Инвеститори бараат да биде донесен ДУП-от во О.Карпош кој со години e заглавен

Иако сите политички партии декларативно се залагаат за владеење на правото, правна сигурност на граѓаните и инвеститорите, сепак во пракса го покажуваат сосема спротивното, кршејќи ги уставните и законски обврски, вели бизнисменот Зоран Азманов.

Иако сите политички партии декларативно се залагаат за владеење на правото, правна сигурност на граѓаните и инвеститорите, сепак во пракса го покажуваат сосема спротивното, кршејќи ги уставните и законски обврски, вели бизнисменот Зоран Азманов, кој како што кажа, со години чека советниците на Карпош да донесат ДУП за кој уставен им дал шест месечен рок. Вели, додека секојдневно и поголемите и помалите партии говорат за правна држава, нивните советници во Општината не ги исполнуваат обврските од законот за урбанистичко планирање, а со тоа го газат и правото на сопственост на граѓаните и инвеститорите...

-Владеење на правото и владеење на законите треба да се воспостави, а на терен обратно се работи. Законот и Уставот многу добро прецизирале, во случај кога се укинува еден ДУП, законот предвидел дека во рок од 6 месеци мора да се донесе истиот ДУП и да се отстранат сите неправилности кои биле направени во укинатиот дуп. Уставот и законот го наложува тоа, советниците во О. Карпош, не почитуваат ни закон ни устав ни регулатива. Не може од една страна да зборат за владеење на правото без разлика дали се позиција или опозиција, а од друга страна вика ние нема да донесеме нов ДУП. Како тоа ние нема да донесеме нов ДУП? Нивна обврска е да го почитуваат законот.- - Зоран Азманов – Бизнисмен.

Азманов вели нетрпението кај дел од инвеститорите расте, бидејќи, како што кажа, незаконското непостапување на советот и општината му предизвикуваат штети. Доколку во најкраток можен рок не почне спроведувањето на законот и носењето на дуповите кои веќе со години се заглавени, тогаш најави дека ќе ја тужи општината за отштета, а потоа ќе барал кривична одговорност од советниците, но и од градоначалникот...

Во спротивно јас ќе ја тужам општината, ќе добијам најверојатно оштета ако постои правна држава и владеење на правото, бидејќи јас сум оштетен, сум ја купил маркицата, сум ја купил земјата со маркица, се укинува, не се донесува нов дуп и нормално дека Настел мора да биде обештетен за тоа што го платил и за изгубената добит. Кој ја прави штетата? Советниците и градоначалникот и за тоа е предвидено во законот и кривична одговорност и за советниците и за градоначалникот.

Азманов веќе шест години чека да се донесе ДУП-от во Тафталиџе еден за да може да ја заврши зградата која ја изгради пред Уставен да донесе одлука за укинување на дуповите. Едниот дел од зградата го огрубува просторот бидејќи е со калкан, додека пак останатиот простор од 2540м2 кој бизнисменот го купил со дозвола за градење, а е заглавен во советот, има градежно земјиште од 600м2, а останатото е предвидено за парк и зеленило и игралишта, посочи тој.

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа

Хамас  соопшти дека го добил официјалниот одговор од Израел на последниот предлог за прекин на огнот и дека ќе го проучи пред да го достави својот одговор, се вели во изјавата на заменик-шефот на палестинската паравоена група во Газа.

„Добивме официјален одговор од ционистичката окупација за предлогот што им беше претставен на египетските и катарските посредници на 13 април“, рече Халил Ал Хаја, кој моментално се наоѓа во Катар, во соопштението објавено од групата.

По повеќе од шест месеци војна во Газа, преговорите остануваат во ќорсокак, при што Хамас се држи до своите барања дека каков било договор мора да стави крај на војната.

Египетска делегација вчера го посети Израел заради разговори со израелски официјални лица, барајќи начин за повторно започнување на разговорите за ставање крај на конфликтот и враќање на преостанатите заложници земени кога борците на Хамас упаднаа во израелските градови на 7 октомври, изјави официјален претставник запознаен со разговорите, пренесува Тајмс оф Израел. Неименуваниот официјален претставник рече дека Израел нема нови предлози, иако е подготвен да размисли за ограничено примирје во кое Хамас ќе ослободи 33 заложници, наместо 40, за кои претходно се дискутираше.

Во четвртокот, САД и 17 други земји го повикаа Хамас да ги ослободи сите заложници како начин да се стави крај на кризата.

Хамас вети дека нема да попушти пред меѓународниот притисок, но во вчерашната изјава наведе дека е „отворен за какви било идеи или предлози кои ги земаат предвид потребите и правата на Палестинците“.

Сепак, Хамас остана на своите клучни барања кои Израел ги отфрли и ја критикуваше заедничката изјава на САД и другите затоа што не повикуваат на траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, вчера изјави дека гледа нов моментум во разговорите за ставање крај на војната и враќање на преостанатите заложници.

Според двајца неименувани официјални претставници, Израел вчера им кажал на египетските посредници дека е подготвен да им даде на разговорите за заложниците „последна шанса“ за постигнување договор со Хамас пред да започне инвазијата на Рафа, последното засолниште за околу милион Палестинци кои претходно побегнаа од израелските сили од северните и централните делови на енклавата.

На 7 октомври минатата година, палестинската милитантна група Хамас, која во ЕУ и САД е прогласена за терористичка, изврши ракетен напад, а потоа и упад на југот на Израел, кога уби околу 1.200 луѓе, а повеќе од 200 зеде за заложници.

По нападот на Хамас, Израел воведе блокада на Појасот Газа и започна воена операција, во која, според последните податоци на здравствените власти во Газа убиени се најмалку 34.356 Палестинци, главно цивили, а 77.368 се повредени.

Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани

Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража ....

Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за Кочани за проекти, продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, реконструкција на железничката линија Кочани до Велес, изградба на катна гаража и старечки Дом.

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот.

Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети.

Само за Кочани планираме да одвоиме 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.

И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар.

Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта.

Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

На ФЕИТ финале на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и ВИ - RoboMac 2024

 Финалето на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција - RoboMac 2024, ќе се одржи денеска во 17 часот во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 12-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.

Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.

притисни ентер