Интервју со Антонио Милошоски: Следната недела ВМРО ДПМНЕ официјално ќе ги почне преговорите со ДУИ за состав на влада

- Не планираме да формираме влада по секоја цена, особено не по цена на менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена особено не за воведување двојазичност на територијата на државата - вели Милошоски во интервју за Канал 5. До каде се преговорите, зошто партијата бара десоросоизација. На овие и на други прашања Елизабета Галевска разговара со Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

- Не планираме да формираме влада по секоја цена. особено не по цена на менување на Уставот. Нема да го менуваме Уставот по никоја цена особено не за воведување двојазичност на територијата на државата. СЈО во изминатиот период видовме колку е политизирано. Мандатот и надлежноста на СЈО ќе ги испочитуваме но нема да влегуваме во политички инжињеринг. Очекувавме дека спротивставените позиции по овие прашања со ДУИ може да претставуваат отежнувачки фактор во формирањето влада. Очекувам во текот на следната недела ВМРО ДПМНЕ официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова влада. Дали ќе успееме ќе се знае на истекот од законскиот рок - 29 јануари.

Милошоски вели дека зачудува тоа што изминатите две недели СДСМ имаат став за загадувањето, увозот на струја и други прашања но не и за главната тема - Платформата на албанските партии. Партијата на Заев преку свои експерти праќа сигнал дека за нив е се прифатливо само да дојдат на власт - вели Милошоски.

Што вели Милошоски поопширно на овие теми, и зошто ВМРО ДПМНЕ бара десоросоизација - на овие и на други прашања Елизабета Галевска разговара со Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Интервјуто погледнете го во видеото.


Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер