Пресврт во Венецуела: Се ослободуваат политичките затвореници по средбата на Трамп со Делси Родригез (ВИДЕО)
1Пресврт во Венецуела: Се ослободуваат политичките затвореници по средбата на Трамп со Делси Родригез (ВИДЕО)
СветИран ги предупреди САД: Ако повторно нѐ нападнете, ќе претрпите уште поголема штета Вооружените сили на Иран се подготвени за евентуални нови американски напади, изјави денеска воениот портпарол Мохамад Акраминија, според државните медиуми. Неговата изјава дојде откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го отфрлил иранскиот предлог за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на конфликтот. Предупредувања од иранските воени лидери Акраминија нагласи дека иранската војска е целосно подготвена за конфликт и предупреди дека САД ќе претрпат уште поголема штета ако повторно ја нападнат неговата земја, објави Ројтерс. Во посебна изјава, главниот командант на иранската армија, Амир Хатами, рече дека војната е во критична и одлучувачка фаза. Тој додаде дека Техеран нема да прифати ситуација во која неговата трговија е блокирана додека странските сили користат стратешки водни патишта во регионот. „Ако Иран не може да тргува, ако Иран не може да живее, никој нема да може да тргува или да живее. Ормутскиот теснец е теснец на нашето достоинство и чест. Нема да дозволиме непријателите на земјата да ја користат оваа клучна логистичка точка додека иранскиот народ е лишен“, рече Хатами.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалГолманот на Ирска одби да игра против Израел- Ирците мораа да се снаоѓаат Подготовките на Ирска за вечервашниот натпревар од Лигата на нации против Израел добија уште едно необично продолжување. Дефанзивецот Џими Дан е именуван за еден од двајцата резервни голмани на Ирска откако Гевин Базуну одби да игра против Израел и се откажа од репрезентацијата. Натпреварот ќе се игра од 20:45 часот во Дебрецен, Унгарија. Според правилата на УЕФА, националните тимови мора да регистрираат три голмани за натпреварите од Лигата на нации. По заминувањето на Базуну, Ирска остана без еден од нив, па Дан, вообичаено дефанзивец, доби улога на резервен голман во списокот со голмани. Се дебатираше дали ќе излезат на теренот Во саботата, ирската репрезентација дебатираше неколку часа дали воопшто ќе излезе на теренот против Израел. Тимот не се појави на закажаниот утрински тренинг, а прес-конференцијата беше одложена додека играчите разговараа за можен бојкот на натпреварот во хотелот. За време на состанокот, Базуну му рече на селекторот Хајмир Халгримсон дека не сака да игра и ја напушти репрезентацијата. „Донесов одлука што не ја донесов лесно. Мислам дека би било погрешно да учествувам во овој натпревар“, објасни ирскиот голман. Потоа гласаа останатите од тимот, а извршниот директор на Ирската фудбалска асоцијација, Дејвид Курел, рече дека „значајно мнозинство“ е за играње на натпреварот. Нема да има ракувања Ирците сепак ќе играат, но одлучија да не се ракуваат со израелските фудбалери и членовите на нивниот тренерски штаб пред натпреварот. Тие ќе излезат на теренот со црни ленти во спомен на загинатите во конфликтот, а до крајот на репрезентативниот циклус нема да вршат никакви медиумски обврски. Играчите и асоцијацијата, исто така, најавија хуманитарна донација, која ќе ги вклучува нивните хонорари за натпреварот и дел од приходите од претстојниот натпревар со Австрија. По одлуката дека натпреварот ќе се игра, Израелската фудбалска асоцијација соопшти дека „фудбалот победи“. Неговиот портпарол Шломи Барзел рече дека израелските играчи сепак ќе им понудат ракување на Ирците пред натпреварот, иако знаат дека другата страна нема намера да учествува во тој дел од протоколот. Ова ќе биде првата натпреварувачка средба меѓу Ирска и Израел од 2005 година. Реваншот е закажан за 4 октомври, но нема да се игра во Даблин, туку во Бачка Топола во Србија и без публика. Ирската фудбалска федерација претходно одлучи да не продава билети на своите навивачи за ниту еден од двата натпревари против Израел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
СветПресврт во Венецуела: Се ослободуваат политичките затвореници по средбата на Трамп со Делси Родригез (ВИДЕО)Групите за човекови права во Венецуела соопштија дека значителен број политички затвореници се ослободени во јужноамериканската земја, иако вкупниот број на ослободени лица сè уште не е утврден.Ослободувањето на затворениците следеше по состанокот меѓу привремената претседателка на земјата, Делси Родригез, и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се одржа минатата недела на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објавува АП. Во говорот пред ОН, Родригез рече дека Венецуела, чија влада често е обвинувана за затворање дисиденти, кражба на избори и потиснување на слободата на говорот, „започна процес на демократска трансформација“. Во објава на платформата X, венецуелската организација за човекови права Clippve соопшти дека седум политички затвореници се ослободени од затвор во предградието на Каракас вчера наутро, вклучувајќи го и Валдер Васкез, студент кој беше осуден на пет години затвор за учество во заговор за атентат врз поранешниот претседател Николас Мадуро во 2018 година. Васкез долго време тврдеше дека е невин, а неговата казна истекува во 2023 година. Друга група за човекови права, Justicia Encuentro y Perdon, соопшти дека вчера од венецуелските затвори биле ослободени 29 лица, вклучувајќи 12 затвореници на нејзиниот список на политички затвореници. „Седумнаесет од ослободените не беа во нашата база на податоци за политички затвореници. Нашиот тим продолжува да ги проверува информациите за да го ажурира нашиот регистар“, соопшти групата. Венецуелската влада не издаде никаква изјава во врска со ослободувањето на затворениците. Администрацијата на Делски Родригез негира дека Венецуела затвора дисиденти, но вели дека се прават напори за ослободување на луѓе кои биле под истрага или осудени за кривични дела, вклучително и напади врз државни институции, како дел од напорите за поттикнување на национално помирување. 🇺🇸🇻🇪 ÚLTIMA HORA: Donald Trump dice que habló con Delcy Rodríguez sobre elecciones en Venezuela durante su reunión en Nueva York: “Es muy amable y fantástica”. “Venezuela está ganando mucho dinero ahora para su gente, realmente algo grandioso”. https://t.co/aey59toy7e — Alerta Mundial (@AlertaMundoNews) September 26, 2026 Стотици луѓе се ослободени од венецуелските затвори откако соборениот претседател на земјата, Николас Мадуро, беше заробен во јануари за време на американската воена операција и однесен во Њујорк, каде што се соочува со обвиненија за трговија со дрога. Групите за човекови права велат дека Венецуела сè уште држи околу 450 политички затвореници, вклучувајќи 20 странци. Најмалку 1.800 луѓе се уапсени во Венецуела во репресиите по претседателските избори во 2024 година, за кои Мадуро беше обвинет за местење и кои САД не ги признаа, а десетици опозициски активисти се префрлија во илегала за да избегнат апсење, додека некои избегаа од земјата, вклучувајќи ја и лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, која тајно ја напушти Венецуела минатата година за да ја прими Нобеловата награда за мир. Администрацијата на Делси Родригез се закани дека ќе ја уапси Мачадо ако се врати.Тагови: Венецуела Делси Родригез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку!Од Брвеница почнува промената на власта на Мицкоски и ВМРО, граѓаните на локалните избори ќе испратат јасна порака до власта што ја изигра нивната доверба, ќе имаат еден градоначалник помалку.Од Брвеница почнува промената на власта на Мицкоски и ВМРО, граѓаните на локалните избори ќе испратат јасна порака до власта што ја изигра нивната доверба, ќе имаат еден градоначалник помалку, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вечерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница. „Од Брвеница почнува промена на ненародната и криминална власт на Мицкоски и ВМРО. На овие локални избори граѓаните ќе го кажат својот збор. ВМРО да бидат поразени и да имаат еден градоначалник помалку“, истакна Филипче. Власта ги изневери очекувањата на граѓаните и на локално и на централно ниво. Работниците едвај ги покриваат основните потреби, пензионерите се излажани, а земјоделците се оставени на цедило, нагласи тој. „Го излажаа народот и ја изиграа довербата што им ја дадоа луѓето и на локално и на централно ниво“, рече Филипче. Промената што ја нуди СДСМ во Брвеница значи конкретни решенија за секојдневните проблеми. Програмата на Јовица предвидува обновување и проширување на водоводната мрежа, решавање на проблемот со вода во Гургурница, пречистителна станица за Милетино, Челопек, Брвеница и Долно Седларце, како и реконструкција на улиците, локалните патишта и проширување на мостовите. Меѓу приоритетите се агроиндустриска зона за преработка и постабилен пласман, можности за нови работни места, подобри услови во училиштата, дом на култура во Брвеница, дом за стари лица во Челопек и расчистување на дивите депонии. „Јовица е чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во Брвеница“, истакна Филипче и порача дека достапноста и одговорноста за сработеното се обврски кон секој граѓанин. „Јовица, граѓаните со право ќе очекуваат да бидеш достапен и да одговараш за сработеното. Тоа е обврската што сите ние ја преземаме пред нив. Така ќе покажеме дека постои поинаков начин на управување“, рече тој. ВМРО ќе биде победено во Брвеница, а победата ќе биде заработена со работа меѓу луѓето и со доверба потврдена на изборниот ден, порача Филипче. „Нашата сила ќе ја покажеме со доверба заработена меѓу луѓето и со гласови на изборниот ден. Повеќе гласови во Брвеница ќе значи една општина помалку под управување на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи тој. Филипче ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги поддржат Јовица и неговата програма. „На разочарувањето да одговориме со учество. На обидите за поделба — со заедничка работа. На власта што заборави кому му служи — со јасна демократска порака на гласачкото место дека ова ќе биде нивни пораз во Брвеница“, порача Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook