Ирачките сили со солзавец ги растеруваат илјадниците демонстранти во Багдад, 42 загинати за два дена (ВИДЕО)

Втор ден по ред ирачките безбедносни сили фрлаат солзавец по демоинстрантите во Багдад , кои протестираат против актуелната влада.

Вчера најмалку 42 лица загинаа во протести во различни делови на Ирак. Тие протесртираат против корупцијата и економските тешкотии со кои се соочува земјата, рече Али ал-Бајати, член на независниот ирачки висок комесаријат за човекови права.

Денеска стотици демонстранти се обидоа да ги пробијат блокадите на патиштата поставени од безбедносните сили во близина на мостот Џумари во центарот на градот.

„Демонстрантите се обидоа да влезат во Зелената зона, но беа спречени со солзавец фрлен врз нив од страна на припадниците на безбедносните сили“, рече очевидец.

Во меѓувреме, демонстрантите подигнаа шатори на централниот плоштад во Багдад , Тахрир, кој е епицентар на протестот.

Демонстрантите излегоа на улиците и во другите делови на Ирак, лути поради празните ветувања за реформи што ги објави владата по слични демонстрации на почетокот на овој месец.

Вчера стапи на сила полициски час во седум провинции во јужен Ирак, по насилните протести.

Дедо од 110 години, не знае за болки во грбот и дели совети за долговечност!

Винсент Дренсфилд доживеал длабока старост и никогаш немал поголеми здравствени проблеми, тој секој ден вози автомобил.

Вообичаено е некој што доживеал длабока старост да лежи дома или евентуално да прошета до блискиот парк под будното око на најблиските. Меѓутоа, дали сте виделе некој самостојно да вози автомобил на 110 години? Винсент Дренсфилд е роден во 1914 година и со 110 години е осмиот најстар човек на светот. Овој старец неодамна откри како сè уште „успева да направи сè сам“, како и тоа дека живее сам во својот дом во Њу Џерси во последните 79 години.

Според „Тудеј“, овој стогодишен старец речиси цел живот немал поголеми здравствени проблеми, срцеви проблеми или рак, и дека само два пати бил под анестезија. Неговата внука Ерика Лист открива дека нејзиниот дедо нема ни болки во грбот ниту обична главоболка.

Зад сето тоа, како што открива тој, стои активниот социјален живот, многу движење и урамнотежена исхрана. Покрај тоа, тој сподели кои навики му помогнале да доживее длабока старост.

Секој ден пие млеко

Дренсфилд изјавил дека темелите за долг живот ги поставил уште во детството, за време на Големата депресија, кога како 15-годишно момче работел на фарма за крави, доставувајќи млеко.

Тоа што секојдневно пиел млеко смета дека е добар почеток за зачувување на коските. Според него, кравјото млеко е богато со протеини и помага во одржување на мускулната маса на постара возраст, наведува businessinsider.com. Овој стогодишник и ден-денес ужива да пие млеко, а на прославата на својот стоти роденден, овој напиток им го понудил на гостите.

Јаде што сака, дури и слатки

Овој старец има урамнотежена исхрана и претпочита медитеранска исхрана која е богата со посни протеини. Неговите прехранбени навики се флексибилни, па како и секој од нас, знае да изеде и хамбургер, чоколада и слатки. Покрај тоа, тој јаде храна и од микробранова печка, како и онаа од локалните ресторани.

Внуката на Винсент открива дека тој никогаш немал проблем со килограмите и секогаш јадел што сака бидејќи бил во одлична форма.

Секогаш учи нешто ново

Долговечноста е поврзана со уживањето да се учат нови работи. Несомнено, пензионирањето со себе носи побрзо опаѓање. Дренсфилд отсекогаш сакал да работи, дури и на 60 години. Тој се пензионирал во доцните 70-ти по барање на неговата сопруга.

Активен е дури и кога не работи

Виталниот старец е активен сите овие децении иако никогаш не вежбал во сала. Домашните работи ги извршува сам, редовно оди на долги прошетки и прави лесни вежби. Волонтерската работа со неговиот противпожарен оддел, која ја започнал на 21-годишна возраст, го одржувала во движење сите овие години.

Го одржува својот социјален живот

Иако на многумина им звучи чудно, експертите истакнуваат дека една од универзалните тајни на долговечноста е активниот социјален живот и добрите односи со луѓето. Иако сопругата на Дренсфилд починала во 1992 година, тој сè уште одржува контакти со семејството: единственото дете, трите внуци и седумте правнуци.

Тој истакнува дека внуците го посетуваат неделно и секојдневно му се јавуваат да видат како е. Винсент одржува добри односи и со пријателите од пожарникарското здружение кои му биле утеха по смртта на неговата сопруга. Овој старец своето добро здравје го припишува на блиските релации.

– Познавањето на луѓето и љубовта кон нив прави да живеам подолго – истакнува тој, а пренесува bussinesinsider.com.

Природен ботокс за кој инфлуенсерките тврдат дека „врши работа“!

Ако сакате да избегнете инјекции или други естетски корекции за да го подобрите изгледот на вашата кожа и да го затегнете лицето, пробајте го ова!

Убавото и затегнато лице како да сте во своите 20-ти години стана тренд во последните децении и нешто што се подразбира, па многу луѓе одлучуваат макар на кратко да се „спротивставуваат“ на стареењето и да ги „запрат“ годините така што се подложуваат на козметички корекции.

Доколку сте меѓу оние дами кои сепак преферираат природна нега и достојно ги носат своите години, имаме решение.

Имено, некои „инфлуенсерки“ на Тикток тврдат дека кората од банана прави чуда така што го затегнува нивното лице и му дава сјај. Шминкерката Кејти Џејн Хјуз од Њујорк, објави видео во кое го испробува овој тренд со цел да го покаже природниот ефект од кората на банана, а тоа наиде на одличен одѕив меѓу лицата што ја следат на Тикток, за ова пишуваше Дејли меил.

@katiejanehughes Banana skin facial #bananas #fyp #BananaSkin #ViralHack #Skincare #Natural #WhyNot #TryThis#funny #itworks ♬ original sound - Katiejanehughes

Таа во видеото наведува дека овој третман позитивно влијае на нејзиното лице. Со внатрешноста на кора од банана Кејти го масира лицето и остава да делува околу 10-тина минути, а потоа го мие. Кејти Џејн Хјуз изјавила дека ова е еден од најевтините производи кои можете да ги користите и дека по примената на овој третман, нејзиното лице буквално блеска, кожата ѝ е мека на допир, а порите значително се намалени. Исто така, вели дека попрво би користела кора од банана како третман наместо ботокс или хијалурон.

Официјалната потврда од дерматолозите засега нема, туку сè се сведува на лични искуства.

- Ова ме враќа во деновите кога сокот од лимон се користеше за осветлување на кожата.

- Ова го правам секое утро и ова ѝ годи на мојата кожа.

- Со тоа, исто така, може да ги премачкате и чевлите, ќе блескаат.

- Ова го пробав кога бев помлада и кај мене имаше лоша реакција - беа дел од коментарите.

Многу корисници потврдија дека тие лично или некој од нивното семејство го користеле овој третман, истакнувајќи дека бананата има слични ензими како папајата и може да ја измазни и затегне кожата. Една корисничка изјавила дека нејзината баба навечер користела јајце за лицето, а наутро банана или манго, нагласувајќи дека нејзината баба има одлично негувано лице.

Марија решила да пушти брада и станала позната низ цел свет, сопругот ја поддржува (ВИДЕО)

Марија да Консеисао (47) решила да ги остави предрасудите на страна.

Со текот на времето, таа станала популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.

На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадеста), а претходно открива дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што пати од вишок тестостерон“, пренесува Лакале Блу радио.

„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско кај нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ми ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјавила Марија од Бразил.

Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ја бричи брадата и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.

Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години. Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил нејзината одлука.

Покрај тоа, тој поттикнал да биде активна на социјалните мрежи. Неговата сопруга е многу активна на мрежите и се обидува да испрати силна порака до луѓето - сакајте се такви какви што сте.

притисни ентер