Иран е подготвен за дијалог, но ќе се брани ако биде нападнат, вели мисијата на Исламската Република - Канал 5

Иран е подготвен за дијалог, но ќе се брани ако биде нападнат, вели мисијата на Исламската Република

Иран е подготвен за разговори со САД, но ќе се брани ако биде испровоциран, соопшти мисијата на Техеран во Обединетите нации.

Иран е подготвен за дијалог, но ќе се брани ако биде нападнат, вели мисијата на Исламската Република

„Иран е подготвен за дијалог заснован на меѓусебно почитување и интереси, но доколку биде принуден, ќе се одбрани и ќе одговори како никогаш досега„, се вели во објавата на „Х“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.

Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“.

Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.

Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.

Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.

Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.

Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.

Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Во петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 морков

1 главица кромид

400 мл. доматно пире

400 гр. мелено месо

3 чешниња лук

3 лажици маслиново масло

половина чаша црвено вино

100 гр. пармезан

сол, бибер и босилок

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер