Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
2Драма на Јамал по натпореварот: Додека прославуваше пласман во финалето, крадци ја нападнаа вилата што ја купи пред Мундијалот
3Отпадна од Мундијалот, па за милион долари си изнајми јахта со девојка за „жежок“ танц- Бразилците бесни (ФОТО)
ФудбалИнзаги по ремито со Барселона: Можевме дури и да победимеТренерот на Интер, Симоне Инзаги, е задоволен од изданието на неговиот тим на натпреварот со Барселона синоќа во полуфиналето на Лигата на шампионите.„Нероазурите“ одиграа 3:3, а водеа со 2:0 и 3:2. - Видовме фантастичен натпревар и знаевме колку е тешко полуфиналето. Можеме дури и да победиме денес. Навистина ми се допадна влијанието на нашите замени врз играта денес. Навивачите на Интер знаат дека во овој тежок момент дадовме максимум. Имавме одлични моменти, но имаше и опасности кон нашиот гол. Се соочивме со одличен тим на гостински терен. Реваншот во Милано ќе биде еден вид финале, изјави Инзаги. Возвратниот натпревар тимовите ќе го одиграат во Милано во вторник на 6 мај. Во другата полуфинална двојка од елитното фудбалско натпреварување, ПСЖ има предност од 1:0 против Арсенал по првиот дуел.Тагови: Интер Милано Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
ТенисНаскоро пристигнува филм за Новак Ѓоковиќ, се огласи и Бекер (ВИДЕО)Можат ли сите достигнувања на Новак Ѓоковиќ да се вклопат во само неколку минути, часови, епизоди? Никако! Но, фановите ширум светот ќе можат да видат како изгледал патот до славата на најдобриот тенисер на сите времиња, кој ја стави Србија на светската мапа и ѝ донесе на нашата нација многу радости. Филмот „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“ доаѓа наскоро, а трејлерот за документарецот е објавен. Се очекува дека ќе можеме да го видиме патувањето на Ѓоковиќ од момче „под бомби“ и санкции до најголем во историјата. Документарецот ќе биде достапен од 20 август, кога целиот свет ќе има можност да чуе и да види како се станува вистински шампион. Поранешниот тренер на Новак, познатиот тенисер Борис Бекер, исто така одговори, и накратко коментираше на најавата за филмот: - Едвај чекам да го гледам „ The Wolf in Winter“ - рече Бекер. Can‘t wait to watch it ! „The Wolf in winter „ https://t.co/UlmHt08TnJ — Boris Becker (@TheBorisBecker) July 14, 2026 Тагови: Борис Бекер Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЧетиринаесет годишник во Лондон е обвинет за тероризам- планирал напади на џамииЧетиринаесетгодишно момче е обвинето за тероризам под сомнение за планирање напади врз две лондонски џамии.Тинејџерот, кој е приведен минатиот четврток, 9 јули, во јужен Лондон, првично беше уапсен под сомнение за оштетување на возило, но по претресот полицијата пронајде „голем број загрижувачки документи“. Затоа беше повторно уапсен според Законот за тероризам под сомнение за врски со крајно десничарски тероризам, пишува Скај њуз. Момчето, чиј идентитет не може да се открие поради неговата возраст, сега е обвинето за планирање терористички напади во областа Сатон во јужен Лондон. Тој е обвинет и за кривично дело оштетување на имот што било „расно мотивирано“. Полицијата објави дека обвинението за тероризам се однесува на план за напад врз две џамии во областа Сатон. „Полицијата контактирала со џамиите, а специјализирани службеници им даваат постојани совети и поддршка. Исто така, сме во контакт со жртвата чие возило беше оштетено“, се наведува во соопштението за медиумите. Портпаролот на полицијата додаде дека не се верува дека постои трајна или поширока закана поврзана со овој случај и дека не се бараат други лица како дел од истрагата. „Загрижувачки е да се види некој толку млад обвинет за вакви злосторства“ „Ова е многу сериозно обвинение за тероризам против младо момче и веројатно ќе биде од голема загриженост за јавноста и локалната заедница“, рече Хелен Фланаган, началник на полицијата за борба против тероризмот во Лондон. „Знаеме дека ова ќе биде од особена загриженост за муслиманската заедница. Тесно соработуваме со засегнатите имоти за да се осигураме дека ќе ги добијат сите информации и совети, поддршка и уверување што им се потребни, и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Фланаган. „Иако е длабоко вознемирувачки да се види дека некој толку млад е обвинет за вакви злосторства, за жал гледаме зголемен број деца и млади луѓе во нашите случаи“, додаде таа. Малолетникот е приведен во притвор и утре треба да се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер.Тагови: Лондон џамии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц им се обрати на гласачите на АфД пред важните избори: Не им верувајте на социјалните мрежиГерманскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика поддржувачите на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) да ја оценуваат неговата влада според тоа што го прави, пред изборите во септември.Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика поддржувачите на крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) да ја оценуваат неговата влада според тоа што го прави, пред изборите во септември, кои би можеле да ја доведат AфД на регионална власт за прв пат. „Исто така, им се обраќам на гласачите на AfD и им велам внимателно да разгледаат“, рече Мерц на прес-конференција, повикувајќи ги гласачите да бараат информации и надвор од социјалните медиуми. „Се обидуваме да ја зачуваме слободата и мирот на оваа земја. Се обидуваме да ја подобриме и економската состојба.“ AfD би можела да ја преземе власта за прв пат Во расцепканиот домашен политички пејзаж, конзервативците на Мерц заостануваат зад AfD на националните анкети и се соочуваат со можноста AfD да освои мнозинство во септември и евентуално да ја преземе власта во источната покраина Саксонија-Анхалт. На 90-минутната прес-конференција во Берлин, Мерц ги пофали резултатите на неговата влада во спроведувањето реформи насочени кон зголемување на растот во најголемата економија во Европа, но постојано се соочуваше со прашања за AfD. „Она што го правиме денес, го правиме за нашата земја, а пред сè го правиме за да им дадеме можност на нашите деца и внуци да живеат исто толку добро, слободно и мирно како што имавме голема привилегија да живееме во Германија во текот на изминатите 70, 75 или 80 години“, рече тој. Мерц повтори дека неговата партија нема да го пробие таканаречениот „заштитен ѕид“ - табуто за коалиции или соработка на главните партии со АфД.Тагови: АфД Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook