Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
СветИнтимна дилема на новата генерација Иранки – „Не сакам дете во ваков свет“Од техеранските улици до разговори во кафулињата доцна во ноќта во Шираз, па дури и во далечните села во Хорасан, меѓу новата генерација Иранки сè погласно се јавува прашањето: „Дали морам да станам мајка?“ Ова едноставно прашање крие многу повеќе од одлуката за раѓање деца - покренува дилема за начинот на живот, личната слобода, женскиот идентитет и насоката во која се движи земјата, особено сега, кога целиот регион се соочува со нов бран на нестабилност поради војната на Блискиот Исток. Економијата е проблем, но не е единствен Економската состојба во Иран и понатаму останува исклучително тешка: инфлацијата е висока, трошоците за станување - недостижни, а безбедноста на работното место е сè полоша. Просечната возраст за влегување во брак расте, додека стапката на пораст на населението падна на најниско ниво за половина век. Војната на Блискиот Исток дополнително го засилува чувството на небезбедност. Многу млади парови, и оние образованите и финансиски стабилни, велат дека неизвесноста во регионот дополнително ги оддалечува од идејата за родителство. „Како да планирате дете кога не знаете каков ќе биде светот за пет години?“ сè почесто се слуша во иранските градови. Слобода или мајчинство „Ги сакам децата, но да имам свои? Не. Тоа нема да бидам јас. Не би можела да патувам, да читам до доцна или да учам нови работи“, вели Сахар, 35-годишна професорка од Исфахан, за Агенцијата Вана. Чувството не е невообичаено - а сега, покрај личните причини, се надоврзува и политичката тензија. За постарите генерации, семејството значеше безбедност, чест и стабилност. Денес, среде социјални и регионални тензии, семејните обврски за многу млади луѓе се дополнителен товар. Многу парови стравуваат дека родителството во нестабилни времиња може да биде извор на дополнителна грижа, а не заштита. Наргес, информатичарка од Техеран, вели: „Мајка ми секогаш ме прашува кога ќе имам дете. Но, никој не ме прашува дали сакам дете во свет кој од ден на ден е сè помалку безбеден.“ Закони постојат, но само на хартија Иран воведе низа мерки за поттикнување на наталитетот во последниве години, но нивното спроведување е слабо. Придонесите за мајчинство се одложуваат, градинките се премногу скапи, а работодавците често избегнуваат да вработуваат мажени жени или мајки. Во време на регионален конфликт и економски санкции, системот за поддршка на семејството е уште покревок. Многу ирански жени велат дека мајчинството би значело изолација, губење на независноста и дополнителен стрес во земја каде што секојдневниот живот е веќе оптоварен со политичка и економска нестабилност. Искуства на други земји Другите земји, како што се Узбекистан и Јапонија, се обидоа да одговорат на демографските предизвици со системски инвестиции. Покрај градинките, флексибилното работно време и реална финансиска поддршка, тие го променија и културниот став кон семејството. Но, експертите предупредуваат: големи демографски промени тешко се постигнуваат во средина на постојана регионална нестабилност. Војните, санкциите и политичките тензии силно влијаат врз одлуките за родителството - не само во Иран, туку и низ целиот свет. Што може да направи Иран? Прашањето можеби не е само „што треба да направи Иран“, туку и што воопшто може да се промени додека земјата се наоѓа во осетлива геополитичка ситуација. За родителството повторно да стане реална и привлечна опција, потребно е да се редефинира мајчинството така што тоа не би значело губење на слободата, да се обезбеди реална поддршка за двајцата родители, а не само симболична, да се понудат постабилни услови за работа и живот, да се инвестира во градинки и безбедносни мрежи и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите. Но, сите овие мерки веројатно нема да бидат ефикасни ако жените продолжат да чувствуваат дека мајчинството би значело губење на нивниот личен идентитет и на контролата врз нивните животи - особено во време на политички тензии и војна. Иран денес се соочува не само со економска криза, туку и со подлабоко прашање за смислата довербата. Одлуката за немањето деца, иако лична, стана одраз на колективен страв и несигурност. Ако овој аларм се сфати сериозно, тој би можел да го означи почетокот на ново, похумано разбирање на семејството во современата ера - но дури кога ќе се создадат услови во кои родителството повторно ќе делува како избор, а не како товар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометШампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна. Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот 7 на 6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23. Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, шест даде Да Силва, четири Фадуил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter