Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотИпсос: Во светот најголема доверба има во лекарите, научниците и професоритеВо светот најголема доверба има во лекарите, научниците и професорите, политичарите се на дното.Глобалниот индекс на доверба (ГИД) на Ипсос го прикажа нивото на доверба во многу видови професии од 2018 година наваму, обезбедувајќи споредби меѓу светот пред пандемијата и местото каде сме во моментов. На 28 пазари низ целиот свет, просечно 64 отсто од анкетираните сметаат дека лекарите се сметаат за доверливи, а потоа следуваат научниците со 61 отсто и наставниците со 55 отсто. Истражувањето покажува дека само 10 отсто од анкетираните веруваат дека треба да им се верува на политичарите, 14 отсто го велат истото за владините министри и 15 отсто за менаџерите на рекламните агенции. Иако позициите на многу професии само малку се изместија во последните неколку години, едно значајно влијание за време на пандемијата беше зголемувањето на угледот на лекарите со тоа што тие се кренаа над научниците, кои дотогаш, во претходните истражувања, беа водечка професија. Во просек, речиси две третини од анкетираните во 22 земји лекарите ги оценија како доверливи (64 отсто), што претставува зголемување од седум проценти во однос на 2019 година и девет проценти над нивните резултати во септември 2018 година. Спротивно на ова, процентот за научниците остана на околу шест од десет анкетирани со висока доверба во сите три години (61 отсто во 2021 година). Обединетото Кралство е светски лидер во довербата кон лекарите, со 72 отсто што им веруваат, и овој процент малку се зголеми од 2018 година. (67 отсто). На истиот начин, во лекарите голема доверба имаат и Холанѓаните (71 отсто) и Канаѓаните (70 отсто). Сепак, најголемите промени во довербата кај лекарите во последните неколку години се забележани на друго место: Во Унгарија и Чиле, процентот на лекарите на кои им се верува е зголемен за 19 процентни поени меѓу 2019 и 2021 година. Во истиот период, исто така, имаше голем раст во Саудиска Арабија (+17 поени), Полска (+12 поени), Бразил и Русија (со по +10 поени). Постојат земји, меѓутоа, кои се уште се помалку наклонети да им веруваат на лекарите. Јужнокорејците имаат најмалку доверба – само 38 отсто, но тоа е зголемување за десет процентни поени од 2018 година. Јапонците се втори со најмала доверба кон лекарите до 52 отсто, но има зголемување од 13 процентни поени во споредба со студијата пред пандемијата, во 2019 година. Иако овие оценки се се уште ниски според светските стандарди, треба да се забележи дека ова се должи на фактот што многумина даваат просечна оценка, место да ги сметаат лекарите за недоверливи. Мексико е единствената земја што регистрира пад на довербата во лекарите меѓу 2019 и 2021 година, со доверба од 71 на 66 отсто Многу други професии остануваат на слично ниво со оние снимени пред пандемијата, вклучувајќи ги и политичарите што се на дното на листата за сите три години. Оваа година, само десет проценти во просек гледаат на политиката како на доверлива професија. Професорите трета година по ред остануваат трета професија со најголема доверба, при што 55 отсто ги оценуваат како доверливи. Како и кај научниците, во многу земји резултатите од довербата во професорите малку се сменети за време на пандемијата, но меѓу 2019 и 2021 година се зголемила довербата од 16 процентни поени кај оние во Саудиска Арабија, како и девет поени во Унгарија и Јапонија. Во истиот период, перцепцијата за сигурност се подобри во Малезија (+ осум поени), Италија и Јужна Африка (+ шест поени), додека тие се намалија во САД (- шест поени) и Аргентина (- пет поени).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook