Според Спутник, внатрешните правила на Интерпол не овозможуваат да се задоволи барањето на судските власти на Иран, бидејќи на организацијата и е забрането „да се меша и да извршува дејства од политички, воен, верски или расен карактер“.
Треба да се потсети дека Соединетите држави го ликвидираа Сулејмани, генерал на Исламската револуционерна гарда, во напад врз Багдад. Иран , за да возврати , испука ракети кон ирачката база каде биле сместени американските трупи.
Првично, американскиот претседател Доналд Трамп и раководството на Пентагон објавија дека никој не е убиен во нападот на иранските сили во база во Ирак..
Сепак, по неколку дена, американската армија беше принудена да признае дека има жртви, чиј број постепено се зголемуваше и достигна 11.