нив. Да го оставиме за нив. Тие се тие коишто ќе го наследат сето ова коешто ние го работиме.

Еве нека се изгради овој објект за да можеме сите заедно да се радуваме во тоа што го правиме и што го создаваме.

Така што, нека е честито и да ни се множат вакви проекти уште повеќе.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груевска: Оставката не е од лични причини, за една и пол година, немав ниту една средба со министерот Љутков

Поранешната претседателка на Советот за македонски јазик, Симона Груевска, утрово на Фејсбук ги образложи причините за нејзината оставка, откако министерот за култура и туризам изјави дека таа функцијата ја напуштила од лични причини.

Груевска: Оставката не е од лични причини, за една и пол година, немав ниту една средба со министерот Љутков

Груевска напиша дека за една и пол година, колку што била на чело на Советот за македонски јазик, немала ниту една средба со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Исто така, тврди дека институционалната поддршка за работата на Советот била минимална, а активностите поврзани со одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик биле реализирани без финансиска поддршка. Груевска посочи дека речиси една година инсистирала да започне изработката на националната стратегија за македонскиот јазик, предвидена со законот за употребата на македонскиот јазик, но наишла на административни пречки и доцнења. Според неа, работната група за изработка на стратегијата била формирана дури на крајот на јануари годинава, а нејзините забелешки и барања останале без одговор.Советот за македонски јазик не бил консултиран во делот што се однесува на јазичната политика. Груевска вели дека на расправата ѝ било сугерирано јавно да не ги изнесува своите забелешки, по што ја напуштила седницата и истиот ден и поднела неотповикливата оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер